Прејди на содржината

Лична слугинка (жени)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Личната слугинка за жени е личен прислужник на дами.

Во описот на ова работно место спаѓа одржување на дамската гардероба и придружните нешта, како и експертиза во везење и фризерство. Порано господарката ја ословувала својата лична слугинка по нејзиното презиме, додека денеска таа би била ословувана по личното име.

Оваа работа подразбирала посветеност и потенцијално долго работно време; некои жени барале од своите лични слугинки да ги причекуваат доколку се излезени некаде навечер, на пример, но за возврат добивале своја удобна соба, патувања и подобар општествен статус; ваквата слугинка била ословувана со Г-ѓица и презиме од страна на слугите од понизок ранг или во посета на други слугински хали. Во слугинската хала, личната слугинка имала првенство слично на она на нејзината господарка.