Листериоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Листериоза
Listeria monocytogenes PHIL 2287 lores.jpg
Класификација и надворешни извори
Специјалност заразна болест[*]
МКБ-10 A32
МКБ-9 027.0


Листериозата е бактериска инфекција најчесто предизвикана од Listeria monocytogenes,[1] а L. ivanovii и L. grayi се забележени во одредени случаи. Листериозата примарно предизвикува инфекции на централниот нервен систем (менингитис, менингоцефалитис, мозочен апсцес, церебритис) и бактериемија кај оние кои се имунокомпромитирани,[2] бремени жени, новороденчиња, старци како и гастроентеритис кај здрави лица кои консумирале поголема количина во организмот. Листеријата е сеприсутна во околината и примарно се пренесува по орален пат после внесување на контаминирани хранливи производи, после што бактеријата навлегува во цревниот тракт и предизвикува системски инфекции. Дијагнозата на листериозата бара изолација на бактеријата од крвта и/или цереброспиналната течност. Третманот вклучува продолжена употреба на антибиотици, примарно ампицилин и гентамицин, на кои таа вообичаено е осетлива.


Знаци и симптоми[уреди | уреди извор]

Болеста примарно ги зафаќа постарите лица, лицата со ослабен имун систем, бремени жени и новороденчиња. Ретко, и лица без овие ризик фактори може да бидат афектирани. Лице заболено од листериоза вообичаено има треска и мускулни болки, на кои често им претходи дијареја или други гастроинтестинални симптоми. Скоро секој со дијагностицирана листериоза има инвазивна инфекција (што значи дека бактеријата од неговите црева се шири во нивниот крвоток или во други делови на телото. Болеста може да се појави и по два месеца од консумирањето на контамираната храна.

Симптомите варираат кај инфицираните лица:

• Високоризични лица (освен бремените жени): Симптомите може да вклучат треска, мускулни болки, главоболка, вкочанет врат, конфузија, губење на рамнотежа и грчеви.

• Бремени жени: бремените жени обично имаат само благи симптоми налик на грип. Сепак, инфекциите за време на бременоста може да доведат до спонтан абортус, мртвороденче, предвремено раѓање или инфекции по живот за новороденчето.

• Претходно здрави лица: кај лица кои претходно биле здрави но биле изложени на многу голема доза од листерија може да се развие неинвазивна болест (значи бактеријата не се шири во нивниот крвоток или во други делови од телото). Симптомите може да вклучат дијареја и треска.

Доколку лицето што јадело заразена храна со листерија нема никакви симптоми, повеќето стручњаци сметаат дека не се потребни тестирања и третман, дури и за лица кои припаѓаат во високоризичните за листериоза.[3]

Причини[уреди | уреди извор]

Listeria monocytogenes се наоѓа насекаде. Најчесто се прима преку јадење на заразени хранливи производи. Листеријата била изолирана од сирово месо, млечни производи, зеленчук, овошје и морска храна. Меките сирења и непастеризираното млеко се потенцијални опасности, а пријавени се и случаи со постпастеризирано млеко.[1]

Ретко листериозата може да се појави и како кожна листериоза. Оваа инфекција се јавува после директно изложување на L. monocytogenes и во голема мера е ограничена на ветеринарите кои работат со заболени животни, најчесто после листеричен абортус.[4]

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Listeria monocytogenes одгледана на Biorad RAPID'L.Mono Agar

При случаи на инфекции на ЦНС (Централен нервен систем), L. monocytogenes често може да се издвои од крвта и секогаш од цереброспиналната течност. Нема доверливи серолошки или фецесни тестови.

Превенција[уреди | уреди извор]

Главните начини на превенција се преку безбедно ракување, готвење и консумација на храната. Тоа вклучува миење на свежиот зеленчук и темелно готвење на суровата храна, како и подгревање до вриење на останата или готова храна.[5]

Друг аспект на превенција е советување на високоризичните групи како бремените жени и имунокомпромитираните пациенти да избегнуваат непастеризирана храна.


Третман[уреди | уреди извор]

Бактериемијата треба да се третира 2 недели, менингитисот 3 недели, а мозочниот апсцес најмалку 6 недели. Ампицилинот се смета како најсоодветен антибиотик, гентамициното често се додава заради неговите синергиски ефекти. Вкупната стапка на смртност е 20-30%; од сите случаи со бременост, 22% резултирале со губење на плодот или мртво новороденче, а мајките вообичаено преживувале.[6]

Епидемиологија[уреди | уреди извор]

Стадиуми во интрацелуларниот животен циклус на Listeria monocytogene.

Во 2004-2005 во САД инциденцата била 2,5-3 случаи годишно на милион жители, при што бремените жени претставувале 30% од сите случаи. [7] Од сите неперинатални инфекции, 70% се јавуваат кај имунокомпромитирани пациенти. Инциденцата во САД е во пад од деведесеттите години на 20 век, за разлика од Европа каде промените во навиките на исхрана доведоа до зголемување за истиот период. Во Шведска е стабилизирана околу 5 случаи годишно на милион жители, при што се јавуваат 1-2 случаи кај бремени жени од вкупните околу 40 случаи годишно.[8]


Референции[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ryan KJ; Ray CG (editors) (2003). Sherris Medical Microbiology (4th издание). McGraw Hill. ISBN 0-8385-8529-9. 
  2. Hof H (1996). Listeria Monocytogenes in: Baron's Medical Microbiology (Baron S et al., eds.) (4th издание). Univ of Texas Medical Branch. (via NCBI Bookshelf). ISBN 0-9631172-1-1. 
  3. „CDC - Multistate Outbreak of Listeriosis Linked to Whole Cantaloupes from Jensen Farms, Colorado“. Cdc.gov. 27 септември 2011. http://www.cdc.gov/listeria/outbreaks/cantaloupes-jensen-farms/092711/index.html. конс. 21 јуни 2013 г. 
  4. Swaminathan B, Gerner-Smidt P. 2007. The epidemiology of human listeriosis. Microbes In name="Mazza2002">Joseph Mazza (15 January 2002). Manual of clinical hematology. Lippincott Williams & Wilkins. стр. 127–. ISBN 978-0-7817-2980-2. http://books.google.com/?id=NzMKMPzbxZwC&pg=PA127. конс. 29 јуни 2010 г. 
  5. „CDC - Prevention - Listeriosis“. CDC.gov. http://www.cdc.gov/listeria/prevention.html. конс. 29 септември 2011 г. 
  6. Health authorities link 12 deaths to contaminated meat (February 2007) Retrieved 23 May 2014
  7. Center for Infectious Disease Research and Policy, University of MinnesotaListeriosis
  8. Smittskyddsinstitutet –Statistik för listeriainfektion