Прејди на содржината

Либиски чај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Либиски чај е силен пијалак, подготвен со традиционален прибор и се служи во мали стаклени чаши. Тој е варијанта на Магребски чај, но се разликуваат по изглед. Либискиот чај обично се служи во три тури, каде што последната тура вклучува варени кикиритки без кора или бадеми. Нане или босилек некогаш се додаваат за вкус. На почетокот се подготвува пијалак без шеќер за да се овозможи формирање на пена. Секоја чаша кога е спремна има слој на жолтеникава пена на врвот.[1]

Либиски зелен чај
Либиски чај со кикиритки

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Libyan Food and the main dishes & meals in Libya“.