Легендата на Зелда: Здив од дивината

Од Википедија — слободната енциклопедија

Легендата на Зелда: Здив од дивината е акциска-авантурна видео игра направена и издадена од Нинтендо за Нинтендо Свич и Ви Ју конзоли за видео игри. Играта е дел од серијата Легендата на Зелда,и ја следи приказната на амнезијакот Линк,што станува после 100 годишно спиење,после тоа го води чуден звук за да го победи Каламити Ганон пред тој да го уништи кралството на Хајрул.

Механиките на играта се неконвенционални како другите игри во серијата,играта се наоѓа во отворена средина, со многу добра графика и гласовно дејствување.

Објавена во 2013, играта инициално беше планирана за издавање на Ви Ју еклсклусив во 2015, но беше одложена двапати претходното и беше издадена на 3 март, 2017 година. Здив од дивината беше видео игра за Нинтендо Свичот, исто така беше и последната игра издадена за Ви Ју. Здив од дивината доби универзални признанија од критичарите, кои ја сметаа за една од најдобрите видео игри од сите времиња. Критичарите ја пофалија играта бидејќи таа охрабрува експериментација и експлорација, многу луѓе ја нарекуваа обележје за игри што се револуираат околу експлорација на отворена средина, иако имаше малцинство на критисизам за техничката перформанса на играта кога се издаде, што беше подобрена преку надградби. До средината на 2017 година, Свич верзиите на играта беа продадени во речиси четири милиони примероци низ целиот свет, што го направи најдобро продадениот наслов на Свич системот.