Прејди на содржината

Кустос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кустосот Драган Јанковиќ во постојаната поставка на археолошкиот локалитет Бело Брдо.

Кустос е од латинско потекло (лат: custos), збор што значи чувар на збирка уметнички дела, тој што ја уредува, обработува и обновува збирката на уметнички дела.

Кустосот како чувар и надзорник на културното наследство, е одговорен за збирката на уметнички дела, за негово собирање, организација, заштита, промоција и истражување на уметничките дела. Создава каталог и тесно соработува со реставратори, подготвувачи и конзерватори.

Кустос е академски образовано лице со специјализација на катедрата за музеологија, а најчесто тоа се историчари, историчари на уметност, археолози и слично.[1]

Професијата е тесно специјализирана и фокусирана на уметнички дела. Се грижи за собирање и складирање на предмети,води грижа за нив, одржува соодветна документација, врши потребни истражувања на поединечни предмети и збирки, подготвува предмети за безбеден транспорт. Кустосот организира и изложби и ги презентира пред јавноста предметите што му се доверени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kustos“. Šta znači?. Посетено на 1. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • „Кустос“. значенје на зборот. Посетено на 1. 3. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)