Куотскиот јазик, или панариски, е јазичен изолат, единствен неавстронезиски јазик кој се зборува на територијата на островот Нова Ирска во Папуа Нова Гвинеја. Јазикот го зборуваат околу 2,400 луѓе, кои воглавно се наоѓаат на северозападниот брег на островот. Поради малиот број на луѓе кои го зборуваат јазикот не се забележани дијалекти.[1]