Кралица Корделија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кралицата Корделија била легендарната кралица на Бритите. Таа била најмладата ќерка на Леир и втората кралица на предримска Британија. Не постои независен историски доказ за нејзиното постоење.

Легенда[уреди | уреди извор]

Корделија од Форд Мадокс Браун

Корделија била омилена ќерка на Леир, и помладата сестра на Гонерил и Реган. Кога Леир одлучил да го подели своето царство помеѓу неговите ќерки и нивните сопрузи, Корделија одбила да му се додворува. Затоа Леир одбил да и подари земја во Британија или благослов за нејзиниот сопруг. Без разлика, Аганипус, кралот на Франките, ја побарал за жена и Леир го одобрил бракот, но не му подарил никаков мираз. Таа се преселила во Галија и живеела таму многу години.[1]

Леир на крајот бил прогонет од Велика Британија и побегнал кај Корделија во Галија, барајќи да се врати на престолот кој бил запленет од страна на мажите на другите негови ќерки. Таа ја нападнала Британија, победувајќи и враќајќи му го престолот на Леир. По смртта на Леир три години подоцна, нејзиниот сопруг Аганипус загинал, а Корделија се вратила во Велика Британија и била крунисана за кралица.[1]

Корделија мирно владеела пет години додека синовите на нејзините сестри, Кунедагиус и Марганус не пораснале. Војводите од Корнвол и Албани, го презрале владеењето на жена кога тие имале соодветно потекло за владеење. Тие се бореле против Корделија, која се борела лично во повеќе битки. Таа на крајот била фатена и затворена од страна на нејзините внуци. Поради тага, таа извршила самоубиство. Кунедагиус владеел над земјите југозападно од Хaмбер. Марганус владеел над Североисточниот регион на Хамбер. Граѓанска војна избувнала меѓу нив наскоро после ова.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Луис Г. М. Торп (ed), History of the Kings of Britain од Џефри од Монмут, Penguin Classics, 1966, pp. 82–6.