Корисник:Vesnicka.gj/Извештај за сеопфатната добивка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Извештајот за сеопфатната добивка (statement of comprehensive income) ги прикажува сите добивки или загуби на банката,вклучувајќи ги и оние што не се прикажани во билансот на успех.Според тоа,сеопфатната добивка претставува поширок поим од добивката за финансиската година,прикажана во билансот на успех.

Содржина на извештајот за сеопфатната добивка[уреди | уреди извор]

Сеопфатната добивка е збир на нето добивката и сите други добивки и загуби што не се прикажани во билансот на успехот( поради тоа што не се остварени). Така, извештајот за сеопфатната добивка,покрај добивката за финансиската година,ги вклучува и сметките за ревалоризациски резерви, како што се :

  • неостварените добивки или загуби на средствата расположливи за продажба;
  • добивките или загубите што произлегуваат од преведувањето на финансиските извештаи за работењето на банката во странство;
  • неостварените промени во објективната вредност на инструментите за заштита од ризикот од паричните текови
  • резервата за курсните разлики од вложувањата во странско работење;
  • уделот во останатите добивки или загуби од придружените друштва (што не се прикажуваат во билансот на успех) итн.[1]

Пример за извештај за сеопфатна добивка[уреди | уреди извор]

Извештај за сеопфатната добивка на “Народна банка на Република Македонија” за периодот од 1.1.2012 до 31.12.2012 год

Табелата го прикажува извештајот за сеопфатната добивка на “Народна банка на Република Македонија”. Како што споменавме, во овој извештај најпрвин се наведува финансискиот резултат од работењето на банката, преземан од билансот на успех. Во продолжение , извештајот ги вклучува и сите неостварени добивки или загуби, коишто не се прикажани во биланост на успехот, туку се содржани во билансот на состојба ( во ставката ревалоризациски резерви).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Горан Петревски, Управување со банките- второ издание, Скопје: Економски факултет, 2011, стр. 42-43.
  2. www.nbrm.mk
2011 2012
Нето добивка/загуба за годината од билансот на успех (226.438) 1.950.946
Останата сеопфатна добивка
-Позиции коишто во идниот период може да се рекласификуваат во Биланост на успех - -
-Позиции коишто во идниот период не може да се рекласификуваат во Билансот на успех - -
Вкупно останата сеопфатна добивка за годината - -
Вкупно останата сеопфатна добивка за годината (226.438) 1.950.946