Корисник:Simonce m/Сексуална злоупотреба на деца

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сексуалнa злоупотребa на деца[уреди | уреди извор]

Сексуалнaта злоупотреба на деца е таков вид на злоупотреба во која возрасен или постар адолесцент злоупотребува дете за сексуална возбуда. Како сексуална злоупотреба на деца се смета и прашувањето или присилувањето на дете да се впушти во полов однос ( без разлика на исходот), недостојното покажување на гениталиите на дете, прикажувањето на порнографија пред дете, вистински полов однос со дете, физички контакт со гениталиите на детето, гледањето на гениталиите на детето без никаков физички контакт или употребата на дете за продукција на детска порнографија. Како последици од сексуална злоупотребана дете се сметаат депресија, пост - трауматично стресно нарушување, вознемиреност, склоност кон повторна виктимизација во подоцнежна возраст, физичка повреда на детето, како и многу други проблеми. Сексуалната злоупотреба од страна на член на фамилијата е инцест и може да резултира со посериозни долготрајни психолошки трауми, особено во случај на инцест сторен од родителот.

Околу 15% до 25% жени и 5% до 15% мажи биле сексуално злоупотребени кога биле деца. Повеќето сексуални злосторници се познаваат со своите жртви; околу 30% се роднини на децата, најчесто браќа, татковци, вујковци или братучеди; околу 60% се други познаници како пријатели на фамилијата, беби-ситери или соседи; во околу 10% од случаите на сексуално злоупотребување на дете, злосторниците биле странци. Повеќето сексуални злоупотребувања врз деца се извршени од мажи; испитувањата покажуваат дека жените од пријавените прекршоци, 14% до 40% ги извршиле врз момчиња, а 6% врз девојчиња. Злосторниците кои злоупотребуваат деца пред да влезат во пубертет се педофили, но како и да е, мал процент не ги исполнуваат критериумите за дијагностицирана педофилија.

Според законот, „сексуално злоупотребување на деца” е општ термин кој опишува кривични и граѓански прекршоци каде што полнолетно лице има полов однос со малолетник или злоупотребува малолетник за добивање на сексуално задоволство. Американската психијатриска асоцијација изјавува дека „дете не може да се согласи да има полов однос со возрасен”, и ги осудува таквите постапки на возрасните лица. „Возрасен, кој стапува во полов однос со дете извршува кривично и неморално дело, кое никогаш не може да биде сметано за нормално и општествено прифатливо однесување.”


Последици

Психолошка повреда

Сексуалното злоупотребување на дете може да резултира со краткотрајни, но и долготрајни повреди, вклучувајќи психопатологија во понатамошниот живот. Како психолошки, емоционални, физички и социјални последици се сметаат и депресијата, пост - трауматично стресно нарушување, вознемиреност, нарушување на исхраната, намалена самопочит, асоцијалност и зголемена нервоза, општа психолошка болка и нарушување како соматизација, нервоза, хронична болка, сексуално однесување, училишни проблеми или проблеми при учењето; и проблеми со однесувањето вклучувајќи го и консумирањето на недозволени супстанци, деструктивно однесување, криминалност по подоцнежна возраст и самоубиство. Сè уште не е откриена матрица на специфичните карактеристики на симптомите и постојат неколку хипотези за условите на овие асоцијации.

Изучување, финансирано од Националниот Институт против злоупотреба на Дрога во САД, покажа дека „Помеѓу повеќе од 1,400 возрасни жени, сексуалното злоупотребување како деца беше придружувано со зголемена веројатност за зависност од дрога, алкохол и психијатриски нарушувања. Асоцијациите се изразени како различни стапки: на пример веројатноста за жени кои доживеале вонгенитална сексуална злоупотреба за време на детството, а како возрасни да бидат зависни од дрога е за 2,93 пати поголема отколку кај жените кои не биле злоупотребувани.”

Долготрајните негативни последици на развојот кои водат до повторна виктимизација во зрелоста се исто така поврзани со сексуалното злоупотребување на децата. Истражувањата основаа причинска врска помеѓу сексуалното злоупотребување во детството и одредени специфични делови од возрасната психопатологија, вклучувајќи желбата за самоубиство, недруштвеното однесување, пост – трауматичното стресно нарушување, вознемиреноста и алкохолизмот. Веројатноста за возрасните со историја на злоупотреба како дете, особено сексуално, да бидат чести корисници на ургентните и медицинските служби е поголема од оние кои немаат историја на злоупотреба. Истражување кое ги споредува средовечните жени кои биле злоупотребени како дете наспроти незлоупотребените учесници во студијата, покажува дека здравствените трошоци за првите се многу повисоки.

Сексуално злоупотребените деца страдаат повеќе од психолошки симптоми отколку од деца кои не биле злоупотребувани; истражувањата покажуваат појава на симптоми кај 51% до 79% од сексуално злоупотребените деца. Ризикот од повреда е поголем доколку злоупотребувачот е роднина, доколку злоупотребувањето вклучува однос или обид за однос, или ако се употребени закани или сила. Врз степенот на повреда можат да влијаат и други фактори како пенетрацијата, времетраењето и зачестеноста на злоупотребувањето, како и употребата на сила. Социјалната дамка од сексуалното злоупотребување на децата може да ја придонесе психолошката штета на децата и негативните резултати се помалку веројатни за злоупотребуваните деца кои што имаат поддршка од семејната средина.

Младите деца кои што се сексуално злоупотребени од страна на повозрасни жени можат да бидат изложени на двојно поголема траума поради распространетото негирање на родителите кои не злоупотребуваат, професионалните негувачи и општата јавност за сексуално злоупотребување на децата од страна на жени. Тарнер и Маријански во Инцест: Потекло на Табуата (2005), претпоставуваат дека инцестот мајка – син предизвикува најсериозна штета врз децата во споредба со инцестот мајка – ќерка, татко – ќерка и татко – син. Крафорд тврди дека нашиот потиснат социјален поглед кон жените и мајчинската сексуалност ги прикрива и реалноста на женската сексуална патологија како и штетата нанесена од сексуалното злоупотребување на дете извршено од страна на жена.


Разединетост и пост – трауматично стресно нарушување

Злоупотребата на дете, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба, и особено хроничните злоупотребувања кои започнуваат на рана возраст се сметаат поврзани со развојот на висок степен на симптоми на асоцијалност, кои вклучуваат амнезија поради сеќавањата на злоупотребувањето. Се смета дека степенот на асоцијалност е поврзан со пријавената пречеста сексуална и физичка злоупотреба. Кога се случува тешка сексуална злоупотреба (пенетрација, неколку злосторници, и трае повеќе од една година), симптомите на асоцијалност се уште поистакнати. Според Видом (1999 год.), кој напиша дека „сексуалната злоупотреба, можеби повеќе од другите видови на детски трауми, води до проблеми со асоцијалноста...овие откритија за пост - трауматичното стресно нарушување претставуваат само дел од сликата за долготрајни психијатриски sequelae поврзани со виктимизацијата во раното детство... антисоцијално растројство на личноста, злоупотреба на алкохол, и други видови на психопатологија.”, сексуалната злоупотреба врз дете независно може да го предвиди бројот на симптоми на пост - трауматично стресно нарушување што една личност ги прикажува, откако се контролира за можни збунувачки променливи. Децата можат да развијат симптоми на пост - трауматично стресно нарушување, кој ќе произлезе од сексуално злоупотребување на децата, дури и без вистинска или заканувачка повреда или насилство.


Фактори на истражување

Бидејќи сексуалната злоупотреба врз децата често се случува паралелно со други можни збунувачки променливи, како на пример сиромашни фамилијарни средини и физичко злоупотребување, некои научници тврдат дека е важно да се контролираат тие променливи во некои студии кои ги мерат ефектите од сексуалната злоупотреба. Во 1998 год. критика на поврзана литература, Мартин и Флеминг изјавиле „Хипотезата изнесена со овој труд е тоа што во повеќето случаи, основната штета нанесена со сексуално злоупотребување на дете е поврзана со капацитетите на децата кои се развиваат за доверба, интимност, дејствување и сексуалност, а дека многу од ментално – здравствените проблеми во животот како возрасни поврзани со минатото како сексуално злоупотребувани деца се од втор ред.” Други студии покажаа независно здружување на сексуално злоупотребени деца со негативни психолошки последици.

Кендлер и др. (2000 год.) открива дека поголемиот дел од врските помеѓу тешките видови на сексуално злоупотребено дете и возрасната психопатологија, не може да се објасни преку фамилијарен раздор, бидејќи големината на последиците од оваа асоцијација многу малку се намали по контролирањето на можните варијабли. Нивното испитување на еден мал примерок од ЦСА – неусогласени близнаци, исто така поддржа причинско-последична врска помеѓу сексуалната злоупотреба на дете и возрасната психопатологија; ЦСА-изложените предмети имаа доследно поголем ризик за психопатолошки нарушувања од нивните ЦСА неизложени близнаци.

Во 1998 год., од мета - анализата извршена од страна на Рајнд и др., се роди контроверзија која укажува дека сексуалната злоупотреба на дете не секогаш предизвикува силна повреда, дека некои студенти ги пријавиле таквите средби секако позитивни искуства и дека степенот на психолошката штета зависи од тоа дали детето ја опишало или не ја опишало средбата како „консензуална”. Студијата беше критикувана дека и недостигаат методологија и заклучоци, иако нејзиното објавување, од страна на темелната рецензија беше брането со премолчување или безрезервно. По обемниот публицитет, Конгресот на САД ја осуди студијата за нејзините заклучоци и за обезбедувањето на материјали кои се користени од страна на педофилски организации за да ги оправдаат своите активности. Расел шпекулираше дека перцепцијата на сексуално злоупотребен настан како „позитивен” би можела да потекнува од еден механизам за справување со трауматски искуства, како форма на рационализација.


Физичка повреда

Повреда

Во зависност од возраста и големината на детето и степенот на употребената сила, сексуалната злоупотреба може да предизвика внатрешна рана и крварење. Во потешки случаи, може да се случи оштетување на внатрешните органи, кое во некои случаи може да предизвика смрт. Херман-Гиденс и др. откри шест сигурни и шест можни случаи на смрт поради сексуална злоупотреба на дете во Северна Каролина помеѓу 1985-1994 год. Жртвите беа на возраст од 2 месеци до 10 години. Причини за смртта беа траума на гениталиите или на ректумот или сексуално осакатување.


Инфекции

Сексуалната злоупотреба на дете може да предизвика инфекции и сексуално преносливи болести. Во зависност од возраста на детето, поради недоволната вагинална течност, шансите за инфекции се поголеми. Исто така беше забележана појава на вагинит.


Невролошка штета

Испитувањата покажаа дека трауматичниот стрес, вклучувајќи го и стресот предизвикан од сексуална злоупотреба, предизвикува забележителни промени во функционирањето и развојот на мозокот. Разни студии сугерираат дека тешка сексуална злоупотреба на дете може да има штетно влијание врз развојот на мозокот. Ито и др. (1998) вели „обратна хемисферска асиметрија и поголема кохерентност во левата хемисфера на злоупотребените предмети;” Тајчер и др.. (1993) покажа дека е зголемена веројатноста за „ictal временска резанка како епилептични симптоми” кај злоупотребуваните субјекти; Андерсон и др. (2002) го забележа времето на абнормалната попречна релаксација во cerebellar vermis на возрасните кои биле сексуално злоупотребувани во детството; Тајчер и др. (1993) откри дека сексуалната злоупотреба на дете била поврзана со областа со намалена corpus callosum; различни студии пронашле дека со сексуална злоупотреба на дете се појавува асоцијација на намален волумен на левиот хипокампусот; и Ито и др. (1993) пронашол зголемени електро – психолошки абнормалности кај сексуално злоупотребуваните деца.

Некои студии укажуваат дека сексуалната или физичката злоупотреба кај децата може да доведат до преголема надразнетост на неразвиениот лимбичен систем. Тајчер и др. (1993) го искористи „Limbic System Checklist-33” за да ја измери ictal временската резанка како епилептични симптоми кај 253 возрасни. Извештаите за сексуалната злоупотреба на дете беа поврзани со 49% зголеменост на LSCL-33 резултатите, 11% повисоки од зголемувањето поврзано оние сексуално злоставувани кои сами ја пријавиле злоупотребата. Извештаи на физичка и сексуална злоупотреба беа поврзани со 113% зголеменост. Машки и женски жртви беа слично погодени.

Навалта и др. (2006) открил дека резултатите од тестовите на жените кои имаат минато на континуирана сексуална злоупотреба како деца, кои се самопријавени математичко сколастички таленти, биле значително пониски за разлика од резултатите од тестовите од примерокот на незлоупотребени самопријавени математичко сколастички таленти. Бидејќи резултатите од вербалниот тест за сколастички таленти кај злоупотребените субјекти беа високи, тие претпоставуваат дека ниските резултати од тестовите за сколастички таленти можат да „потекнуваат од нарушување во хемисферната интеграција.” Тие, исто така пронајдоа силна асоцијација помеѓу краткорочното ослабување на меморијата, тестирана за сите категории (вербална, визуелна, и глобална), и времетраењето на злоупотреба.


Инцест

Инцест помеѓу дете или адолесцент и возрасен, кој е во сродство со детето, е утврден како најраспространет начин за сексуална злоупотреба на дете со огромен капацитет за повреда на детето. Еден истражувач изјави дека повеќе од 70% од злосторниците се членови на фамилијата или некој многу близок со фамилијата. Друг истражувач изјави дека околу 30% од сите виновници за сексуална злоупотреба се поврзани со нивните жртви, 60% од виновниците се познаници на фамилијата, како што се соседите, беби-ситерите или пријател, а 10% од виновниците во случаите за сексуална злоупотреба на деца се странци. Прекршоците за сексуално злоупотребување на дете, каде виновникот е во сродство со детето, дали крвно или преку брак, е вид на инцест објаснет како интрафамилијарна сексуална злоупотреба на дете.

Најчесто забележани случаи на инцест е татко – ќерка или очув – ќерка инцест, со останатите форми кои се пријавуваат кои се мајка/маќеа – ќерка/син инцест. Инцестот татко – син не е толку често пријавен, но тоа не значи дека е послабо распространет бидејќи истиот не е доволно пријавен во големиот број на случаи.

Слично на тоа, некои тврдат дека брат / сестра инцестот може да биде вообичаен, или повеќе вообичаен од другите видови на инцест: Голдман и Голдман објавија дека во 57% од инцестите се вклучени браќа и сестри; Финкелхор објави дека во над 90% од инцестите во проширените семејства се вклучени браќа и сестри; додека Косон и др. покажува дека брат/сестра инцестот бил пријавен двојно почесто отколку инцестот извршен од татковците / очувите. Зачестеноста на родителската сексуална злоупотреба врз дете е тешко да се процени, како резултат на тајност и приватност; некои процени покажуваат дека 20 милиони Американци биле жртви на инцест како деца од страна на родителите.


Видови на сексуален напад врз дете

Сексуалната злоупотреба врз дете вклучува различни видови на сексуални прекршоци, вклучувајќи:

сексуален напад - термин со кој се дефинираат прекршоци во кои возрасен допира малолетник со цел сексуално задоволување; на пример, силувања (вклучувајќи содомија), и сексуална пенетрација со објектот. Повеќето американски држави, сексуалниот напад го дефинираат како секој контакт со телото на малолетник, колку и да е незначаен, доколку тој контакт се врши со цел сексуално задоволување.

сексуално малтретирање - термин со кој се дефинираат прекршоци во кои возрасен стапува во непенетрирачка активност со малолетник со цел сексуално задоволување; на пример, изложување на малолетно лице во порнографија или во полов однос на другите.

сексуална експлоатација - термин со кој се дефинираат прекршоци во кои возрасен виктимизира малолетник за унапредување, сексуално задоволство, или добивка, на пример, да проституира дете, и создавање или трговија со детска порнографија.

сексуално зближување - дефинира социјално однесување на потенцијален сексуален престапник врз дете, кој тежнее кон тоа да го убеди малолетникот за прифаќање на нивните предности, на пример во онлајн соба за разговор.


Откривање

Децата кои добија поддршка по откривањето, имаа помалку трауматични симптоми и биле злоупотребувани пократок временски период од децата кои не добија поддршка. Во принцип, истражувањата покажаат дека на децата им треба поддршка и средства за намалување на стресот, по откривањето дека биле сексуално злоупотребени. Негативните реакции на општеството за откривањето се сметаат за штетни за благосостојбата на преживеаниот. Една студија објаснува дека децата кои добиле лоша реакција од првото лице на кое тие кажале, особено ако лицето е близок член од семејството, како возрасни имале полоши резултати за општи симптоми на траума, симптоми на пост - трауматично стресно нарушување, и разединување. Друго истражување покажува дека во најголем број случаи, кога децата го откриле злоупотребувањето, лицето со кое што зборувале, не изреагирало ефикасно, го обвинило или отфрлило детето, презело малку или воопшто не презело мерки за да ја спречи злоупотребата. Иако слушањето на откривањето на жртвата може да биде непријатно, за доброто на благосостојбата на жртвата, важно е да се биде во можност да се изреагира ефективно. Покажувањето дека го разбираш и го сфаќаш сериозно она што детето го кажува е важен прв чекор.

Американската академија за психијатрија на деца и адолесценти обезбедува насоки за тоа што да се каже на жртвата и што да се прави по откривањето. Д-р Аса Дон Браун наведува: „намалувањето на траумата и последиците од истата, вообичаено е вметнато во сликата од родителите кои ги згрижуваат и смируваат децата. Обично се претпоставува дека со фокусирањето на проблемите на децата премногу долго, негативно ќе се влијае врз нивното закрепнување. Поради тоа, родителите го учат детето да ги прикрие неговите или нејзините проблеми.”


Лекување

Почетниот пристап кон лечење на лице кое е жртва на сексуална злоупотреба е зависен од неколку важни фактори:

• Возраст за време на презентацијата

• Околности за лечење

• (Ко) Морбидни услови

Целта на лечењето не само да се лечат тековните ментално - здравствени проблеми, туку и да се спречат идните.


Деца и адолесценти

Децата често се пријавуваат на лекување во следните околности: случаи на кривичните истраги, битки за старателство, проблематично однесување, како и со упати од CPS.

Трите главни начини за терапија со деца и тинејџери се семејната, групната и индивидуалната терапија. Кој начин се користи, зависи од бројни фактори, кои мора да се проценат врз основа од случај до случај. На пример, лечењето на младите деца обично бара постојана родителска инволвираност и може да има корист од семејната терапија. Адолесцентите имаат тенденција да бидат независни, може да имаат корист од индивидуалните или групните терапии. Начинот се менува во текот на лекувањето, на пример, групната терапија ретко се користи во почетните фази, затоа што темата е многу лична и / или непријатна.

Главни фактори кои влијаат на двете, на патологијата како и на одзивот на лекувањето, го вклучуваат видот и интензитетот на сексуалниот чин, неговата зачестеност, возраста кога тој се случил, и семејството на детето по потекло.


Возрасни со претрпена сексуална злоупотреба

Возрасни лица со минато на сексуална злоупотреба најчесто се пријавуваат на лечење со секундарни ментално – здравствени проблеми, кои вклучуваат и злоупотреба на супстанции, нарушувања во исхраната, растројства на личноста, депресија, како и конфликт во романтични или меѓучовечки односи.

Општо земено, пристапот е до сегашниот проблем, отколку до самото злоупотребување. Лечењето е многу разновиден и зависи од конкретните проблеми на личноста. На пример, лице со историја на сексуална злоупотреба, кое страда од тешка депресија, би се лечело од депресија. Сепак, често има нагласување на когнитивното преструктурирање поради длабоко вкоренетата природа на траумата. Некои понови техники како што се Eye Movement Desensitization and Reprocessing (EMDR) , на крај се покажаа како ефективни.

Сексуалната злоупотреба е поврзана со многу суб - клинички прашања за однесувањето, вклучувајќи и повторно виктимизирање во тинејџерските години, веројатност за биполарно преминување помеѓу сексуалната присила и затворање, и изопачено размислување на темата сексуална злоупотреба (на пример, дека тоа им е вообичаено и дека им се случува на сите). Кога прв пат се пријавува за лечење, пациентот може да биде целосно свесен за неговата злоупотреба како настан, но неговата проценка за тоа често е изопачена, како што се верува дека настанот бил незабележителен (еден вид на изолација). Најчесто, жртвите не ја нивната злоупотреба со нивната сегашна патологија. Женските жртви, кои биле злоупотребени пред 12 години, исто така, понекогаш ќе имаат чудна вокална промена, препознатлива од лекарите, која потсетува на детско зборување, иако во денечно време ова не е проучено или објаснето.


Престапници

Демографска статистика

Поверојатно е дека сексуалните престапници се роднини или пријатели со нивните жртви, отколку странци. Ајдахо студијата од 430 случаи од 2006-2007 година покажа дека 82% од малолетните сексуални престапници се знаеле со жртвите (познаници 46% или роднини 36%).

Повеќето сексуални престапници се мажи отколку жени, иако процентот варира врз база на различни студии. Процентот на инциденти на сексуална злоупотреба од страна на женските сторителите, кои се забележани од страна на правниот систем, обично се помеѓу 1% и 4%. Студии за сексуално лошо однесување во американските училишта, со женски престапници, покажаа мешани резултати, со стапки помеѓу 4% до 43% од женските престапници. Малецки (1993) утврдил дека од 4.402 осудени престапници за педофилија, 0,4% биле жени. Друго истражување на не-клиничко население покажа дека помеѓу оние во нивниот примерок кои биле злоупотребени, околу една третина биле злоупотребени од страна на жените.

Во училиштата во САД, возраста на педагошките работници кои биле обвинети за сексуално злоставување се движи помеѓу 21 и 75 години, а просечната возраст е 28 години, додека 69 % од вкупниот број на злоставувачи го претставуваат професори, тренери, професори на замена, возачи на автобуси и помошници на професорите (со овој редослед).


Типологија

Почетокот на истражувањата во 1970-тите и 80-тите започна да ги класифицира престапниците врз основа на нивните мотивации и карактери. Грот и Брнбаум (1978) ги категоризираа сексуалните престапници во две групи, „опседнати” и „регресивни.” Опседнатите беа опишани како престапници кои имаат примарна привлечност кон децата, додека регресивните во голема мера ги одржувале односите со други возрасни лица, а биле дури и во брак. Оваа студија, исто така, покажа дека сексуалната ориентација на возрасните не е поврзана со полот на жртват, на пример, мажи кои злоставувале момчиња често имале возрасни односи со жени.

Подоцнежно дело (Холмс и Холмс, 2002) се прошири на видовите на сторителите и нивните психолошки профили. Тие се поделени на следниов начин:

• Ситуативен - не сакаат деца, но навредуваат под одредени услови.

o Регресивен - Обично имаат односи со возрасни, но stressor ги предизвикува да бараат деца како замена.

o Морално индискриминиран – Сите, кои девијантно се однесуваат околу сексот, кои можат да извршуват и други сексуални прекршоци неповрзани со децата.

o Наивни/неадекватни – Често со пречки во менталниот развој, на некаков начин, ги смета децата за помалку опасни.

• Привилегиран - има вистински сексуален интерес за децата.

o Mysoped – Садисти и насилни, целат кон странци повеќе отколку кон познаници.

o Опседнати - Мала или никаква активност на своја возраст, објаснет како „пораснато дете.”


Причински фактори

Конечните причински фактори за сексуална злоупотреба на дете сеште не се познати. Порано се мислеше дека искуството на сексуална злоупотреба на дете е силен фактор на ризик, но истражувањето не покажа ниту една причинско-последична врска, каде што огромното мнозинство на сексуално злоупотребени кога пораснале не станале сексуални престапници, ниту пак мнозинството на возрасни престапници пијавуваат доколку биле злоупотебувани како деца. Американската канцеларија за одговорност (која е дел на конгресот, одговорна за истражување на прашања поврзани со прием и исплата на јавните фондови) заклучи дека „постоењето на циклус на сексуална злоупотреба не е установено.” Пред 1996 година, имаше верување во теоријата на „циклус на насилство”, бидејќи повеќето од истражувањето беше направено ретроспективно – злоставувачите беа прашани дали тие во минатото доживеале злоупотреба. Иако поголемиот дел од истражувањата покажаа дека повеќето возрасни сексуални престапници рекле дека не биле сексуално злоупотребувани во детството, сепак истражувањата се разликуваат во делот на проценката на процентот на овие престапници кои биле слоупотребени, и истиот варира од 0 до 79%. Поновото потенцијално надолжно истражување кое проучува деца со документирани случаи на сексуална злоупотреба низ времето, со цел да се утврди процентот на можност истите да станат возрасни прекршители, покажа дека циклусот на теоријата на насилство не е адекватен објаснување зошто луѓето злоставуваат деца.

Прекршоците може да бидат олеснети со когнитивни нарушувања од страна на сторителот, како што се намалување на злоупотребата, обвинување на жртвата, и оправдувања.


Педофилија

Терминот „педофилија” се однесува на постојаните чувства на привлечност кај возрасен или постар адолесцент кон деца кои не се влезени во пубертет, без разлика дали врз привлечноста се делувало или не. Лице со ваква привлечност е наречен „педофил”.

Според Мајо клиниката, приближно 95% од случаите на сексуална злоупотреба на деца на возраст од 12 и помлади, се извршени од страна на сторители, кои ги исполнуваат критериумите за дијагностицирана педофилија; и дека таквите лица сочинуваат 65% од престапниците кои малтретираат деца. Педофилните злоставувачи на деца извршиле десет пати повеќе сексуални акти врз деца од оние непедофилни злоставувачи.

Во спроведување на законот, поимот „педофил” генерално се користи за да се опишат оние кои се обвинети или осудени за сексуална злоупотреба на дете под општествено легални дефиниции за дете (вклучувајќи ги и децата пред пубертет и адолесцентите помлади од локалните возраст за давање согласност), меѓутоа, не сите престапници кои сексуално злоупотребуваат деца се педофили и не сите педофили извршуваат сексуална злоупотреба на деца. Спроведувањето на законот и правните професионалци почнаа да го користат терминот предаторски педофил, фраза измислена од страна на детскиот адвокатот Ендру Вахс, и се однесува конкретно на педофили кои се впуштаат во полов однос со малолетници. Поимот нагласува дека сексуалната злоупотреба на дете се состои од избрано однесување од страна на виновникот.


Рецидивизам

Проценетите стапки на рецидивизам помеѓу сексуалните престапници се разликуваат. Една студија покажа дека 42% од престапниците повторно извршиле престап (или сексуален прекршок, насилен прекршок, или и двете), откако биле ослободени. Ризикот за повторно извршување на прекршок беше највисок во првите 6 години по ослободувањето, но продолжи да биде значаен дури и 10-31 година подоцна, со 23% за извршување на таков во текот на овој период. навредам во на овој период. Според едно истражување, направено во Калифорнија во 1965 година, по изминати 5 години, утврдена е стапка на рецидивизам од 18.2% кај престапници кои целат на спротивниот пол и стапка на рецидивизам од 34,5% за престапници кои целат на истиот пол.


Деца и млади адолесценти - престапници

Кога дете, кое е во период пред пубертет, е сексуално злоупотребувано од страна на едно или повеќе други деца или млади адолесценти, кога возрасни не се директно вклучени, се дефинира како дете-на-дете сексуална злоупотреба. Дефиницијата ја вклучува секоја сексуална активност меѓу децата што се случува без согласност, без еднаквост, или како резултат на принуда, без разлика дали престапникот користи физичка сила, закани, измами или емотивна манипулација за да изнудат соработка. Кога сексуалната злоупотреба е сторено од страна на еден врз друг - брат/сестра, тоа е познато како „(intersibling) злоупотреба помеѓу брат/сестра ”, вид на инцест.


Распространетост

Соединетите Американски Држави и Европа

Сексуалната злоупотреба врз дете најчесто се појавува во западното општество. Стапката на распространетост може тешко да се одреди. Во Велика Британија се проценува на околу 8% за момчиња и 12% за девојчињата. Процените за САД варираат во голема мера. Според литературен преглед на 23 истражувања, утврдени се стапките на распространетост на сексуална злоупотреба и тоа од 3% до 37% за мажи и од 8% до 17% за жени што сочинува просек од 17% за момчиња и 28% за девојчиња, додека пак според статистичка анализа базирана на 16 меѓу-секциски истражувања, стапката на распространетост на сексуална злоупотреба се проценува на 7,2% за мажи и 14,5% за жени. Американското министерство за здравство и човекови услуги пријави 83.600 потврдени извештаи за сексуално злоупотребени деца во 2005 година. Доколку се вклучат и непријавените инциденти, вкупниот број би бил уште поголем. Студиите покажаа дека една петтина до една третина од сите жени пријавиле некаков вид сексуално искуство во детството со возрасен маж. Анкета од 1992 година, која го проучувала татко-ќерка инцестот во Финска, објавува дека од 9.000 15-годишни девојки, средношколки, кои пополнија прашалници, 0.2% од девојчињата кои живеат со нивните биолошки татковци, пријавиле татко-ќерка инцест; а 3.7% од девојчињата кои живеат со очув, пријавиле сексуални искуства со него. Пријавените пресметки вклучуваа само татко-ќерка на инцест и не вклучуваа распространетост на други форми на сексуална злоупотреба на дете. Резимето од истражувањето наведува дека „чувствата на девојките за нивните инцестни искуства се претежно негативни.” Други тврдат дека стапките на распространетост се многу повисоки, и дека голем број случаи на злоупотреба на деца никогаш не биле пријавени. Една студија покажа дека професионалци не успеале да пријават околу 40% од случаите на сексуална злоупотреба на дете со кои се среќаваат. Една студија од Лосон и Кефин укажа на тоа дека многу деца кои биле сексуално злоупотребени биле „идентификувани само преку физичка жалба што подоцна беше дијагностицирана како венерична болест ... Само 43% од децата кои беа дијагностицирани со венерична болест, вербално откриле за сексуалната злоупотреба при првичниот разговор. Согласно епидемиолошка литература за сексуална злоупотреба на деца, не е можно да се идентификуваат демографските или семејните карактеристики на детето, што може да се користат за да се спречат можностите детето да биде сексуално злоупотребено.”