Корисник:Sabrije-semrane/ТестСтатија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тест на факторска реверзабилност

Индексите ИНДЕКСИ (економија)претставуваат релативни броеви кои се добиваат со споредување на големината на појавата во еден наблудуван период (тековниот, индексираниот) период со нејзина големина во базичниот период. Ако индексите ги покажуваат релативните промени на само една појава се нарекуваат индивидуални индекси, а тие кои што ги покажуваат релативните промени на повеке сродни појави се нарекуваат агрегатни индекси. Со цел за полесно снаоѓање на она формула која најдобро одговара на смислата на пресметување на индексните бројки, се применува статистички хипотези на доследноста и оправденоста на секој индекс посебно. Најчесто се применуваат: тестот на временска реверзабилност, тестот на циркуларност и тестот на временска реверзабилност. За пресметка на индексите на на квантумот, индексот на цени и индексот на вредноста треба да располагаме со вредноста на базичната вредност на квантумот и цените исто така и тековните вредности на квантумот и цени. Индивидуалните и групните индекси треба да ги задоволат некои услови а една меѓу нив е и условот на факторска реверзабилност. Бидејќи количеството на [1]стоки (q), помножено со цената (p) ја дава вредноста на стоката (pq), поради тоа и индексот на количеството (квантум) помножен со индексот на цени (со иста база, од ист временски период и исто покритие) треба да го даде индексот на вредноста. Индивидуалните индекси ја задоволуваат факторската реверзабилност. Покрај индивидуалните индекси, ова барање го задоволува уште само Фишеровиот идеален индекс. Пондерираните групни индекси со пондери од базичниот и тековниот период покажуваат “пристрасност” на повисоко и на пониско и тоа во иста мерка.