Корисник:Rumena Sopova

Од Википедија — слободната енциклопедија

"

ПОВЛЕЧЕН


Овој корисник повеќе не е активен на Википедија.

"

Румена Шопова[уреди | уреди извор]

Румена Шопова (родена 09.10.1995 во Велес, Република Северна Македонија) е актерка и режисерка.

Дипломира на Факултетот за Аудиовизуелни уметности ‘’ЕФТА’’- Скопје  во областа Театарски уметности- актер во 2017 година. Специјализира на Факултетот за Аудиовизуелни уметности ‘’ЕФТА’’ во областа на Театарски уметности- актер во 2018 година. Во текот на додипломските и постдипломските студии се бави со различни проекти од театарската и филмската област како актер и исто така и станува демонстратор по на Факултетот за Аудиовизуелни уметности ‘’ЕФТА’’ по предметот Македонски јазик. По завршувањето на студиите почнува посериозно да се бави со режија.

Моментално Румена Шопова е магистрантка на Факултетот за Аудиовизуелни уметности ‘’ЕФТА’’- Скопје  во областа  Театарски уметности- Театарска режија.

Портфолио[уреди | уреди извор]

2015 година - Започнува со агажмани во професионални театри како актер, така што учествува во претставата ‘’Eригон’’, режија: Јани Бојаџи во Драмски тетар- Скопје со помала улога. Исто така учествива  како актер во перфомансот по повод Француско-македонскиот проект ,,Сто години од Првата Светска Војна" кој се одржува во Каен, Франција. Таа година работи и како актер во Музејот на македонска борба за државност и самостојност- Скопје каде што своите актерски вештини ги прикажува во перформанс во  режија на Дејан Пројковски.

2016 година -  Станува демонстратор по Македонски јазик на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ‘’ЕФТА’’ Скопје. Подоцна е ангажирана е  како хонорарец во Teатар’’Јордан Хаџи Константинтов- Џинот’’ - Велес во претставата  ‘’Добрата Надеж’’, режија: Александар Ивановски.

2017 година - Повторно ангажирана како хонорарец во Хаџи Константинтов- Џинот’’ - Велес во претставата ‘’Ана Комнена’’ на Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев и подоцна и во ‘’Тирамису’’, режија: Теа Беговска. Исто така оваа година учествува како актер на работилница во рамките на Филозофски филмски фестивал која што ја држи филмската режисерка Ана Опачич во кој се изработени  филмовите "THE HORDE DESERTERS" и „SHATTERED VISAGE“. 

2018 година - Се уште работи како асистент по Македонски јазик на Факултетот за Аудиовизуелни уметности ‘’ЕФТА’’ каде што започнува да развива поетски театар во улога на режисер со студентите кој што го слушаат овој предмет. Таа година почнува и да го работи перформансот  ‘’Мојот свет, мојот живот’’ во ‘’Бели Мугри’’- Велес каде што е опфатена поезија на Петре М.Андреевски и Гане Тодоровски.

2019 година - Работи како режисер  на поетски перформанс ‘’Портрет на Радован Павловски’’ во рамките на Факултетот за Аудиовизуелни уметности ‘’ЕФТА’. Исто така подоцна го  режира поетскиот перформансот ‘’Стерна’’ од Блаже Конески во ‘’Бели Мугри’’-  Велес. Преку ИПМР- Скопје, во соработка со ЕФТА, во продукција на Нена Минчев ангажирана е како втор асистент режија  на два краткометажни филма „Absent presence“ и „ACE“.

2020 година -  Работи како асистент режија на краткометражен филм ‘’ Baking Tuesday’’ во продукција на Нена Минчев и ИПМР- Скопје. Подоцно работа на проект кој е поддржан од Министерство за култура, каде што ја режира претставата ‘’ Сина роза’’  по адаптација на ‘’ Стаклена менанжерија‘’ од Тенеси Вилијамс.

2021 година -  Почнува да пишува разни есеи за театар на страницата Camera Obscura Hub. Исто така честува на фестивал за децентрализација на културата BLENDER, каде што држи работилница за глума на деца. Подоцна е дел од стручното жири на театарскиот фестивал Art Trema Fest во Рума, Србија, заедно со Милица Амиџиќ и Зијах Соколовиќ. Работи  во  Драмското студио ‘’Дечија сцена’’ и ‘’ Поетско позориште’’ - Градско позориште Рума, Србија заедно со Золтан Фридман. Подоцна работи на глумачко-танцова претстава ‘’Дрвече плеше‘’ во режија на Јадранка Анџелиќ и Дијана Милошевиќ  како асистент режија во Дах театар – Белград.

2022 година - Работи на претставата  ‘’ Лаку ноќ мајко’’ – Градско позориште Рума како асистент режија и координатор на глума, подоцна и како глумица во ликот на Џеси. Во меѓувреме работи на Поетско позориште каде што го спрема перформансот ‘’Кафанске исповести’’. Таа година е дел од организацијата на 25 Арт Трема Фест.

2023 година - Работи на организација на 26 Арт Трема Фест.