Корисник:Miloosh/Воденици-Млин

Од Википедија — слободната енциклопедија

Воденицата или Млин претставува машина-дробилка или објект каде е сместена машина,наменет за раздробување на тврди зрна материјал се меле на повеќе ситни делови односно прашкаста материја. Во минатото дробилките се користеле најмногу за мелење на жито и производство на брашно. каде со мелење меѓу два млински камења од кои еден бил подвижен се добива брашното. Традиционално тие се напојуваат со влечна сила од ветерот (ветерници) или со вода (воденица)каде со слободниот пад на водата на точката која ја придвижувала,преку преносниот механизам-млински камен. Денес за погонот на дробилките се користат други извори на енергија, најчесто електромотор. Денес постојат млинови кои работат на пареа, како и електрични млинови со далеку поголем капацитет. Во млиновите брашното се сее и се пакува во вреќи. При индустриското производство на брашно, брашното за купувачот се добива со мешање на различни видови брашно кои се добиваат од различни видови на жито. Поквалитетните („тврди“) жита даваат помали приноси, па затоа се и поскапи. На овој начин брашното се типизира, слично како што и млекото се типизиа врз основа на одреден процент на масленост (на пример, 2,8%). Брашно се произведува во текот на целата година. По жетвата, житото се чува во силоси, од каде по потреба се вади и се меле. Според ова, најдобро е да се купува брашно пред жетвата, бидејќи тогаш тоа има најмал процент на влага, односно поминало доволно време за да се засуши.