Корисник:Marija maca92
Кучевиште
Кучевиште Кучевиште (Република Македонија)
Кучевиште е село на југозападните огранки на Скопска Црна Гора, а воедно и во општината Чучер-Сандево. Селото е сместено на подножјето на јужната страна на планината СЦГ, на рамен простор од каде се гледа како на дланка скоро целата Скопска околија, надморска височина од 550 до 600м. Најголемо е во Црногорието. Името Кучевиште според преданијата, е добиено од зборот к’лчиште (кучиста) –врзми од снопчиња од конопје, што во минатото селаните го произведувале за добивање конопно платно и други производи но голема должина и многубројни вирови по реката се киснеле конопјето.
Географиja и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото е ридско и куќите се издигаат на надморска височина од 530 до 620 метри. Од градот Скопје селото е оддалечено 15 километри. Во Кучевиште има основно училиште до VIII одделение и разни услужни и други објекти.
Во селото има голема црква Воведение на Св. Богородица меѓу народот позната како Свети Спас. Таа била веројатно изградена во XIII век, а живописот се одвивал во три фази од XIII до XVIII век.
Историja
[уреди | уреди извор]Првите писмени податоци постојат од првата половина на 14 век.Над селото на една височинка има остатоци од градба градена за време на турското ропство и служело за сместување на турски војници и џандари.
Економија
[уреди | уреди извор]Јужно од селото е плодно поле, а северно шумовита планина. На западниот дел минува многуводната Кучевска Река.Географската положба на селото одговара населението да се занимава со земјоделие и сточарство. Северно од селото е планински простор богат со шума, пасишта и вода.Јужниот дел е плодно поле.
Демографија
[уреди | уреди извор]Кучевиште има 1 869 жители од кои, 367 Македонци, 1 467 Срби, 4 Роми и 4 Турци. Според последниот попис на населението извршен во 2002 година, Кучевиште имало 3167 жители, од кои 1654 се Срби, 1460 Македонци, 15 Власи, 4 Роми, 1 Бошњак и 33 не се изјасниле.
Општествени институции
[уреди | уреди извор]Од јужната страна има училишна зграда изградена за време на турското ропство. Oдносно, тука се наоѓа основното училиште "Св.Кирил и Методиј", каде што наставата се изведува на македонски и на српски јазик. Селото Кучевиште е богато со цркви. Така на пример, во непосредна близина на основното училиште се наоѓа црквата св.Атанасија, потоа
Администрација и политика
[уреди | уреди извор]Општина ЧУЧЕР САНДЕВО
Седиште на општината: СЕЛО ЧУЧЕР САНДЕВО Број на жители: 8493 Површина: 240,78 km2 Густина на население: 35,27 жители/km2 Број на населени места: 12 Населени места: селата: Бањане, Блаце, Бразда, Брест, Бродец, Глуво, Горњане, Кучевиште, Мирковци, Побожје, Танушевци и Чучер - Сандево Градоначалник: Воислав Киранџиќ Членови на совет: 11 Адреса: Општина Чучер Сандево 1011 Чучер Сандево Телефон: 02 2666-157 Факс: 02 2667-353 Web страна: [[1]]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]БЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ, едно од најголемите фудбалски имиња на Македонија.БАНЕ е роден во село Кучевиште-Скопско. Фудбалската кариера ја започна како голман во ФК Вардар, а потоа има настапувано во Раднички-Београд, Сион-Швајцарија, Клиперс-Калифорнија САД. БЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ и селектор на репрезентациите на Заир и Мароко со кои настапи на светски фудбалски првенства.
БЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ настапи за најдобрата фудбалска селекција на поранешна Југославија со која има освоено сребрен олимписки медал на олимпијадата во Мелбурн 1956 година и златен олимписки медал на олимпијадата во Рим 1960 година и сребрен медал на првото европско фудбалско првенство во Париз 1960 година, како и златен медал на европското младинско фудбалско првенство 1950 година.
По завршувањето на богатата фудбалска кариера БЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ долги години беше еден од најуспешните претставници на светската фирма за спортска опрема Адидас за подрачјето на Северна и Јужна Америка.На 29.12.2006 година по кратко боледување на 72-годишна возраст почина.Смртта БЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ го затекна во Стразбур каде што живееше.
Исто така во село Кучевиште за време на летниот распуст (јуни-август) се одвива турнир во мал фудбал, каде учествуваат екипи од голем број населби.