Корисник:Manfile

Од Википедија — слободната енциклопедија

Владимир Илиевски[уреди | уреди извор]

Владимир Илиевски (1970, Скопје), раскажувач, поет, теоретичар

Образование: дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет во Скопје, општа и компатаривна книжевност

Поезија: Гледач на линија (1997), Избор и случајности (2000), Мојата лична амортизација (2002), Нема исти утра (2008), Ноќна еротска програма (2011), Лични податоци (2014), Брзината не убива (2016)

Проза: Пената на црниот бран; раскази, (2018)

Книжевна теорија: Цитатноста во лириката (2007)

Детски сликовници, коавтор: Денот на Пеце (1997), На градските улици (1997)

Преведен на: хрватски, српски, бугарски, руски, украински, литвански, полски, италијански, англиски јазик...

Награди: неколку, само на анонимни конкурси „Студентски збор“, „Нова Македонија“, „Улазница“ - Зрењанин...


Во своите раскази, Илиевски не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши таа хронолошка динстинкција помеѓу времињата, сè со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство. Својата раскажувачка техника, Илиевски не ја затвора во еден унифициран модел. Тој вешто експериментира со начините на раскажување, обидувајќи се при тоа секоја од тие наратовни техники да ја задржи и оправда својата функционалност во расказот како прозна целина. Според рецензентот на книгата, проф. д-р Александар Прокопиев, јунаците во расказите на Илиевски најчесто се во расчекор со диктатите на социјалниот контекст [...] исправени пред мали и големи предизвици што успешно ги совладуваат или, пак, не успеваат во тоа, и во сето тоа, [...] откриваат некои општочовечки егзистенцијални распетија.