Корисник:LukaVojneski/Славче Војнески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Војнески Славче роден во Скопје на 28 Април 1974 моментално професионален фудбалски тренер, исто така поранешен фудбалер кој својата фудбалска кариера ја градеше во поранешната СФРЈ, Македонија и надвор од нејзините граници.

По завршувањето на академската наобразба многу рано се оддава на тренерскиот позив, почнувајќи од ФК Металург-Скопје, младинските репрезентативни селекции на Македонија до А репрезентацијата на Македонија.

Во 2005 година на повик на тогашниот селектор Слободан Сантрач отпочнува со работа во Фудбалската Федерација на Македонија каде што останува се до 2014 година, оставајќи посебни белези во професиналниот а воедно и во младинскиот фудбал,каде што учествувал во создавањето на репрезентацијата U21 која за прв пат во историјата настапи на ЕП.

Во 2003 година ја основа првата фудбалска академија за фудбалери и тренери, ,,ФК Професионал-С.В" Скопје, која во изминатите години со голем успех работи и се развива на Македонското фудбалско небо, произведувајќи 8 интернационални фудбалери, 12 национални играчи кои настапиле за разни национални селекции.Тројца од нив настапиле за нашата најдобра селекција(Пешевски Дејан, Симоновски Марко, Ашковски Стефан)

Моменталниот ангажман кој трае веќе 4 години се одвива во Р.Турција каде работи во низа Турски Суперлигашки клубови (Елазигспор, Генчлербирлиги, Газиантепспор, Ризеспор) со кои бележи забележителни резултати за краток временски период.