Корисник:Ivitms/ТестСтатија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Димо Беќар - Биографија (Dimo Bekar - Biography)

Проф. д-р Димо Беќар е роден на 16.05.1910 година во Прилеп, Р. Македонија. Гимназија завршил во родното место во 1929 година. Во 1929/30 год. се запишал на Земјоделско-шумарскиот факултет, Отсек шумарство, во Белград, на кој дипломирал во 1933 год. Во 1961 год. е избран за редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, по предметот Економика на шумско-стопанските организации.

Бил учесник во НОВ од 1941. По војната, поточно во периодот од 1967-1971 бил Декан на Земјоделско-шумарскиот Факултет во Скопје. Бил помошник-министер за земјоделство и шумарство во Владата на СР Македонија, потпретседател на Комисијата за планирање, како и раководел/директор во неколку шумски стопанства и дрвни комбинати како ,,Црн Бор,“ во Прилеп. Бил претседател на Сојузот на инженери и техничари во областа на шумарската и дрвна индустрија во СФРЈ и претседател на Центарот за стручни кадри во Сараево. Познат е по својот особен придонес во основањето на Дрвниот комбинат во Кавадарци, Македонија.

Поради својата стручност проф. д-р Димо Беќар бил ангажиран и од светски компании со кои соработувал. Во 1950те патувал во Етиопија, потоцна во Индија, Бурма, и Египет како техничка помош за шумарство (1950ти). Соработувал и со Институтот за шумарство во Финска, со Високата школа за шумарство во Франција, како и со Универзитети во Германија и Франција. Публикувал трудови на тема шумско-стопански региони во СР Македонија (пр. Димо Беќар: “Шумско-стопански регион во СР Македонија”, Скопје, 1971, стр. 103 + 1 карта) и постојано изготвувал програми за дрвната индустрија, правел ревизија на проекти за шумарство и дрвна индустрија во тогашна СР Македонија.

Се пензионирал на 1. 10. 1975 год. Починал во 1983 година, во Скопје.

Бил оженет со Мирослава, родум од Босна, со која има две деца: Снежана Беќар - Дрнковска и Круме Беќар кои дипломирале на Технолошкиот факултет и Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје. Познат е по својот карактер на шегаџија, човек кој постојано кажувал вицови, па дури и како професор бил многу прифатен од студентите поради одличната смисла за хумор и дружељубивоста.

За неговиот богат едукативен и научен труд доделени му се бројни меѓународни признанија и награди, меѓу кои Орден за заслуги за народ, Орден на градот со црвено знаме, и Орден од втор ред со златен венец. Проф. д-р Димо Беќар претставува белег на една епоха во историјата на шумарството и дрвната индустрија во Македонија. [1] [2] [3] http://www.sf.ukim.edu.mk/Dokumenti/MONOGRAFIJA/UKIM_SFS_Monografija_65_godini.pdf

  1. Dimitrov, B., 1984: In memory of Prof. Dimo Bekar 1910-1983. Sumarski pregled. Journal of forestry 32(1-4): 35-37
  2. Ko je ko u Jugoslaviji – Jugolsovenski savremenici (1970). Rajovic Radosin (Ed.).Beograd: Hronometar Bgd.
  3. Шумарски Факултет (2012). Монографија 65 години Шумарски факултет (1947-2012) (Monography „65 years Faculty of Forestry 1947-2012). Скопје: