Корисник:Hristina Beader/Рим-вечниот град

Од Википедија — слободната енциклопедија

Рим ( анг.Rome; итал. Roma) е град и посебна комуна ( Roma Capitale) во Италија. Рим, е главниот град на Италија и главен град на Лацио. Со 2.8 милиони жители на 1,285 km2 , е исто така најголемата и најнаселената земја –комуна и четврта населена земја во ЕУ. Некаде околу 3.2 и 3.7 милиони луѓе живеат во римската метропола. Градот се наоѓа во централно-западниот дел на италијанската пенинсула, на реката Тибер заедно со Лацио регионот на Италија. Римската историја спојува период од две ипол илјади години. Всушност, Римското Царство, Римската Република и Римската Империја беа доминантната цила во Западна Европа, и земјите кои граничиле со Медитеранот повеќе од седумстотини години од првиот век пред Христа ,па се до 7-от век пр.н.е, градот се смета како родно место на западната цивилизација. Уште од првиот век пред Христа , Рим беше седиште на папството ,и после крајот на Византиската доминација, во 8-от век стана главен град на Папските држави , кои траеја се до 1870-та.Во 1871-та Рим стана главен град на Царството Италија, а веќе во 1946-та Италијанска Република. По средновековните години, Рим беше управуван од страна на папи како што се Александар VI и Лео Х, кој го трансформираше градот во еден од најголемите центри на италијанската ренесанса ,заедно со Фиренца. Моменталната верзија на Св. Петар Базилика беше изградена и Систинската Капела беше насликана од Микеланџело. Познати уметници и архитекти како што се Браманте, Бернини и Рафаел некое време живееја во Рим , придонесувајќи во ренесансната и барок архитектура. Од страна на GaWc , во 2010-та Рим беше рангиран како бета+ светски град, како и 28-от најважен глобален град. Во 2007-та , Рим беше 11 –от најпосетуван град во светот, 3-от најпосетуван во ЕУ, и најпознатата туристичка атракција во Италија. Градот е еден од Европските и светските најпознати ,но и најуспешни брендови. Неговиот историски центар,историско значење и богатство е заштитено од страна на УНЕСКО како светско богатсво. Спомениците и музеите,како што се музеите во Ватикан и Колосеумот, се едни од 50-те најпосетувани туристички дестинации ( Ватикан годишно е посетуван од страна на 4.2 милион туристи ,додека Колосеумот го посетуваат 4 милиони туристи секоја година.Во 1960-та година,Рим беше домаќин на летните олимписки игри.

Содржина

1.Етимологија 2.Историја 2.1. Најрана историја 2.1.1 .Создавањето на Рим 2.2. Монархија, република,империја 2.3. Средновековни години 2.4. Рано модерни 2.5. Доцни модерни и привремени 3.Владеење (Влада) 3.1. Локално владеење (Локална Влада) 3.1.1 Административни и историски поделби 3.2 Провинциско и регионално владеење 3.3 Меѓународно владеење 4. Географија 4.1 Местоположба 4.2 Топографија 5.Клима 6.Демографија 6.1 Етнички групи 6.2 Религија 7.Град 7.1 Архитектура 7.1.1 Антички Рим 7.1.2. Средновековен 7.1.3. Ренесанса и Барок 7.1.4. Неокласицизам 7.1.5 Фашистичка архитектура 7.2. Паркови и градини 7.3. Фонтани и аквадукти 7.4 Статуи 7.5. Обеликси и колумни 7.6. Мостови 7.7. Катакомби 8.Економија 9.Образование 10.Култура 10.1 Забава и сценски уметности 10.2 Туризам 10.3 Кујна 10.4 Кино 10.5 Јазик 11. Спортови 12.Аџилак 13. Транспорт 14. Интернационални ентитети, организации и вклученост 15. Градови близнаци, сестри градови и градови-партнери 16. Види исто така 17. Референци 18.Библиографија 19.Документарци 20.Дополнителни линкови

Етимологија

За самото потекло на градот Рим,неколку хипотези се прифаќаат.Најважните се следниве: Од f Rommylos (Romulus), потомокот на Ascanius и создавачот на градот;  од Rumon или Rumen, aрхаичкото име на Tiber. Го има истиот корен на грчиот глагол ῥέω (rhèo) и на латиснкиот глагол ruo, каде и двајцата значат ‘’ лебди’’  Oд Етрурскиот збор ruma, чиј корен е *rum- "teat", со можно спомнување или на тотемскиот волк кој ги посвоил и од кој цицале близнаците Ромул и Рем  Од грчкиот збор ῤώμη (rhòme), кој значи сила

Историја

Најраната историја

Создавањето на Рим

Постои археолошки доказ за човечката окупација на римската ареа уште од пред 14,000 години, но густата обвивка на помлади остатоци ги сокрива Палеолитските и Неолитските страни. Докази како што се камени алатки, глинени садови и камено оружје ,укажуваат на постоење на човечко присуство уште пред 10,000 години.

Основањето на Рим

Основањето на Рим,може да се проучи низ археологијата, но традиционалните приказни од страна на античките Римјани, самите тие ја објаснуваат најраната историја на нивниот град, базирана на легенда и мит.Најпознат од овие митови,и воедно можеби најпознат од сите Римски митови, е приказната за Ромул и Рем, близнаците кои биле одгледани од жена-волк.Оваа приказна, мора да се помири со двојната традиција, дека тројанскиот избеглица Енеја, избегал од Италија и ја нашол линијата на Римјаните со неговиот син Лулус, имењакот на династијата Јулио-Клаудијан.

Монархија,република и империја

Најраната историја на Рим е прикриена во легенда. Легендарното потекло на градот, кажува дека Ромул и Рем решиле да изградат град. По кавга, Ромул го убил својот брат Рем. Римскиот поет Вирџил, се повикува на ова верување кога тој го опишува Енеја притоа избегнувајќи го паѓањето на Троја со доаѓањето на Латиум ,за да ја најде линијата, напаѓајќи го Ромул, првиот крал на Рим. Археолошките докази го подржуваат видувањето дека Рим израснал од свештеничките населувања на ридот Палатин, изграден во областа на идниот римски форум.Додека некои археолози дебатираат дека Рим воедно е основан во срединара на 8-от век пред Христа, датата е предмет на контроверзија. Оригиналното населување во главниот град на Римското царство ( управувано од седум кралеви според традицијата), и тогаш Римската република ( од 510-та година пред Христа, управувана од Сенат), и конечно Римската империја ( од 27 –та година пред Христа, управувана од император).Овој успех зависел од воената инвазија, комерцијалната надмоќ, како и избраната асимилација на соседните цивилизациии, највеќе Грците и Етрурците.Со самото создавање,Рим иако изгубил неколку битки, бил непоразен во војна се до 386-та пред Христа, кога за кратко бил окупиран од Галите. Според легендата, Галите понудиле да го вратат Рим помеѓу својот народ за илјадници килограми злато,но Римјаните одбиле, преферирајќи да го земат назад својот град со силата на рацете,отколку да признаат пораз, каде после ова Римјаните го повратиле својот град истата година. Пред да стане Империја,Републиката била богата, моќна и стабилна. Според традицијата, Рим стана република во 509-та година пред Христа. Беа потебни неколку века за да Рим постане огромен град на популарна имагинација, а стана голема империја по владеењето на Август( Октавијан). До 3-от век пред Христа, Рим стана важен град во италијанската пенинсула, каде ги имаше поразено Сабинците, Етрурците и Самнинците, и повеќето грчки колонии во Сицилија Кампанија и во јужна Италија генерално кажано. За време на Пуничките војни помеѓу Рим и големата медитеранска империја на Картага, римската империја се прошири така што стана главен град на прекуокеанска импперија за првпат.На почетокот на 2-от век пред Христа, Рим мина низ доста важна експанзија на популација на италијански фармери, донесени од нивните полиња со доаѓањето на масивно-робните фарми наречени латифунџа.Победата над Картагина во првата пунска војна ги донесе двете провинции надвор од италијанската пенинсула, Сицилија и Корзика и Сардинија. Дел од Шпанија следеа, и во почетокот на 2-от век, Римјаните се вмешаа во сферите на грчкиот свет.До тогаш, Хеленистичките царства и грчките градови-држави беа во опаѓање, изморени од граѓанските војни без крај и потпирајќи и надевајќи се на платените војски. Со ова, Грција се распадна со битката кај Коринт ,и стабилизирањето на Рим, и превземањето на контролата врз Грција започна. Римската империја, официјално започна со владеењето на императорот Август ,притоа основајќи го ( ) во 27 век пред Христа. Ова беше монархиски систем кој беше воден од император кој порадо би владеел цел свој живот отколку да се направи самиот себе си диктатор како што Јулиј Цезар тоа го имаше направено,со што резултираше со атентат врз негов на 15-ти март, 44 пр.х. Императорот Август, започна своја програма на социјална, политичка и економска реформа и голема реконструкција на градот Рим. Овој град стана познат по своите импресивни и фасцинантни нови згради,палати , фора и базилика. Август стана голем и просветен патрон на уметностите, и неговиот круг беше посетуван од поети како што се Вирџил, Хорацеј и Пропертиј. Неговото владеење исто така го стабилизира Pax Romana ,долг период на релативен мир кој траеше речиси 200 години. Неколку владетели го следеа неговото владеење ,како што се Калигула, Неро, Трајан и Хадријан.Римскиот император Неро,беше познат по својата екстравагантност, суровост , тиранија и по митот дека тој бил императорот кој стоел додека Рим горел, ноќта од 18-ти до 19-ти Јули 64 век пр.хр. За Антонин Плаг (165-180) се верува дека убил повеќе од една третина од популацијата. Римската доминација се прошири во повеќето делови на западна Европа и низ краевите на Медитеранот, иако неговото присуство низ земјите –клиенти присуството на владеењето беше поголемо отколку неговите формални граници. Неговата населеност изнесуваше еден милион жители. Речиси 700 години, Рим беше најважниот политички,најбогатиот и најголем град во западниот свет. Откако Империјата започна да се распаѓа,го изгуби неговиот статус на главен град од Милан па се до Равена, и беше пресретнат од престижот на главниот град на источно римската Империја, Констатинопол, каде грчките населеници продолжија векови понапред да се нарекуваат себе си Римјани.

СРЕДНОВЕКОВНИ ГОДИНИ

Папата стана биоскоп на Рим,се до неговата зголемена политичка и религиозна важност под владеење на императорот Констатин I. Папата го назначи Рим за центар на католичката црква. По ограбувањето на Рим во 410-та од Аларик I , и со паѓањето на западната Римска Империја во 476-та, Рим ја смени византиската и германската контрола. Неговата популација опадна од милион населеност во 210-та до 35,000 за време на раните средновековни години, редуцирајќи ги раселените гратчиња во групи на ненаселени згради во областите каде имало рушевини и вегетација. Рим остана дел од Византиската Империја се до 751-та година кога Ломбардите конечно ја згасна Егзархијата на Равена, која беше последната пречка на Византијците во северна Италија. Во 756-та , Пепин му додели на Папата привремено владеење врз Рим и околните области, притоа креирајќи ги т.н Папски држави. Во 846-та година, муслиманските Арапи го нападнаа Рим и ја ограбија Св. Петар Базилика. Рим остана главен град на Папските држави се до неговото присоединување со кралството Италија во 1870-та година,каде градот стана голем аџилак за време на средновековните години, и фокус на несогласувањата помеѓу Папството и Светата Римска Империја ,на чело со Чарлемани, кој беше првиот крунисан император во Рим во 800-та година. Рим го задржа својот статус на Папски главен град и свет град векови и векови, па дури и кога Папството за кратко се пресели во Авињон (1309-1377).

РАНИ МОДЕРНИ

СТАТИЈА:Римската ренесанса

Во доцните години од втората половина на 15-от век, седиштето на италијанската ренесанса од Рим се префрли во Фиренца. Папството сакаше да се изедначи со другите италијански градови и се до крајот создаде повеќе екстравагантни цркви,мостови, плоштади и јавни места вклучувајќи ја новата базилика Св.Петар и Систинската капела, Понте Систо( првиот мост кој е изграден преку Тибер од античко време) и Пјаца Навона. Папите исто така беа и заштитници на уметниците како што се Микеланџело, Перуџино, Рафаел, Џирландио, Лука Сињорели, Ботичели и Козимо Росели. Овој период беше помалку познат и по папската корупција, и вклучување во непотизмот и симонија. Папите заедно со Александар VI беа познати по нивната декадентност, луди забави, ектраваганција и бесмртни животи. Покрај овие екстравагантни и богати папи, Рим се претвори во град на уметност, поезија ,музика, литература, образование и култура. Рим стана способен да се натпреварува со другите европски градови во смисла на богатство,големина, уметности ,образование и архитектура. Ренесансниот период го смени лицето на Рим драматично, со дела на Пјета од Микеланџело и фрески на Борџа станот.Рим ја достигна највисоката точка на уживање се до папата Јулиј II и неговите наследници Лео X и Климент VII, двајцата членови на фамилијата Медичи. Во овој дваесетгодишен период, Рим стана еден од најголемите центри на уметноста во светот. Старата базилика Св.Петар ,изградена од императорот Константин Велики, беше демолирана и одново изградена. Градот беше домаќин на уметници како Гиралдио, Перуџино, Ботичели и Браманте, кој го изградија храмот на Св.Пјетро во Монторијо и планираа голем проект како што е модернизирање на Ватикан.Рафаел, кој во Рим стана еден од најпознатите сликари во Италија, креирајќи фрески во Вила Фарнесина, собите на Рафаел, и уште многу други познати слики.Микеланџело ја започна декорацијата на таванот на Систинската капела и ја погуби познатата статуа на Мојсеј за гробот на Јулиј. Рим изгуби во делот на религијата, каде прерасна во вистински ренесансен град, со голем број на фестифали, коњски трки, забави. Неговата економија беше богата со присуство на неколку Тоскански банкари, вклучувајќи го Агостино Чиги, кој беше пријател со Рафаел. Пред неговата прерана смрт, Рафаел исто така за првпат ја промовираше превентивноста на античките рушевини. Борбата помеѓу Франција и Шпанија во Европа, ја предизвика првата кражба во градот. Со почетокот на Советот во Трент во 1545-та, црквата започна со својата реформација како одговор на Реформацијата, каде се доведе во прашање авторитетот на црквата. Во времето на папите Пијус IV Сикстус V, Рим стана центар на реформираниот католицизам и беше сведок на новите инсталации на нови споменици кои ја славеа големината на папите. Папите и клучните ликови на 17-от и 18-от век го продолжија движењето каде во пејсажот на градот се појавуваа барокни згради.

Доцните модерни години

Владеењето на папите беше прекинато од страна на кратко постоечката Римска Република,која беше изградена под влијание на Француската Револуција. За време на Наполеоновиот режим, Рим беше окупиран од Француската Империја. По паѓањето на Наполеон, црковната држава под владеење на папата беше поставена на функција низ Конгресот од Виена од 1814-та.Во 1849-тата, уште една Римска Република се издигна во рамките на револуциите од 1848-та година. Двете највлијателни фигури на италијанската обединетост Џузепе Мацини и Џузепе Гарибалди, кои се бореа за кратко постоечката република. Рим стана фокусот на италијанската обединетост каде остатокот од Италија беше обединет под владеење на Кралството Италија со привремениот главен град Фиренца. Во 1861-та година, Рим беше прогласен за главен град на Италија иако тогаш сеуште беше под владеење на Папата. За време на 1860-тите , последните траги од Папските држави беа под француска заштита, благодарение на политиката на Наполеон. По Првата Светска војна, Рим сведочеше на ширењето на италијанскиот фашизам, од страна на Бенито Мусолини кој маршираше во градот во 1922-та година, објавувајќи нова Империја и спојувајќи ја Италија во алијанса заедно со нацистичка Германија.Меѓувоениот период набрзо увиде брз раст на градската популација која изнесуваше 1,000,000 жители. Во Втората Светска војна, се до својот статус на отворен град, Рим ја избегна на големо трагичната судбина на другите европски градови,но беше окупиран од германците се до неговото ослободување на 4 јуни 1944-та година.На 19 јуни 1943-та година,Рим беше бомбардиран од страна на англо-американските сили, резултирајќи со 3,000 жртви и 11,000 повредени. После војната,Рим порасна моментално , како еден од водечките сили кои стоеја зад ,,Италијанското економско чудо’’ после пост-воената конструкција и модернизација. Стана модерен град,град на модата во 1950-тите и раните 1960-тите, годините на слаткиот живот "la dolce vita" , со популарни класични филмови како што се as Ben Hur, Quo Vadis, Roman Holiday and La Dolce Vita , снимен во Чинечита студијата. Новиот растечки тренд во популацијата се до средината на 1980-тите , кога комуната имаше повеќе од 2,800,000 жители,и после тоа, популацијата започна полека да опаѓа,каде многу од населението започна да се преселува во предградијата.

ВЛАДА

Локална влада

Рим ја формираше ,,Comune speciale’’ ,под името ,,Roma Capitale’’ , и е најголемата во однос на област и популација покрај 8,101 комуни во Италија.На чело на овие комуни ( општини) е градоначалник, моментално Џани Алемано, и градскиот совет. Седиштето на комуната е Palazzo Senatorio во Capitoline Hill, историското седиште на градската влада. Локалната администрација во Рим е позната под името ,,Campidoglio’’,италијанското име на брегот.

АДМИНИСТРАТИВНИ И ИСТОРИСКИ СУБИДИВИЗИИ

Уште од 1972-та година, градот беше поделен на 19 ( оригинално 20) административни подрачја, наречени општини( municipi).Беа создадени поради административни причини за пораст на децентрализацијата во градот.Секоја општина е водена од претседател и совет од четири члена кои се избирани на секои пет години од своите жители. Општините ги опфаќаат границите на традиционалните,неадминистративни дивизии на градот. Рим е исто така поделен на различни неадминистративни единици. Историскиот центар е поделен на 22 реони, сите заедно лоцирани со Аурелијските ѕидови освен Прати и Борџо. Овие потекнуваат од регионите на антички Рим, кои евулоирале во средновековните години.Во ренесансниот период ,во времето на владеење на папата Сикстус V , тие повторно достигнаа бројка од 14, и нивните граници беа конечно дефинирани со владеењето на папата Бенедикт XIV во 1743-та година. Новата субдивизија на градот под владеење на Наполеон беше кратка, и немаше сензитивни промени во организацијата на градот се до 1870-та година,кога Рим стана третиот главен град на Италија. Потребите на новиот главен град доведоа до експлозија на урбанизацијата и популацијата заедно со и надвор од Аурелијските ѕидови.Во 1874-та година ,петнаесет региони ,Ескулињо беше создаден во новата урбанизирана зона Монти.Со почетокот на 20-от век, и други реони беа создадени.После тоа, за новите административни субдивизии на градот, името ‘’quartiere’’ беше употребено. Денес,сите реони освен Борџо и Прати се дел од првата општина, каде се поврзани со целиот историски град.

ПРОВИНЦИСКА И РЕГИОНАЛНА ВЛАДА

Рим е главниот и најголемиот град во хомонимната провинција, каде ги вклучува градската метрополска област и продожува на север се до Читавеќија.Провинцијата Рим, е 9-та најголема област во Италија. Распростирајќи се на 5,352 км квадратни, неговите димензии се споредливи со региониот на Лиџурија. Градот е исто така главен град на Лацио регионот.

ВЛАДА

Рим е националниот главен град на Италија и седиште на италијанската влдада. Официјалните резиденции на претседателот на на Италијанската република и италијанскиот премиер, со седиште во двете куќи на италијанскиот парламент.Државните министри се раширени низ целиот град, каде овде ги вклучува Министерството за надворешни работи, кој се наоѓа во Palazzo della Farnesina близу Олимпискиот стадион.

Mестоположба

Рим се наоѓа во регионот Лацио во централна Италија на реката Тибер. Оригиналното населување било на бреговите кои гледале кон островот Тибер.Кралскиот Рим бил изграден на седум брега: Авентин, Капитолине, Каељан, Ескулине , Палатине, Квирнал и Виминал брегот. Низ модерниот Рим минува уште една река Аниене. Иако главниот град се наоѓа на некаде околу 24 км од Тиренското море, територијата на овој град се состои од брегови, каде југозападниот дел на Остија се наоѓа. Алтитудата на централниот дел на Рим е од 13 метри надморска височина до 139 метри. Комуната на Рим, ја покрива целата област некаде околу 1,285 км вклучувајќи многу зелено области.

ТОПОГРАФИЈА

Низ историјата на Рим , за урбани граници на градот се сметаа областите заедно со градските ѕидови. Генерално, се состоеле од Сервијанскиот ѕид кој беше изграден 12 години по пљачкосувањето од Галите во 390-та година пр.хр.Овде највеќе се наоѓаа бреговите на Есквилин и Каелинските брегови, како и другите пет. Рим го израсна овој ѕид, и оттогаш престанаа да се градат вакви ѕидови, се до 270-та година кога императорот Аурелијан започна со изградба на Аурелијанските ѕидови. Овие ѕидови беа речиси 19 км долги,и беа ѕидови чии армии на Кралството на Италија мораа да ги прескокнат за да влезат во градот во 1870-та година. Модерните Римјани, за своја урбана област ја сметаат обиколницата the Grande Raccordo Anulare која го кружи околу главниот град на одалеченост од 10км. Комуната на Рим, ја опфаќа повеќе територија и излегува на море кај Остија, најголемиот град во Италија кој не е комуна. Комуната опфаќа област три пати повеќе од вкупната област заедно со Ракордо и се споредува со областите на провинциите Милан и Наполи, и со шест пати поголема област од големината на овие градови. Исто така овде влегува и земјиште кое е погодно за агрокултура но не и за урбан развој.

КЛИМА

Рим има медитеранска клима, со не толку ладни зими,но со доста топли, суви лета. Општо речено, летото во Рим трае шест месеци ,од мај до октомври. Во август, максималната дневна температура достигнува до 30 степени. Традиционално, многу бизниси се навикнати да бидат затворени во август, бидејќи римјаните одат на одмор низ Италија или на брод. Но, во последните неколку години,како што туризамот расте и се развива, градот е отворен преку целото лето. Два месеца ,април и ноември се транзициони, со дневна температура од 15 до 20 степени целзиусови, а ноќна температура од 6 до 12 степени. Римските октомвриски денови (ottobrate) воглавно се сончеви и пријатни. Зимите( декември,јануари ,февруари) не се толку ладни, иако ноќите можат да бидат свежи. Температурата воглавно варира од 10 до 15 степени дневно, додека ноќно време достигнува температура од 3 степени. Врнежите од снег се ретки, додека обилни врнежи од снег има на секои 20-25 години( последниот беше во 2012-та година).

Население

Во времето на императорот Август, Рим беше најголемиот град на светот, со населениое од еден милион народ. Со распаѓањето на западната романска империја, населението на градот значително опадна на помалку од 50 илјади луѓе, и почна да стагнира се до Ренесансата. Кога Кралството Италија го завзеде Рим во 1870-та година, градот кој имаше популација од 200,000 набрзо се зголеми на 600,000 до крајот на првата светска војна. Фашистичкиот режим на Мусолини, проба да го блокира демографичкото растење на градот, но не успеа бидејќи бројката во 1930-та година достигна до еден милион. По Втората светска војна, растењето на популацијата продолжи, потпомогнато од пост-воениот економски БУМ.Овој БУМ исто така создаде голем број на предградија во 1950-тите и 1960-тите години. Во средината на 2010-та година, 2,754, 440 живееја во околината,додека 4,2 милиона живееа во поголемите делови на Рим.Помладите (деца до 18 години и помлади) се вкупно 17 проценти од популацијата споредено со пензионерите чиј процент изнесува 20.76.Просечната старосна граница на еден Римјанин е 43 години споредено со италијанскиот просек од 42 Помеѓу 2002 и 2007-та година, популацијата на Рим порасна за 6.54 проценти , додека во Италија порасна за 3.56 проценти. Моменталната стапка на раѓање е 9.10 раѓања на 1000 жители спореден со италијанскиот просек од 9.45 раѓања.

ЕТНИЧКИ ГРУПИ

Според последните статистики од страна на ISTAT ,речиси 9,5 % од населението го сочинуваат неиталијанци. Речиси половина од имигрантската популација се состои од луѓе со различно европско потекло (воглавно Римјани, Полјаци, Украинци и Албанци), вкупно 131,118 или 4,7 % од популацијата. Останатите 4,8 % се оние кои немаат европско потекло, воглавно Филипинци , Бангладеши, Перујанци и Кинези.

Esquilino областа, прерасна во големо имигрантско соседство,каде денес е познат како Римскиот кинески град,но всушност имигрантите од повеќе од сто земји ги полнат улиците и плоштадите. Во оваа област, се наоѓаат голем број на ресторани, каде имаат секаков вид на интернационална кујна. Постојат низа на продавници од кои вкупните 1,300 , 800 продавници се кинески, околу 300-та ги држат имигрантите, а само на 200 продавници  се сопственици италијанци.

Илјадници римски цигани живеат во илегални камп приколки во градските приградски населби. Популацијата на бездомници во Рим расте, но повеќето од нив не се италијани, и нивната бројка достигна до 7000.

Религија

Статија:Религијата во Рим

Како и останатиот дел од Италија, така и Рим е воглавно католички град, град кој со години уназад бил ценар на религијата со векови, основата на античката Римска религија со ‘’pontifex maxius’’ и подоцна седиште на градот Ватикан и папата. Пред доаѓањето на христијаните во Рим ,римската религија беше најголемата религија во градот . Првите богови беа Јупите, најголемиот, потоа Марс-богот на војната, таткото на близнаците –основачи на градот Рим-Ромул и Рем според традицијата.Други богови и божици како што се Веста и Минерва биле почестени. Рим исто така е основа на неколку мистериозни култови како што е Mithraism. Подоцна, откако Св.Петар и Св.Павле биле измачувани во градот, и кога првите христијани започнале да доаѓаат, Рим станал христијански град,а базиликата Св.Петар беше изградена во 313 –та година. Покрај големите несогласувања и немири, Рим со векови остана дом на Римската католичка црква и на бископот на Рим,уште познат како папа. Покрај фактотот дека Рим е дом на градот Ватикан и базиликата Св.Петар, римската катедрала е базиликата на Св.Јован, лоцирана југоисточно од центарот на градот. Вкупно,во Рим има 900 цркви, покрај самата катедрала, некои од нив се: Базиликата на големата светица Марија, базиликата на Св. Павле, базиликата на Св.Климент, Сан Карло и четирите фонтани ,и црквата на Гезу. Исто така се наоѓаат и катакомбите на Рим,под самиот град. Голем број на важни религиозни образовни институции се наоѓаат во Рим како што се : Папскиот универзитет Латеран, папскиот библиски институт, папскиот универзитет Грегоријан и ориенталниот папски институт. Територијата на градот Ватикан е дел од Mons Vaticanus , и од поранешните антички полиња,каде базиликата на св.Петар, Апостолската палата, Систинската капела беа изградени, заедно со голем број на други згради. Оваа област беше дел од Римскиот реон Борџо се до 1929-та година. Кога со Латеранскиот договор од 1929-тасWhen the Lateran Treaty of 1929 that gave the state its present form was being prepared, the boundaries of the proposed territory was influenced by the fact that much of it was all but enclosed by this loop. For some tracts of the frontier, there was no wall, but the line of certain buildings supplied part of the boundary, and for a small part of the frontier a modern wall was constructed. Во последните години, забележан е значителен пораст на римското муслиманско општество, воглавно поради имиграцијата од северно афричките и средно-западните земји во градот.Како последица на овој пораст на верниците од муслиманската вероисповест, комуната ја промовираше зградата со најголемата џамија во Европа, која беше дизајнирана од архитектот Паоло Портогези, и ингуирана на 21 јуни 1995-та година. Уште од крајот на Римската република, Рим е исто така важен центар на Еврејското општество, кое најпрвин беше базирано во Траствере, а подоцна во Римското гето.Овде исто така се наоѓа големата синагога во Рим, Темпио Маџоре.

АРХИТЕКТУРА

Статија:Архитектурата на Рим

Со вековите, римската архитектура одлично се развиваше ,особено од периодот на класичен и империјалистички римски стил,до модерна фашистичка архитектура. Рим, еден период беше еден од главните светски епицентри на класична архитектура, развивајќи нови форми како што се порта, купола . Римскиот стил во 11-от,12-от и 13-от век беше широко употребуван во Римската архитектура, а подоцна градот стана еден од главните центри на ренесансната и барокната архитектура.

АНТИЧКИ РИМ

Еден од главните симболи по кои Рим е препознатлив е Колосеумот, најголемиот амфитеатар некогаш изграден во Римската Империја. Овој Колосеум, со капацитет од 60,000 посетители, бил употребуван за гладијаторските борби. Листата на важни споменици од антички Рим е голема, вклучувајќи ги  : Римскиот плоштад, Домус Ауреа, Пантеонот, Трајанската колумна, Трајанскиот маркет, катакомбите, циркусот Максимус, бањите Карачала итн.

СРЕДНОВЕКОВНИ ГОДИНИ

Римското средновековно богатство е едно од најголемото во италијанските градови. Базилики кои датираат од Палеохристијанските години како што се : ,,Santa Maria Maggiore’’ ,, San Paolo Fuori le Mura’’ во кои се наоѓаат мозаици од 4-от век. Познати мозаици од средновековните години и фрески може да се најдат во црквите на Санта Марија во Траствере, Санти Кванто Корнати и Санта Праседе.

РЕНЕСАНСА И БАРОК

Рим бил голем светски центар на ренесансата, втор после Фиренца, и беше под влијание на движењето.Помеѓу другите, ремек-дело на ренесансната архитектура во Рим е плоштадот Кампидолио од Микеланџело. За време на овој период, големи аристократски фамилии од Рим граделе богати куќи како што се Palazzo del Quirnale ( моментално седиште на претседателот на Италија), палатата Венеција, палатата Фарнезе, палатата Барберини, палатата Чиги (дом на италијанскиот премиер), палатата Спада, палатата Канчеларија и вилата Фарнезина. Многу од познатите градски плоштади, некои огромни,величествени ,а некои од нив мали сеуште ја имаат нивната истата форма од времето на Ренесансата и Барокот. Такви на пример се плоштадите: Навона, Шпанскиот плоштад, Венеција, Фарнезе, Ротонда, плоштадот на Минерва итн. Едни од најпознатите во тоа време, изградени во барокен стил е фонтаната Треви од Никола Салви. Други познати барокни места од 17-от век се палатата Мадама, моменталното седиште на италијанскиот Сенат и палатата Монтечиторио.

НЕОКЛАСИЦИЗАМ

Во 1870-та година, Рим станува главен град на Кралството Италија. За ова време, новиот стил неокласицизам ,под влијание на античката архитектура, стана доста доминантно во Римската архитектура. За време на овој период, многу големи палати во неокласични стилови беа изградени за потребите на министерствата,амбасади и други државни институции. Еден од најпознатите симболи на Римскиот неокласицизам е споменикот на Виторио Емануеле II , каде гробот на непознатиот војник, кој ги претставува 650,000-те италијанци кои загинале во Првата Светска војна, се наоѓа овде.

ФАШИСТИЧКА АРХИТЕКТУРА

Фашистичкиот режим кој владеел во Италија помеѓу 1922-та и 1943-та година, развил и еден друг архитектски стил кој се поврзува со античката Римска архитектура. Најпознатата фашистичка страна во Рим е областа E.U.R , дизајнирана од Марчело Пјачентини во 1938-та година. Оригинално беше поставена за светската егзибиција во 1942-та година, и беше наречена Е.42 . Светската егзибиција , никогаш не се одржа бидејќи Италија во 1940-та влезе во Втората Светска војна.Најрепрезентативна зграда со фашистичка архитектура е ‘’Palazzo della Civilta Italiana’’ ( 1938-1943), иконски дизајн кој беше изгравиран и на коцките на Сквер Колосеум. По Втората Светска Војна, римските власти открија дека тие веќе го имаат прототипот на непрецизната бизнис област што веќе другите главни градови сеуште планираа ( ‘’London Docklands , La Defense во Париз). Исто и Palazoo della Farnesina, моменталното седиште на италијанското Министерство за надворешни работи беше изградено во 1935-та година во тотален Фашистички стил.

ПАРКОВИ И ГРАДИНИ

Статија:Листа на паркови и градини во Рим

Јавните паркови и природните резерви прикриваат доста голема област во Рим, и самиот град има една од најголемите области на зеленило помеѓу сите останати европски главни градови. Во најпрепознатливиот дел на зеленило , можеме да сретнеме вили и огромни градини,каде што овде, живее италијанската аристократија. Додека многу вили беа уништени за време на градењето на згради во доцните години на 19-от век, многу од нив и се зачувани. Најпознати вили се вилата Боргезе, вила Ада и вилата Дорија Пампфил. Вилата Дорија Памфил се наоѓа западно од брдото Џаниколо.Исто така овде се наоѓаат и вилата Шиара со детски игралишта и шетачки зони. Во близина на Трастевере, ботаничката градина едно доста интересно и затскриено место. Стариот римски хиподром е уште едно големо зеленило , но главната атракција е античката страна на кочиите за тркање и има уште неколку дрвја. Во непосредна близина е и вилата Челимонтана, близу до градините кои ги опколуваат Карачалските бањи и градината на розите. Градината на вилата Боргезе е најпознато зеленило во Рим, со познати уметнички галерии покрај шетачките патеки. Близу е до Шпанските скали кои искачуваат се до Пјаца Тринита ди Монти од Пјаца ди Спања и Пјаца дел Пополо, со Августинската црква изградена во 13-от век. Рим исто така има голем број на регионални паркови , вклучувајќи ги паркот Пинето Реџионал и Ејпијан. Природни резерви има во Марчиглиана и Тенута ди Кастелпорцијано.

ФОНТАНИ И АКВАДУКТИ

Рим е град кој е познат по големиот број на фонтатни, сите од нив изградени во различни стилови , од класичен , средновековен па се до бароктен стил и неокласичен. Градот има фонтани стари повеќе од 200 години, го снабдуваат Рим со вода за пиење, а исто така и ги красат плоштадите.. За време на Римската Империја , според Секстус Јулиј Фронтинус, римскиот конзул кој беше именуван како чувар на водата во градот, Рим имал девет аквадукти кој снабдувал 39 фонтани и 591 јавни мијалници , притоа не вбројувајќи ги снабдувачите на вода за империјалистичкото домаќинство, бањи и сопственици на приватни вили. Секоја од поголемите фонтани била поврзана со два различни аквадукти , во случај едниот да откаже. За време на 17-от и 18-от век, Римските папи ги реконструирале и другите уништени Римски аквадукти и изградиле нови фонтани за да ги означат нивните станици, притоа започнувајќи ја златната ера на Римската фонтана. Римските фонтани, , како цртежите на Рубенс, беа израз на новиот стил на барокната уметност. Беа исполнети со симболични фигури, и исполнети со емоција и движење. Во овие фонтани, скулптурата стана основниот елемент, и водата беше употребувана исклучиво само за да ги краси скулптурите. Тие, како и барокните градини, беа визуелен израз на самоувереност и моќ.

СТАТУИ

Рим е исто така добро познат и по статуите, но воглавно по статуите што зборуваат од Рим. Обично, ова се антички статуи кои станаа познати места на собирање за политички и социјални дискусии, и места каде обично луѓето ги изразуваат своите мислења. Такви постојат две фигури: Паскињо и Марфоријо, и уште четири кои се познати: Бабијуно, Мадама Лукреција , Фачио и Абот Луиџи. Повеќето од овие статуи се од античко римски или класични, а повеќето од нив ги претставуваат митските богови, античките луѓе или легендарни фигури ,како на пример : Паскињо го претставува Менелај, Абот Луиџи е непознат римски судија, Бабијуно го претставува Силенус, Марфоријо ја претставува Океанија, а Мадама Лукреција е искршената статуа на Изис, а Фачино е единствената неримска статута направена во 1580-та година, и не претставува никој особено. Тие често, се прекриени со постери или графити, изразувајќи политички идеи и гледишта.Другите статуи во градот, кои не се поврзани со овие статуи ,вклучувајќи ја и онаа на Понте дел сент Анџело,или неколку споменици кои се наоѓаат низ градот, како што се Џордано Бруно во кампот на Фиори.

ОБЕЛИКСИ И КОЛУМНИ

Статија:Листанна обелиски во Рим

Во градот се наоѓаат осум антички египетски и пет антички римски обеликси, заедно со бројот на повеќето модерни обеликси, каде се до 2005-та година, постоеше и антички обеликс во Рим. Во градот се наоѓаат и неколку обеликси на плоштадите, како што се на плоштадот Навона, плоштадот Св. Петар, Монтечиторио и Пополо ,како и други вили, паркови и градини како што е вилата Челимонтана, Диоклецијанските бањи.Исто така, Рим е домаќин и на Трајанските и Антониските колумни, двете антички римски колумни со спирално ослободување.

МОСТОВИ

Во градот Рим се наоѓаат бројни познати мостови кои се наоѓаат над реката Тибер. Познати се мостовите: Честијо, Милвијо, Номентано, мостот на свети Ангел, Виторијо Емануеле II , Систо и мостот Кватро Капи. Моментално, постојат пет антички римски мостови кои останале во градот. Повеќето од градските мостови се изградени во класичен или ренесансен стил, но исто така и во бароктен стил, неокласичен и модерен стил. Според енциклопедијата Британика, најубавиот антички мост кој останал во Рим е мостот свети Анџело,кој беше завршен во 135-та година, декориран со 10 статуи на ангели, дизајниран од Бернини во 1688-та година.


ГРОБНИЦИ

Рим има голем број на антички на гробници, или подземни места за закопување под или во близина на градот, вкупно четириесетина ,некои од нив откриени во поновото време. Покрај познатите христијански гробници, овде спаѓаат и паганските и еврејските гробници, заедно или оделено. Првиот голем број на гробници беа ископани од вториот век па наваму. Тие беа моделирани низ туф, мек вулкански камен, надвор од градот, затоа што римскиот закон ги забранува гробниците во рамките на градот. Моментално заштитата на гробниците е во рацете на папството, кое има инвестирано во супервизија на гробниците свети Каликтус.

ЕКОНОМИЈА

Да се биде главен град на Италија, Рим е домаќин на сите главни институции на нацијата, како што е Претседателството на републиката, Владата, Парламентот, основните судови, и дипломатските претставништва на земјите во Италија и градот Ватикан.Многу меѓунардони институции се наоѓаат во Рим, културни и научни како што се : Американскиот институт , Британското школо, Француската Академија, Скандинавските институти, Германскиот археолошки Институт- стипендија чест на Вечниот град, специјализирани агенции на Обединетите Нации, како што е ФАО.Рим е домаќин и на големи интернационални и светски политички и културни организации, како што е Меѓународниот фонд за развој на земјоделството, Светската програма за храна, Одбранбениот колеџ на НАТО, и меѓународниот центар за изучување и презервација и ресторизација на културната област. Рим ,моментално е бета+ светски град, паѓајќи од својот алфа статус во 2008-та година,заедно со Берлин,Стокхлом, Атина, Прага, Монтреал и Ванкувер. Со вкупно 2.56 поени, Рим во 2010-та година беше рангиран како 28-от во Глобалниот градски индекс , притоа станувајќи највисоко рангиран град во Италија (Милан се наоѓа на 42-то место. Во 2008-та година, Рим беше рангиран како 15-ти по ред , град со глобално значење, највеќе поради своето културно искуство. Со бруто домашен производ од 94. 376 милијарди, градот придонесува 6.7 проценти од меѓународниот бруто производ, како и стапката на невработеност, намалена од 11.1 процент на 6.5 проценти помеѓу 2001-та и 2005-та година,а сега е рангиран како град со најмала стапка од сите главни градови во Европската Унија. Ова значи, доколку Рим беше држава, според БДП ќе беше 52-от најбогат град, приближно колку и Египет. Рим во 2003-та година,исто така имаше БДП по жител околу 29,153, кој беше втор во Италија,веднаш зад Милан, и е за 134.1 % повеќе од европскиот просек БДП по жител. Во целост, Рим ги има најголемите приходи во Италија, каде во 2008-та година достигна 47,076,890,463 евра. На глобално ниво, Римските работници во 2009-та година примаа највисоки плати , рангирани на 30-то место. Иако економијата во Рим е карактеристична по отсуството на тешката индустрија и воглавно е доминирана од страна на ИТ, високо-технолошките компании,одбрана, телекомуникации, воздухоплоство, истражување,градење и банкарство, како и огромниот развој на туризамот ,се многу динамични и екстремно важни за самата економија на Рим.Меѓународниот аеродром Фијумичино, е најголемиот во Италија, и во градот се наоѓаат голем број на главните седишта на многу италијански компании, како и претставништа на три од 100-те светски компании ,како што се : Енел, Ени и телеком Италија. Универзитетите, националното радио и телевизија, како и филмската индустрија во Рим се исто така важен дел од економијата. Рим е исто така центарот на италијанската филмска индустрија благодарение на Чинечита студијата, кои постојат уште од 1930-та. Градот е исто така центар на банкарството ,осигурување ,како и електрија,енергија ,транспорт и воздухопловните индустрии. Голем број на меѓунардони компании и претставништва на агенции, владини министри, конференциски центри, спортски центри, музеи, се наоѓаат точно во Римските бизнис области како што се : Esposizione Universale Roma, Torrino, Magliana, Parco de’Medici Laurentina.

ОБРАЗОВАНИЕ

Рим е меѓународен голем центар за високо образование, кој се состои од голем број на академии,колеџи и универзитети. Според индексот на градските брендови, Рим се смета како вториот светски историски, образовен ,културен и убав град. Во самиот град, има доста голем број на разни академии,колеџи и отсекогаш бил голем светски интелектуален и едукациски центар, посебно во времето на антички Рим , во времето на Ренесансата ,заедно со Фиренца. Рим има голем број на универзитети и колеџи. Неговиот прв универзитет, Ла Сапиенца ,основан во 1303-та година, е најголемиот во Европа,и втор по големина во светот, каде настава посетуваат повеќе од 140,000 студенти,а во 2003-та година е рангиран како европскиот најдобар универзитет, а моментално е рангиран помеѓу 50-те европски и 150-те светски најдобри колеџи. Со цел да се намали запишувањето на Ла Сапиенца, двата нови универзитета беа основани по последните декади- Тор Вегата во 1982-та година и Рома Тре во 1992-та година. Рим е домаќин и на ЛУИС Владиното школо, италијанскиот најважен универзитет во областа на меѓународните односи и европските студии. Во Рим има исто така голем број на папски универзитети и други институти, вклучувајќи го и британското школо во Рим, Француското школо во Рим, Папскиот универзитет-Грегоријан основан во 1551-та година, Европскиот институт за мода, универзитетот св.Јован, Американскиот универзитет во Рим, Линк Кампус на Малта и др. Римските колеџи се неколку семестрални за студентите од други држави, кои изучуваат свештеништво на Папските универзитети. Овде може да се спомнат Папскиот северноамерикански колеџ, Колеџот Скотс, и хрватскиот папски колеџ. Најголемите римски библиотеки се : Библиотеката Анџелика,отворена во 1604-та година, која е првата италијанска јавна библиотека,библиотеката Касантензе отворена во 1701-та година, Валичеијана, Хетзијана, Институтот Макс Планк- Германска библиотека која се наоѓа во Рим,Меѓународната централна библиотека ,една од двете интернационални библиотеки во Италија, која има 4.126.002 книги, библиотеката за изучувањево областа на дипломатијата, модерната историја, библиотеката на Институтот на италијанската енциклопедија, библиотеката Дон Боско, една од најголемите и најмодерни библиоеки, библиотеката за историјата на театарот и драмата, библиотеката на италијанската географија, базирана во вилата Челимонтана, и една од најважните географски библиотеки во Италија, и една од најважните во Европа, и Ватиканската библиотека, една од најстарите и најважните библиотеки во светот, која официјално беше изградена во 1475-та година.

КУЛТУРА

Статија:Културата во Рим

ЗАБАВА,КУЛТУРА,МУЗИКА

Статија:Музиката на Рим и Настани во Рим Music of Rome and Events in Rome Рим е доста важен центар за музика, и има различна музичка сцена, вклучувајќи неколку престижни музички конзерваториуми и театри. Домаќин е на интернационалната Академија санта Сесиља, чии концертни сали беа изградени во новиот Парк на музиката, еден од најголемите музички локации во светот.Рим исто така има и куќа на операта, театарот на Опера во Рим ,како и неколку помали музички институции.Градот во 1991-та година беше домаќин на евровизискиот фестивал и на европските доделувања на награди на Ем-ти –ви. Рим има и доста голем удел врз музичката историја.Римското школо, беше група на композитори на воглавно црковна музика, кои беа активни во градот во време на 16-от и 17-от век.Многу од композерите имаа и директна поврзаност со Ватикан и венецијанското школо на композери. Најпознат композитор од Римското школо е Џовани Пјерлуиџи да Палестрина, чие име беше четиристотини години поврзано со чиста,полифонична перфекција.

ТУРИЗАМ

Рим е денес еден од најпознатите туристички дестинации во светот, поради неговите археолошки и артистички богатства, како и поради шармот на посебните традиции, убавината на неговите панорамски погледи, величествените паркови. Покрај најзначајните извори се големиот број на музеи (Капитолини, Ватиканските Музеи, галеријата Боргезе, вклучувајќи ги оние посветените на модерната и привремената уметност ), аквадукти ,фонтани , цркви ,палати, историски згради и споменици , и остатоци на римскиот Форум и гробници. Рим е 3-от најпосетен град во Европа, по Лондон и Париз, и годишно е посетуван од 7-10 милиони туристи, каде понекогаш оваа бројка и се дуплира. Колосеумот е посетуван од 4 милиони туристи, Ватиканските музеи-4.2 милион туристи, се 39-тие и 37-те најпосетувани места во светот, според моменталните истражувања. Рим е голем археолошки центар, како и еден од главните светски центри во археолошките истражувања. Постојат голем број на културолошки и истражувачки институти лоцирани во градот како што е Американската Академија во Рим, Шведскиот Институт во Рим. Во Рим исто така има и голем број на антички пронаоѓалишта како што е форумот Романум, Трајанскиот Форум,Колосеумот и Пантеон.Колосеумот е еден од најпознатото археолошко пронаоѓалиште, и се смета како светско чудо. Во Рим се наоѓа и голем број на доста импресивни колекции од областа на уметноста,скулптурата, фонтани,мозаици, фрески и слики, од различни периоди. За време на антички Рим, Рим стана најголем уметнички центар, со форми на Римска уметност,како што е архитектура, цртање, скулптура и мозаик. Рим подоцна стана голем центар на ренесансната уметност, откако папите потрошиле огромна сума на пари за изградбата на грандиозните базилики,палатаи и плоштади како и на зградите.Рим стана еден од најголемите европски центри на ренесансната уметност веднаш после Фиренца, и способен да застане рамо до рамо со други големи градови и културни центри,како што се Париз и Венеција. Градот беше ,,заразен’’ од барокот, па така Рим стана дом на голем број на уметници и архитекти како што се Бернини, Караваџо, Карачи, Боромини и Кортона. Во доцните години на 18-от и почетокот на 19-от век, градо беше еден од центрите на Големата Тура, кога богати, млади англиски и други европски аристократи го посетуваат градот за да научат нешто за античката римска култура,уметност,филозофија и архитектура. Рим е дом и на голем број на неокласични и рококо уметници како што се Панини и Бернардно Белото. Денес,градот е голем артистички центар со голем број на уметнички институти и музеи. Во националната галерија на модерни уметности, се изложени дела од Бала,Моранди,Пирандело, Кара,Чирко, Пизис, Гутусо, Фонтана,Бури,Мастроијани,Туркато ,Кандиски, Чезане. Во 2010-та година, Рим го доживеа отварањето на најновите уметнички фондации, привремена уметност и архитектонска галерија дизајнирана од страна на ирачкиот архитект Заха Хадид.Познат како Макси меѓународниот музеј на уметноста на 21-от век и архитектур, ги рестарвира запустените области со модерна архитектура. Во Макси се наоѓа и кампус посветен на културата, експиременталните истражувачки лаборатории, меѓународната размена и изучување и истражување. Тоа е еден од најамбициозните модерни архитектонски проекти заедно со Аудиториумот на Ренцо Пијано ,паркот на музиката, и римскиот Масимилијано Фуксано конвенциски центар, Италијанскиот конгресен центар . Рим е познат и како светскиот град на модата.Иако не е толку важен како што е Милано, Рим е четвртиот светски град на модата, по Милано,Њујорк, Париз и Лондон. Многу луксузни модни куќи како и златари, како што се Булгари,Фенди,Лаура Бјаџоти и Бриони, се наоѓаат овде. Други познати брендови се Шанел,Прада,Долче и Габана, Армани и Версаче,кои имаат луксузни бутици во Рим, кои се наоѓаат на познатата улица Кондоти.

КУЈНА

Статија : Римска кујна

Низ вековите, Римската кујна се развиваше во време на периодите на социјална,културни и политички промени.Рим стана огромен гастрономски центар за време на антички Рим.Античката римска кујна беше под влијание на античката грчка кујна, и по големата империска експанзија, провинциски кулинарски навики и готвачки техники. Во почетокот, разликите помеѓу социјалните класи сеуште не беа толку големи,но подоцна беа се повеќе видливи.За време на ренесансата, Рим стана познат град на добрата кујна, уште од времето на најдобрите шефови кои готвеле за папите.Како пример може да биде Бартоломео Скапи, кој стана славен во 1570-та година, кога ја објави својата книга ,,Операта на уметноста во кујната’’ , воедни и главен шеф во ватиканската кујна. Во книгата,можат да се најдат околу 1000 рецепти на ренесансната кујна, и ги објаснува готвачките кујни и алатки, давајќи ја и првата слика на вилушка.Денес, градот е познат по традиционалните италијански садови. Може да се забележи и еврејското влијание. Познати специјалитети се карбонара шпагети, шпагети со сланина, јајца, пица, итн.

Кинематографија:

Статии:Листа на филмски сетови во Рим , Листа на филмски сетови во антички Рим Во Рим се наоѓаат студијата Чинечита,најголемата филмска и телевизиска продукција во континентална Европа, и во центарот на италијанската кинематографија,каде голем број од денешните најгледани филмови се токму овде снимени. Ова студио се простира на 99 акри, и се наоѓа на 9,0 км од центарот на Рим, и е дел од едно од најголемите продукциски општества во светот, веднаш после Холивуд, каде можат да се најдат 5,000 професионалци –од костимографи до специјалисти за визуелни ефекти.На оваа територија,се снимени доста филмови како што се : The Passion of the Christ, Gangs of the New York, HBO’s Rome, The Life Aquatic , Dino De Laurentiis, Decameron, до филмски класици како што се Ben Hur, Cleopatra и филмови на Федерико Фелини.


Основани во 1937-та година од страна на Бенито Мусолини, студијата беа бомбардирани во време на Втората Светска војна од страна на западните сили.Во 1950-тите, Чинечита беше локацијата на која снимија неколку американски филмски продукции. Денес,Чинечита е единственото студио во светот пред-продукција, продукција и пост-продукција на едно место, дозволувајќи им на режисерите и продуцентите да влезат со нивно сценарио и да си заминат со целосен филм.

Јазик

Статија: Римски дијалект и Латински

Иако денес јазикот го поврзуваат само со латински, античкиот Рим всушност беше многујазичен. Во највисоките антички Сабински племиња, сабинскиот јазик беше една од италијанските групи на древните италски јазици, заедно со етрурскиот, кој беше официјален јазик на кралевите од антички Рим кои владееле се до 509-та година пред Христа, и со основањето на републиката. За Урангила,жената на Императорот Клаудиј, се верува дека таа уште многу векови го зборела овој јазик.Латинскиот, во различни еволуирачки форми, беше главниот јазик на класичниот Рим, но како град имаше имигранти, робови, амбасадори кои доаѓале од многу места на светот,па затоа и се вели дека Рим бил и многујазичен град. Многу образовани римјани зборувале грчки, а во Рим можело и да се најде и голем број на грчка,сиријска и еврејска популација.Латинскиот јазик, се развивал за време на Средновековните години во италијански. Имало и влијание од различни регионално дијалекти, заедно со тусканскиот дијалект, но популацијата на Рим исто така и си разви свој дијалект,Романеско. Античкиот романеско за време на средновековните години беше јужен италијански дијалект,многу близок до неаполскиот јазик. Влијанието на флорентинската култура за време на ренесансата, и пред се имиграцијата во Рим од страна на многу Флорентици, а помеѓу нив и папите Лео X и Климент VII. Како последица.Традиционалните форми на романеско,беа забранети да се менуваат во дијалект кој што се зборува во градот, кој повеќе наликува како стандардниот италијански јазик, иако има остатоци од римските локални дијалекти на Лацио. Дијалектната литература во традиционалната форма на Романеско вклучува дела од автори како што се : Џузепе Џиочино, Трилуза и Цезар Пашчарела. Привремениот јазик романеско, е воглавно претставуван од популарни актери како што се Алдо Фабризи, Алберто Сорди, Нино Манфреди, Ана Мањани, Гиџи Пројети, Енрико Монтесано и Карло Вердоне. Римскиот историски придонес во смисла на светот е многу поголема.Низ процесот на Романтизација, луѓето од Галија, и Дачија ги развија јазиците кои директно потекнуваат од латинскиот јазик, и беа усвоени во големите области во светот низ процесот на колонизација и културното влијание. Римската или латинската азбука е најголемиот пишан систем во светот употребуван од голем број на јазици. Рим е дом на многу артистички општества, странски општества и голем број на странски религиозни студенти, па така е едно големо повеќејазично место. Денес, поради масовниот туризам, многу јазици се употребуваат во туризамот,посебно англискиот, кој е познат во туристичките области, а градот е дом на голем број на имигранти и има многу имигрантски области.

Спорт

Фудбалот е најпознатиот спорт во Рим, како во и во остатокот во земјата. Градот во 1934-та година и 1990-та беше домаќин на ФИФА светскиот куп. Подоцна се префрли на Олимпискиот стадион кој е домаќин на локалните серија А клубовите Рома и Лацио, чие ривалство е печат на римската спортска култура. Фудбалерите кои играат за овие тимови се родени во овие градови и настојуваат да бидат популарни, како што е случајот со Франческо Тоти и Даниел Роси,играчи од Рома. Атлетико Рома е помал тим кој игра во прва лига,и неговиот стаион е стадионот Фламинио. Во 1960-та година, Рим беше домаќин на летните олимписки игри, со голем успех, употребувајќи многу антички страни како што се Вила Боргњезе и Терма Карачала како место каде ќе се одржуваат натрпеварите. За Олимписките игри многу нови места беа изградени, новиот огромен Олимписки Стадион), Олимпиското Село итн. Рагби унијата е се повеќе прифатена. Стадионот Фламинијо е домаќин-стадионот на интернационалниот рагби тим, кој има играно во шест меѓународни првенства уште од 200-та година,но досега немаат победено. Рим е дом на локални рагби тимови, како пто се Рагби Рома, Лацио итн. Секој мај,Рим е домаќин на АТП МАСТЕР сериите во тенис турнирите на тениските полиња на Форо Италико. Велосипедизмот беше популарен за време на пост-воениот период после Втората Светска војна. Покрај ова, Рим е домаќин и на други спортови вклучувајќи одбојка, ракомет ,кошарка и ватерполо.

Aџилак

Уште од средновековните години,Риме голем христијански аџилак.Луѓето од целиот христијански свет доаѓаат за да го посетат Ватикан заедно со градот Рим, седиштето на папството.Во времето на средновековните години, Папата бил највлијателна личност.Градот станал аџилак за време на средновековните години, и фокус помеѓу несогласувањата помеѓу папството и светата Римска империја, започнувајќи со Чарлемањи, кој беше првиот крунисан император од страна на Папата Лео III. Покрај кратките периоди како независен град за време на средновековните години, Рим го задржа својот статус како папски град и свет град уште многу векови,па дури и кога Папството се пресели накратко во Авињон(1309-1377).Католиците до ден денешен веруваат дека Ватикан е последното почивалиште на св.Петар,и илјадници верници го посетуваат градот. Една од главните точки во аџилакот каде верниците застануваат, се Пилатските степеници каде, според христијанската традиција, овие скали носеле директно до праеториумот на Понтиус Пилате во Ерусалим, каде Исус Христос стоел за време на неговата мака на патот кон неговиот суд. Скалите беа донесени од Св.Елена во 4-от век.Векови и векови, Светите скали ( Скала Санта) привлекувале христијански аџилаци кој сакале да причинат чест на страдањата на Исус. Аџилаците во Рим можат да вклучат голем број на градови. Заедно со градот Ватикан и во италијанската територија во самиот град Рим. Некои од овие антички катакомби во кои христијаните се молеле, ги закопувале нивните мртви и ги носеле нивните божества за време на периодте на прогонувања,и многу национални цркви, највеќе познати црквата на Св.Луис, или црквите поврзани со различни индивидуални наредби, како што се Пилиграмските цркви, посетувани поради индивидуалниот светец кој се наоѓа таму ,или пак во средновековните години поради големиот број на луксузи, или поради национални причини.Св.Петар Базилика е главната дестинација за аџилак, поради присуството на Папата и поради големиот број на закопани папи од минатото, вклучувајќи го Св.Петар, признат од католиците како првиот папа.Св.Петар има три големи цркви, заедно во италијанската територија и надвор од градот Ватикан каде има уште четири главни базилики, како што е базиликата на св.Јован Лејтеран, базиликата на Св.Павле надвор од ѕидините,каде се верува дека Св.Павле е закопан и светицата Мери. Три помали базилики заедно со Рим, формираат седум аџилачки градови

Транспорт

Рим е центарот на радијалната мрежа на патишта кои грубо ја следат линијата на античките римски патишта кои започнуваат кај ридот Капитолине и го поврзуваат Рим со оваа империја. Денес, Рим е округол со дистанца од 10 км дијаметар. Зависно од неговата локација , во центарот на Италијанската пенинсула, Рим е железничкиот јазол за Централна Италија. Главната станица во Рим,Термини, е една од најголемите железнички станици во Европа и најкористената, се речиси околу 400 илјади патници секој ден. Втора по големина во градот Рим е Тибуртина. Рим има 3 аеродрома. Интерконтиненталниот Леонардо Да Винчи- е меѓународниот аеродром во Рим и главен ,исто познат како и Фиумичино, и се наоѓа во близина на комуната на Фиумичино, југозападно од Рим. Најстариот аеродром Рим- Чиампино е воен аеродром. И, третиот е Рим-Урбе , мал , нископрометен аеродром кој се наоѓа 6 км северно од центарот на градот, каде највеќе слетуваат хеликоптери и приватни авиони. Градот страда од сообраќајни проблеми, поради уличните сплетови , што им го отежнува сообраќајот на Римјаните, да се движат лесно од еден крај кон друг, без да влезат некој историски центар или да ја употребуваат обиколницата. Кога би го споредиле со другите големи европски градови, овие проблеми не се олеснети од страна на Римскиот метро систем . Хроничното загадување од автомобилите во 1970-тите и 1980-тите доведе до рестрикции на употреба на автомобил во внатрешноста на градот за време во часовите додека е ден.Овие области каде важат овие рестрикции се уште познати како Лимитирани сообраќајни зони . Линијата А2 во метро системот ,уште позната и како Метрополитана е главната линија во Рим. Изградбата започна во 1930-тите. Оваа линија беше планирана за брзо да ги поврзе главната железничка станица со новопланираната Е42 област во јужните предградија, ккаде во 1942-та требаше да се одржи Светскиот Саем. Овој саем никогаш не се одржи поради војна, Оваа област подоцна беше преименувана во ЕУР, каде во 1950-тите служеше како модерна бизнис област. Оваа линија конечно беше пуштена во употреба во 1955-та година ,и сега е дел од Б-линијата. Линијата А,отворена во 1980-та од Отавијано до Анањина станиците. Во 90-тите, уште една додатна линија од Б-линијата беше отворена од Термини до Ребибија. Оваа подземна мрежа е генерално издржлива.Двете веќе постоечки линии А и Б, ја преминуваат станицата Рома Термини. Нов дел од Б линијата (Б1) е во изградба и чини 500 мил.евра, и треба да се отвори во 2012-та година. Б1 ќе ги поврзува Пјаца Болоња и ќе има четири станици со должина од 3.9 км. Третата линија Ц, е во изградба и чини 3 милјарди и ќе има 30 станици во должина од 25,5 км. Фактички, ќе ја замени веќе постоечката линија Термини Пантано. Ќе има целосно автоматски , возови за кои нема да има потреба од возач. Првиот дел треба да се отвори во 2011-та година, а последната во 2015-та година, но археолошките пронаоѓања често го забавуваат овој процес на изградба. Овој проект ќе биде отворен во 2015-та година ,а последните делови пред 2035-та година. Покрај подземниот сообраќај, Рим исто така се состои од автобуси, трамваи и железничка мрежа. Автобуската мрежа има повеќе од 350 автобуски линии и повеќе од 8 илјади авотбуски постојки.

Меѓународни ентитети,организации

Рим е посебен во тоа што има независна држава во самиот град, а тоа е Ватикан. Ватикан е дел од Рим и независен сопственик на Светата Столица , врховната влада на Римската католичка црква. Рим е домаќин на две странски амбасади , во Италија и Светата столица, иако истиот амбасадор е акредитиран за двете амбасади. Рим исто така е седиште на неколку агенции на ООН, како што се Светската програма за храна, Организацијата за храна и агрокултура и Меѓународниот фонд за развој на Агрокултурата. Традиционално, Рим беше вмеша во процесот на Европската политичка интеграција. Во 1957-та година, градот Рим беше домаќин на потпишувањето на Договорот од Рим, кој го стабилизираше Европското економско општество, и исто така беше домаќин при потпишувањето на Европската Конституција во јули 2004-та година. Рим е седиште на Одбранбениот колеџ на НАТО, и е место каде Законот за меѓународен криминалистички суд беше создаден.

Градови близначки, градови-сестри, и партнер-градови

Уште од 1956-та година, Рим е реципрочно сличен со:

  • Париз, Франција

Градови –партнери : • Aчачи ,Боливија • Алжир,Алжир • Бејлинг, Кина • Белград, Себија, • Каиро,Египет • Бразилија,Бразил • Киев,Украина • Лондон, Обединетото Кралство • Мултан,Пакистан • Мумбаи,Индија • Мадрид,Шпанија • Марбела,Шпанија • Монтреал,Канада • Њујорк, Обединетите Држави • Пловдив,Бугарија • Њу Делхи,Индија • Сеул,Јужна Кореа • Сиднеј,Австралија • Тирана,Албанија • Токио ,Јапонија • Тонгерен,Белгија, • Тунис,Тунис • Вашингтон.