Корисник:Gmaurovski/ТестСтатија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фудбалски клуб Манчестер Јунајтед (Manchester United)[уреди | уреди извор]

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед е англиски фудбалски клуб, основан на Олд Трафорд (Old Trafford) во Трафорд, големиот Манчестер. Тој е еден од најпопуларните клубови во светот, со околу 330 милиони навивачи насекаде во светот- тоа е скоро 5 % од светската популација. Клубот беше еден од основачите на Премиер лигата во 1992 година, а игра во топ дивизијата на Англискиот фудбал уште од 1938 година, со исклучок на сезоната во 1974-75 година. Просечната посетеност на клубот за сите сезони, освен за шест сезони од 1964-65, е повисока од кој било друг тим во Англискиот фудбал.

Манчестер Јунајтед се актуелни шампиони на Англија, Европската Лига на Шампиони и Светскиот куп, освујувајќи ја премиер лигата во 2007-08 година, УЕФА Лигата на Шампиони во 2007-08 година и ФИФА Светскиот Клубски Куп во 2008 година. Клубот е еден од најуспешните во историјата на Англискиот фудбал и има освоено 21 пехар во премиер лигата, откако менаџерската улога во 1986 година ја превзеде Алекс Фергусон. Во 1968 година, тие станаа првиот Англиски клуб што го освоил Европскиот куп, победувајќи ја Бенфика со 4-1. Во 1999 година Манчестер освои се што можеше да се освои а круна на се беше и освојувањето на вториот Европски куп, пред да го освојат нивниот трет во 2008 година. Исто така клубот е носител и на рекордот на освоени 11 титули во ФА купот.

Во подоцнежните 90-ти години, клубот беше еден од најбогатите во светот со највисоки приходи од било кој друг фудбалски клуб и моментално е рангиран како најбогат и највреден клуб во било кој спорт, со вредност од 897 милиони фунти ( 1,333 милијарди евра/ 1,8 милијарди долари) во септември 2008 година. Манчестер Јунајтед исто така беше еден од основачите на сега веќе непостоечката Г-14 група на водечките Европски клубови, која што сега е заменета со Асоцијација на Европските клубови.

Алекс Фергусон е менаџер на клубот од 6 Ноември 1986 година, приклучувајќи се од Абердин откако Рон Аткинсон беше отпуштен. Сегашниот капитен на клубот е Гери Невил, кој го наследи Рој Кин во Ноември 2005 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Раните години (1878-1945) Главна тема: Историјата на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед (1878-1945)

Клубот е формиран како Newton Heath L&YR F.C. во 1878 година како тим на работници од Lancashire and Yorkshire Railway железничката станица во Newton Heath. Дресовите биле зелени со златни делови. Тие 15 години играле на мало, старо игралиште во North Road, пред да се преселат во 1893 година на Bank Street во соседниот град Клејтон. Клубот влегол во Фудбалската лига претходната година и почнал да се одвојува од поврзаноста со железничката станица, станувајќи независна компанија, назначувајќи клубски секретар и отфрлувајќи го името на "L&YR" така што останало само името Newton Heath F.C. Не многу подоцна, во 1902 година, клубот банкротирал, со долгови повеќе од 2,500 фунти. А уште пострашно било и затварањето на нивното игралиште Bank Street од страна на судските извршители.

Пред целосно да згасне, клубот прими пристојна инвестиција од управниот директор на Пиварата од Манчестер, господинот Џ. Х. Дејвис. Приказната кажува дека клубскиот капитен Хари Стафорд го покажувал неговото ценето куче Бернардинец на клубскиот секретар, а во тој момент Дејвис му пристапил со цел да го купи кучето. Стафорд одбил, но бил способен да го убеди Дејвис да инвестира во клубот и да стане претседател. На еден од состаноците на управата било решено дека клубот бара смена на името се со цел да почне нов почеток. Манчестер Централ и Манчестер Селтик беа едни од предложените имиња, пред еден млад имигрант од Италија со име Луис Рока да каже "Господа, зашто да не се викаме Манчестер Јунајтед? " Името било прифатено и Манчестер Јунајтед официјално постои од 26 Април 1902 година. Дејвис исто така решил да се сменат и боите на клубот, заменувајќи ги претходните и избирајќи ги црвената и белата боја да бидат боите на Манчестер Јунајтед.

Емест Мангнал бил назначен како клубски секретар откако Џејмс Вест бил преименуван како менаџер на 28 септември 1902. Мангнал бил задолжен со обврската да се обидува да го внесе клубот во Првата Дивизија. Тој не успеал во првиот обид, завршувајќи како петти во Втората дивизија. Мангнал одлучил дека е од голема важност во клубот да се донесат нови лица и потпишал договори со играчи како што се Хари Могер на голот, Дик Дакворт на одбранбената позиција и Џон Пикен во нападот, но и уште еден одбранбен играч во името на Чарли Робертс кој што го направи најголемиот напредок. Тој го чинеше клубот за тогаш рекордни 750 фунти доаѓајќи од Grimsby Town во април 1904 година и им помогна да се пласираат на третото место во сезоната 1903-04, со само еден поен помалку од второ пласираниот.

Како и да е, не поминал многу долг период, пред клубот да биде промовиран во Првата Дивизија за прв пат под нивното ново име, завршувајќи ја сезоната 1905-06 во Втората Дивизија на второто место. Следеше сезона за консолидација, каде што клубот заврши на осмото место, а веќе наредната сезона ја освоија и првата титула во 1908 година. Манчестер Сити беше под истрага за наводно плаќање на нивните играчи со суми поголеми од дозволените според правилниците на ФА. Тие беа казнети со 250 фунти и осумнаесетина од нивните играчи добија забрана да играат за нив засекогаш. Јунајтед реагираше брзо, земајќи ги Били Мередит ( Велшкиот волшебник) и Санди Тумбул, меѓу другите. Новите момци од другата страна на градот не беа во можност да играат се до 1.1.1907 година, се до истекот на нивната суспензија. Па, од сезоната 1907-08 тие требаше да помогнат на Јунајтед во борбата за титулата. Тие тоа и го направија, направија застрашувачки старт, со победата од 2-1 над Шефилд Јунајтед, а понатаму и со 10 последователни победи. И покрај добриот старт сепак беше несигурен на крајот од сезоната. Јунајтед сепак издржа и ја заврши сезоната со 9 поени предност пред второпласираната Астон Вила. Јунајтед следната сезона ја започна освојувајќи уште еден медал, во првиот одржан Charity Shield куп, а исто така ја заврши со друг медал, кој што беше првата титула на клубот во ФА купот. Додека сеуште беа во победнички ритам, Тумбул и Мередит беа алфа и омега во оваа сезона, Тумбул го постигна победничкиот гол во финалето на ФА купот. Клубот требаше да почека уште две години пред да освојат уште некоја медал. Така тие победија во првата дивизија по втор пат во сезоната 1910-11. Во меѓувреме, Јунајтед се преселија на нивното ново игралиште на Олд Трафорд. Првиот натпревар таму, го одиграа против Ливерпул на 19 февруари 1910 година, но изгубија со 4-3 пропуштајќи водство од 3-0. Тие почнаа пак да освојуваат во сезоната 1911-12, каде што не само што беше последната сезона со Магнал на чело ( тој се пресели во Манчестер Сити, после 10 години во Јунајтед ), но исто така и последен пат кога клубот ја освоил првата дивизија во наредните 41 година, најдолгиот период во нивната историја без да ја освојат лигата.

Наредните десет години, клубот постепено почна да паѓа од формата, пред да бидат одново вратени во втората дивизија во 1922 година. Се вратија пак во 1925 година, но се измачуваа да влезат во првата половина на табелата, и повторно беа вратени во втората дивизија во 1931 година. Во наредните осум години за време на Втората Светска Војна, клубот стана некој вид на јо-јо клуб, достигнувајќи го нивниот најголем неуспех на сите времиња, каде што се наоѓаа на 20 место во втората дивизија во 1934 година. Тие влегоа и искочија од првата дивизија уште еднаш пред повторно да влезат во претпоследната сезона пред Втората Светска Војна. Тие гарантираа за нивното место меѓу првите за после војната, завршувајќи на 14 место во сезоната 1938-39.

Годините под водство на Басби ( 1945-1969 )[уреди | уреди извор]

Главна тема: Историјата на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ( 1945-1969 )

Во 1945 година Мет Басби беше назначен за да го води клубот од Олд Трафорд. Тој превзема невообичаени мерки за неговата работа, инсистирајќи тој да си одбере свој тим, да одбере кој играчи ќе потпишат договор и ќе ги следат неговите тренинзи. Тој веќе пропушти една таква работа на менаџерската позиција во неговиот поранешен клуб, Ливерпул, бидејќи клубот таа работа ја гледаше како работа за директорите. Но, Јунајтед одлучи да и даде шанса на иновативната идеја на Басби. Првиот што потпиша со Басби не беше играч туку новиот помошен тренер Џими Марфи. Ризикот што го превзеде клубот со назначувањето на Басби беше плаќањето на неодложна дивиденда, каде што клубот заврши како втор во лигата во 1947,1948 и 1949 година и освојувајќи го ФА купот во 1948 година, делумно благодарејќи на локалното "трио фантастико" Стен Пирсон, Џек Роули и Чарли Митен ( Роули и Пирсон постигнаа голови во финалето на купот во 1948 година), а исто така и центар-халфот од северо-истокот, Аленби Чилтон.

Чарли Митен замина во Колумбија во потрага по поголема плата, но остатокот од ветераните на Јунајтед доведоа до повторно освојување на титулата во првата дивизија во 1952 година. Како и да е, Басби знаеше дека, неговиот клуб бара многу повеќе од искуството што го имаа и така тој усвои полиса за земање на играчи од младинските тимови, кога и да е тоа возможно. Отпрво, младинците како што беа Роџе Бим, Бил Фолкс, Марк Џонс и Денис Вајолет, си земаа време за да се прилагодат во околината, паѓајќи на ниското осмо место во 1953 година, но повторно освојувајќи ја лигата во 1956 година, со просечна старост од само 22 години, постигнувајќи 103 голови во сезоната. Полисата за млади играчи донесена од страна на Басби стана обележје за најуспешниот период во клубската историја (средината на 1950-те години, средината до крајот на 1960-те и 1990-те години). Оригиналната идеја на Басби за младите играчи беше наречена како Бебињата на Басби, а врв на се беше крилниот играч Данкан Едвардс. Момчето од Дадли-West Midlands своето деби го имаше на само 16 годишна возраст во 1953 година. Се чинеше дека Едвард може да игра на секоја позиција на теренот, а многумина што ја виделе неговата игра, кажуваат дека тој бил најдобар играч на сите времиња. Следната сезона, 1956-57 година, тие повторно ја освоија лигата и стигнаа до финалето на ФА купот, каде беа поразени од Астон Вила. Тие, исто така станаа првиот Англиски тим којшто се натпреварувал во Европските купови, по налог на ФА, којашто не му ја одобри истатата можност на Челзи претходната сезона, стигнувајќи до полуфиналето каде што беа исфрлени од Реал Мадрид. На патот до полуфиналето, Јунајтед забележа победа што сеуште стои како нивна најголема победа во сите натпреварувања, победувајќи го Белгискиот шампион Андерлехт со 10-0 на Меин Роуд (Maine Road).

Наредната сезона се случи трагедија, кога авионот којшто го враќаше тимот дома од натпревар во Европскиот куп, по застанувањето за да наполни гориво на аеродромот во Минхен, се сруши по полетувањето. Авионската несреќа во Минхен на 6 февруари 1958 година ги одзеде животите на осум играчи- Ѓеоф Бент, Роџер Бим, Еди Колман, Данкан Едвардс, Марк Џонс, Дејвид Пег, Томи Тејлор и Лиам "Били" Вилан- и уште 15 други патници, вклучувајќи и персонал од кабинетот на претседателот на САД Волтер Крикмер, Берт Воли и Том Кјури. Пред фаталниот трет обид да се полета, веќе постоеле два претходни, кој бил предизвикан од засилената лапавица на крајот од пистата, успорувајќи го авионот до брзина недоволна за полетување. Авионот се излизгал на крајот на патеката, удирајќи во ограда и една напуштена куќа. Голманот на Јунајтед Хари Григ успеал да остане при свест после несреќата и од страв да авионот експлодира во секој момент, тој ги грабнал Боби Чарлтон-којшто дебитирал за Јунајтед пред помалку од 18 месеци- и Денис Вајолет за нивните колани и ги одвлекол на сигурно. Седум играчи на Јунајтед починале на самото место на несреќата, додека Данкан Едвардс починал после две недели во болница. Десното крило Џони Бери исто така ја преживеал несреќата, но здобиените повреди во несреќата ја довеле неговата фудбалска кариера до преран крај. Минхенските доктори не му давале многу надеж на Мет Басби дека ќе преживее, дури во еден момент и се "откажале" од него. Но, тој чудесно заздравел и бил пуштен од болница после два месеци поминати таму.

Постоеја гласини дека клубот ќе се откаже од сите натпреварувања, но со превземањето на улогата на менаџер од страна на Џими Марфи, се додека Басби не заздрави од повредите, клубот продолжил да се натпреварува со импровизирани сили. И покрај несреќата, тие повторно стигнаа до финалето на ФА купот, каде што загубија од Болтон Вондерерс. На крајот од сезоната, УЕФА и ја понуди на ФА можноста да поднесе барање за учество на евентуалниот шампион и Јунајтед во Европскиот куп за сезоната 1958-59 како почит кон жртвите, но ФА одби. Следната сезона Јунајтед реши да го втурне Волвс директно во оган, завршувајќи на уверливото второ место; што воопшто не е лошо за тим којшто загубил деветмина првотимци во авионската несреќа во Минхен.

Басби го обнови тимот во текот на раните 1960-ти години, потпишувајќи со играчи како што се Денис Лоу и Пет Криранд, се додека ги одгледуваше новите генерации на млади играчи. Можеби најпознатиот од оваа нова група беше еден младич со потекло од Белфаст, Џорџ Бест. Бест имаше ретко видена природна алтлетска градба, но неговата најдобра карактеристика беше контролата над топката. Неговите брзи нозе му овозможуваа да помине низ скоро секоја дупка на противничката одбрана, без оглед колку и да е мала. Тимот го освои ФА купот во 1963 година, сепак завршија на 19 место во првата дивизија. Победата во ФА купот се чини дека им вдахна нов живот на играчите, кој помогнаа клубот да стигне до второто место во 1964 година, за подоцна да отидат едно погоре и да ја освојат лигата во 1965 и 1967. Јунајтед, победи во Европскиот куп во 1968, победувајќи ги Еузебио и Бенфика со 4-1 во финалето и станувајќи првиот Англиски клуб којшто победил во ова натпреварување. Овој тим на Јунајтед беше забележлив зашто ги имаше трите најдобри Европски Фудбалери на Годината:Боби Чарлтон, Денис Лоу и Џорџ Бест. Мет Басби повторно се врати како менаџер во 1969 година и беше заменет од резервниот тимски тренер и поранешен играч на Јунајтед, Вилф МекГинис.



1969-1986[уреди | уреди извор]

Главна тема: Историјата на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед (1969-1986)

Јунајтед правеше напори за смена на Басби, а тимот под водство на Вилф МекГинис во сезоната 1969-70, заврши на разочарувачкото осмо место, а исто така следеше лош старт и следната сезона. МекГинис беше вратен како тренер на резервниот тим.. Басби присилно се врати назад во клубот, но само за шест месеци. Резултатите се подобрија под водтсво на Басби, но тој го напушти клубот засекогаш летото во 1971 година. Во меѓувреме, Јунајтед загуби некои од нивните првокласни играчи, како што се Ноби Стајлс и Пет Греранд.

И покрај назначувањето на Џок Стеин (поранешниот тренер на Селтик, клуб со кој го освои Европскиот Куп) кој што имал само вербален договор со Јунајтед, тој се повлекол во последната минута, тогаш за наследник на Басби бил назначен Френк О'Фарел. Како и да е, исто како и МекГинис, О'Фарел останал на функцијата нешто помалку од 18 месеци а единствената разлика меѓу нив била тоа што О'Фарел реагирал на лошата форма на тимот, донесувајќи млади таленти, меѓу најпознатите бил Мартин Бучан од Абердин кој што дошол за 125 000 фунти. На крајот на 1972 година за менаџер на клубот бил назначен Томи Дочерти. Дочерти, или "Докот" како што го нарекувале, го спасил клубот од испаѓање таа сезона, но испаднале во 1974 година, а во тоа време, златното трио Бест, Лоу и Чарлтон го напуштиле клубот. Денис Лоу се преселил во Манчестер Сити летото 1973 година, и завршил тука постигнувајќи гол (кој учтиво одбил да го прослави голот со неговите соиграчи), што многумина ќе кажат дека го испаднал Јунајтед од лигата. Играчите како што се Лу Макари, Стјуарт Хјустон и Брајан Гринхоф биле донесени со цел да ги заменат Бест, Лоу и Чарлтон, но никој од нив не бил на нивото на претходните тројца.

Тимот остварил напредок во првиот обид. Кон крајот на сезоната дебитирал младиот Стив Копел (којшто се дошол од Транмере Роверс) и клубот стигнал до финалето во ФА купот во 1976 година, но биле поразени од страна на Саутемптон. Повторно стигнале до финалето во 1977 година, победувајќи го Ливерпул со 2-1. Наспроти овој успех и неговата популарност меѓу фановите, Дочерти бил отпуштен веднаш по финалето, кога се дознало дека тој имал афера со сопругата на физиотерапевтот.

Дејв Секстон го заменил Дочерти летото 1977 година и направил тимот да игра во подефанзивна формација. Овој стил на игра не бил омилен на навивачите, којшто биле навикнати на офанзивен фудбал кој го практикувале Дочерти и Басби. Главните играчи што Секстон ги донел биле Џо Џордан, Гордон МекКвин, Гери Бејли и Реј Вилкинс. Но одбранбената тактика на Секстон не успеала да го помести клубот од средината на табелата, освен еднаш каде што завршиле меѓу првите две места и еднаш стигнувајќи до финалето во ФА купот, каде што биле поразени од Арсенал. Поради овој недостаток на трофеи, Секстон бил отпуштен во 1981 година, иако победил во неговите последни седум натпревари по ред.

Тој бил заменет од страна на ектравагантниот Рон Аткинсон, чии друштвени ставови биле пренесуван во клубовите каде што тој работел. Тој веднаш го прекршил најскапоплатениот Британски трансфер, за да потпише со Брајан Робсон кој што дошол од неговиот поранешен клуб, Вест Бромвич. Тимот на Аткинсон потпишал со уште неколку карактеристични имиња како што се Џеспер Олсен, Пол МекГрат и Гордон Страчан играјќи покрај поранешните млади играчи Норман Вајтсајд и Марк Хјуџес. Јунајтед го освои ФА купот два пати во три години, во 1983 и 1985 година, а исто така беа супериорни фаворити за да ја освојат лигата во 1985-86 година, откако победија во првите десет натпревари и правејќи разлика од 10 поени над нивните ривали уште во почетокот на Октомври. Формата на тимот нагло опаднала, како и да е, Јунајтед ја завршил сезоната на четвртото место. Лошата форма продолжила и во наредната сезона, каде што Јунајтед бил на работ од Првата Дивизија. Тој се наоѓал во зоната за испаѓање уште на почетокот на ноември 1986 година кога Аткинсон бил отпуштен.

===Ерата на Алекс Фергусон (1986-1998)=== Главна тема: Историјата на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед (1986-1998)

Алекс Фергусон пристигна од Абердин уште истиот ден кога Аткинсон беше отпуштен, донесувајќи го со него и неговиот помошник Арчи Кнокс. Иако неговиот прв натпревар против Оксфорд Јунајтед кој што се одржа на 8 ноември 1986 година, заврши со пораз од 2-0, Фергусон го однесе клубот до 11 место во лигата. Го освои второто место во 1987-88 година, со Брајан МекКлер којшто стана првиот играч на Јунајтед после Џорџ Бест, кој постигнал 20 лигашки голови во сезоната. Можеби им даде мала надеж на навивачите за иднината, но наскоро тие се вратија на просечноста со уште едно 11 место во 1989 година.

Повеќето од играчите што ги донесе Фергусон не ги оправдаа очекувањата на навивачите и тој беше на работ да биде отпуштен во почетокот на 1990 година, со многу верување дека пораз од Нотингем Форест во третата фаза од ФА купот ќе ја запечати неговата судбина. Голот постигнат во 56 минута од страна на Марк Робинс беше клучен во победата на Јунајтед и продолжувањето во трката по титулата во купот, се до финалето на Вембли, каде што го победија Кристал Палас со 1-0 во мајсторката откако првиот натревар заврши нерешено 3-3. Следната година, стигна до финалето од Лига Купот, но загуби од Шефилд Венсдеј (предводен од поранешниот менаџер на Јунајтед, Рон Аткинсон) со резултат од 1-0. Како и да е, сезоната беше заокружена со освојувањето на титулата во Купот на Победниците на Куповите, победувајќи ја Барселона со 2-1 во финалето во Ротердам. Освојувањето на Купот на Победниците на Куповите им овозможи да играат во УЕФА Супер Купот во 1991 година, во кој тие го победија носителот на Европската Куп титула, Црвена Ѕвезда Белград, со резултат од 1-0 на Олд Трафорд. Натпреварот би требало да се игра и на домашен и на гостински терен, но, заради политичкото безредие што владееше тоа време во Југославија, УЕФА одлучи дека натпреварот ќе се игра само на Олд Трафорд. Следеше, второ последователно финале во Лига Купот во 1992 година, овојпат Јунајтед го победи Нотингем Форест со 1-0 на Вембли.

Во меѓувреме, се случуваа настани при крајот на деценијата, откако претседателот на клубот Мартин Едвардс во 1989 година, се обиде да го продаде клубот на магнатот Мајкл Кнајтон. Зделката вредна 20 милиони фунти беше сè само не потврдена. Кнајтон доби пристап до финансиските извештаии на клубот но, пред договорот целосно да се реализира, неговите финансиски помошници се повлекле и договорот бил поништен. Како и да е, откога Кнајтон имаше внатрешни сознанија за клубот, му беше доделено место во управниот одбор на клубот, во замена за неговото молчење во врска со работите во клубот. Во 1991 година, барајќи некоја додатна финансиска подршка како во случајот со Тејлоровиот Извештај, клубот заплива на Лондонската берза со вредност од 47 милиони фунти, изнесувајќи и ги на јавноста неговите финансиски средства. Мартин Едвардс ја задржај својата позиција како претседател, но сега клубот беше поседуван од јавноста.

Летото, 1991 година, исто така пристигна и Данскиот голман Петер Шмајхел, којшто со неговите одбрани во 17 настапи во лигата, му овозможи на Јунајтед да го држи рекордот за најдобра одбрана во првата дивизија во 1991-92 година, а исто така и им помогна да завршат на второто место веднаш позади Лидс Јунајтед, во чии редови се наоѓал Францускиот дисидент, Ерик Кантона. Алекс Фергусон осети дека во клубот би требало да се донесе напаѓач од калибарот на Марк Хјуџес и Брајан МекКлер. Тој во неколку наврати се обидуваше да потпише со напаѓачот на Шефилд Вендсдеј, Дејвид Хирст, но кога менаџерот на Лидс, Хауард Вилкинсон се јавил на Мартин Едвардс во ноември 1992 година, за да праша за достапноста на Денис Ирвин, разговорот брзо се префрлил на Кантона. За изненадување на Едвардс и Фергусон, двата клубови биле способни да се договорат за сума од 1,2 милиони фунти за енигматичниот Французин. Доаѓањето на Кантона придонесе за одличен пресврт за Јунајтед, помагајќи му на тимот да ја освојат нивната прва лигашка титула после 1967 година. После потпишувањето на Рој Кин, којшто дојде пд Нотингам Форест во јули 1993 година, Јунајтед пред да го освои ФА купот за да ја комплетира првата "Двојна" круна во клубската историја, тој ја освои втората последователна титула во лигата, за прв пат после 1957 година. Истата година, клубот беше во жалост поради смртта на поранешниот менаџер и директор на клубот Мет Басби, којшто почина на 20 јануари 1994 година.

Сезоната 1994-95 година, беше првата сезона после 1988-89 година, каде што клубот не освои ниту еден трофеј. Тие се обидоа да освојат титула, со пласманот во финалето од ФА купот, каде што загубија од Евертон. Енди Кол потпишал договор, доаѓајќи од Њукасл Јунајтед за Британски рекорд од 6 милиони фунти, плус Кеит Гилеспи. И покрај тоа, после дебито на Кол за Јунајтед, Ерик Кантона доби осум месечна суспензија, за скокање во публиката и напаѓајќи еден навивач на Кристал Палас по име Метју Симонс, којшто му упатил расистички навреди на Кантона кога го напуштал теренот, во натпреварот кој Јунајтед го играл на Селхрст Парк. Суспензијата на Кантона, од некои беше цитирана како причина зашто Јунајтед беше неспособен да комплетира хет-трик од лигашките титули таа сезона. Сезоната поврзана со неуспех го инспирираше Фергусон да направи реконструкција на тимот, продавајќи ги Пол Инс, Андреј Канчелски и Марк Хјуџес заменувајќи ги со играчи од подмладокот, вклучувајќи ги Дејвид Бекам, Гери Невил, Фил Невил и Пол Сколс. После поразот од Астон Вила со резултат од 3-1 на почетокот на сезоната 1995-96, телевизискиот коментатор Ален Хенсен, фамозно изјави " никогаш нема да освоите ништо со деца". Новите играчи, којшто повеќето од нив станаа репрезентативци на Англија, одлично се снајдоаа во новата средина и потпомогнати од враќањето на Кантона во октомври 1995 година, Јунајтед стана првиот Англиски клуб којшто ја освоил двојната круна два пати, подвиг којшто би се нарекол "Дабл Дабл".

Капитенот Стив Брус премина во Бирмингам Сити во јули 1996 година и тогаш Алекс Фергусон го назначи Ерик Кантона за нов клубски капитен. Тој пред да се откаже од фудбалот на возраст од 30 години, го одведе тимот до четвртата лигашка титула во последните пет години, во сезоната 1996-97 година. Теди Шерингам беше донесен со цел да го замени, а неговиот симболичен број 7 му беше доделен на Дејвид Бекам. Сезоната 1997-98 ја започнаа добро, но после Божиќ загубија на пет натпревари и завршија на второто место со еден поен помалку од двојниот освојувач на круната Арсенал. После подолг период без вистински предизвикувач за лигашката титула, овој Арсенал беше права конкуренција за наредните неколку години.

Тројната Круна(1998-99)[уреди | уреди извор]

Главна тема: Историјата на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед (1998-1999)

Сезоната 1998-99 година беше најуспешната сезона за Манчестер Јунајтед во Англискиот клубски фудбал, станувајќи единствен Англиски тим којшто ја освоил Тројната Круна- освојувајќи ја Премиер Лигата, ФА купот и УЕФА Лигата на Шампиони. После многу неизвесна сезона во Премиер Лигата, Манчестер Јунајтед ја освои титулата последниот ден, победувајќи го Тотенхем Хотспур со 2-1, иако Арсенал победи со 1-0 против Астон Вила. Освојувањето на Премиер Лигата беше првата од трите титули, онаа којашто Алекс Фергусон ја опиша како најтешка. Во финалето од ФА купот Јунајтед се сретна со Њукасл Јунајтед и го победи со 2-0 со головите на Теди Шерингам и Пол Сколс. Во последниот натпревар таа сезона, тие го поразија Баерн Минхен во финалето на УЕФА Лигата на Шампионите, во натпревар којшто се смета дека е еден од најголемите пресврти досега видени, каде што во дополнителното време примија еден гол па дадоа два и победија со 2-1. Подоцна Фергусон доби благородничка титула за неговиот придонес во фудбалот. Заокружувајќи го тој рекорд таа година, Манчестер исто така го освои и Интерконтиненталниот Куп со победата од 1-0 над Палмеираш во Токио.



Периодот после Тројната Круна (1999-до сега)[уреди | уреди извор]

Главна тема: Историјата на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед (1999-до сега)

Јунајтед ја освои лигата во 2000 и 2001 година, но медиумите овие сезони ги видоа како неуспешни, бидејќи не успеаа повторно да го освојат Европскиот Куп. Во 2000 година, Манчестер стана еден од основачите на Г-14 групата, група на водечките Европски фудбалски клубови. Исто така клубот одби да учествува во ФА купот во сезоната 1999-2000 година, наместо тоа тој се натпреваруваше во инаугурацијата на ФИФА Светското Клубско Првенство во Бразил, се соочи со голем притисок од страна на ФА, УЕФА и комисијата за лицитација на Англискиот Светски Куп во 2006 година. Фергусон постави одбранбена формација со цел да го направи Јунајтед потежок противник за во Европа, но не беше успешно и Јунајтед сезоната 2001-02 во Премиер Лигата ја заврши на третото место. Повторно ја освоија лигата наредната сезона 2002-03 година. Наредната сезона ја започнаа добро, но нивната форма нагло опадна откако Рио Фердинанд доби контраверзна осум месечна суспензија за пропуштена допинг контрола. Тие го освоија ФА купот во 2004 година, исфрлајќи го Арсенал во полуфиналето(којшто беше шампион на Англија тогаш) и во финалето тие го победија Милвол.

Сезоната 2004-05 година, беше карактеристична по недостигот на голови, главно поради повредата на напаѓачот Руд Ван Нистелрој, Јунајтед сезоната ја заврши без ниту еден освоен трофеј и на третото место во лигата. Во тоа време, беа поразени и во ФА купот од страна на Арсенал, каде што Арсенал победи на пенали откако и по 120 минути резултатот беше 0-0. Исфрлени од колосек, главните вести беа дека постоеше можност клубот да биде превземен и на 12 мај 2005 година, Американскиот бизнисмен Малком Глејзер се здоби со управувачкиот пакет акции во клубот преку неговите инвестициони средства Ред Фудбал ДОО. превземајќи го за 800 милион фунти (или околу 1,5 милијарди долари). На 16 мај, тој ги зголеми неговите акции на 75% неопходни за да го тргне клубот од берзата, и повторно да го направи приватна сопственост и ја објави својата намера во рок од 20 дена. На 8 јуни, тој ги назначи неговите синови како неизвршни директори во управниот одбор на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед имаше многу лош старт во сезоната 2005-06 година, кога централниот играч Рој Кин го напушти клубот за да му се приклучи на Селтик откако јавно критикуваше неколку од неговите соиграчи, а исто така клубот за прв пат после повеќе од една декада не успеа и да се квалификува во завршната фаза од УЕФА Лигата на Шампиони после поразот од Португалскиот тим Бенфика. Нивната сезона исто така беше и непријатна поради повредите на неколку клучни играчи, како што се Габриел Хајнце, Алан Смит, Рајан Гигс и Пол Сколс. Сепак, тие беа претпазливи да не останат со празни раце во наредните сезони, бидејќи не постоеше разочарување во последните 17 години, така тие го освоија Лига Купот, победувајќи ги во финалето ново влезените во лигата Виган Атлетик, со резултат од 4-0. Исто така тие со победата од 4-0 над Чарлтон Атлетик на последниот ден од сезоната, си го осигураа второто место и автоматски влезот во квалификациите од Лигата на Шампиони. На крајот од сезоната 2005-06 година, еден од клучните напаѓачи на Јунајтед, Руд Ван Нистелрој, го напушти клубот и му се придружи на Реал Мадрид, поради караницата со Алекс Фергусон.

Во јули 2006 година, клубот објави нов пакет акции. Вкупната сума би изнесувала 660 милиони фунти со камата од 62 милиони фунти годишно. Резултатот од овој нов финансиски план би бил намалување на трошоците за 30%. На теренот, сезоната 2006-07 година Јунајтед се врати на напаѓачкиот стил на фудбал, што за нив беше обележје во годините на успеси во доцните 90-ти, каде што во 32 натпревари постигнаа скоро 20 голови повеќе од второ пласираниот Челзи. Во јануари 2007 година, Јунајтед потпиша договор за двомесечна позајмица со Хенрик Ларсон, којшто дојде од Шведскиот тим Хелсинборг и зазема важна улога во прогресот на Јунајтед да стигне до полуфиналето од Лигата на Шампиони, со надежи за втора Тројна Круна. Но како и да е, откако стигнаа до полуфиналето, Јунајтед загуби од Милан со вкупен резултат од двата натпревара 5-3. Четири години после нивната последна титула, Јунајтед повторно ја врати титулата од Премиер Лигата на 6 мај 2007 година, откако Челзи одигра нерешено на гости со Арсенал, оставајќи ги Сините седум поени помалку со уште два натпревари до крајот. Претходниот ден следеше победа на Јунајтед во градското дерби со 1-0, што ги направи шампиони во Премиер Лигата по деветти пат во нејзиното 15 годишно постоење. Сепак, со победата од 1-0 во продолжението на финалето од ФА купот кое што се одржа на новиот Вембли стадион (првиот натправар што е одржан, откако стариот беше срушен седум години пред тоа), Челзи не му дозволи на Јунајтед да ја освои двојната круна по четврти пат.

Сезоната 2007-08 година и покрај слабиот старт на Јунајтед, наоѓајќи се на 17 место после 3 одиграни натревари, тоа беше успешна сезона каде што Јунајтед успешно ја освои Европската двојна круна(Лигата на Шампионите и Премиер Лигата). Сепак, на 11 мај 2008 година, ја потврдија титулата во Премиер Лигата со победата над Виган Атлетик. Јунајтед ја заврши сезоната со два поени предност пред конкурентот Челзи којшто одигра само нерешено со Болтон Вондерерс. Тие исто така по трети пат во нивната историја, стигнаа и до финалето на Европскиот Куп, каде што на патот до финалето исфрлија тимови како што се Барселона и Рома.На 21 мај 2008 година, во финалето, во Москва на Лужнички стадионот, тие го победија Челзи на пенали со 6-5 откако резултатот во регуларниот дел беше 1-1. Со оваа победа, тие ја освоија нивната трета Европска титула и го задржаа нивниот рекорд на непобедливост во финалињата на Европските купови. Истовремено, таа сезона Манчестер Јунајтед ја одбележа стогодишнината откако ја освоија нивната прва титула во Лигата, 50 годишнината после авионската несреќа во Минхен и 40 годишнината откако Манчестер стана првиот Англиски клуб којшто го освоил Европскиот Куп. Финалето во Европскиот Куп беше 759-от натпревар на Рајан Гигс за клубот, којшто го превзема клубскиот рекорд по бројот на настапи од Боби Чарлтон.

Пред почетокот на сезоната 2008-2009 година, Јунајтед се натпреваруваше и го освои 2008 FA Community Shield (натпревар којшто се игра помеѓу освојувачот на Премиер Лигата и освојувачот на ФА Купот). Јунајтед го победи освојувачот на ФА Купот со 3-1 на пенали, откако натпреварот заврши 0-0 во регуларниот дел. На 21 декември 2008 година, Јунајтед додаде уште неколку медали во нивната соба за трофеи со победата над Еквадорскиот тим ЛДУ Кито од 1-0, во финалето на ФИФА Светскиот Клубски Куп 2008 година одиграно во Јапонија, Вејн Руни беше стрелец на победоносниот гол. Два месеци подоцна, го додадоа и трофејот од Лига Купот во 2009 година, откако на пенали 4-1 го победија Тотенхем Хотспур.

Боите и грбот на клубот[уреди | уреди извор]

Во деновите на Њутн Хет???, клубот играл во повеќето различни бои, најпознати биле жолто-зелените дресови кои биле носени од 1878 до 1892 година, а тогаш повторно помеѓу 1894 и 1896 година; исто така овие дресови биле оживеани како опрема која се користела за натпревари на гостински терен во раните 1990-ти години. Друга опрема носена од страна на Њутн Хет вклучувајќи четвртасти дресови (1892-1894) и едноставни бели дресови (1896-1902), и двата вида носени со плави кратки панталони. Во 1902, во согласност со промената на името во Манчестер Јунајтед, клубот ги смени неговите бои во црвени дресови, бели кратки панталони и црни чорапи, што стана вообичаеност за натпреварите што Манчестер ги играше на домашен терен. Најзабележлив исклучок се дресовите што тимот ги носеше во 1909 година, во финалето од ФА Купот на натпреварот против Бристол Сити, кои биле бели со црвен "V-израз". Овој дизајн беше повторно воведен во 1920-те години пред да се вратат на целосно црвените дресови.

Опремата за гостинските настапи вообичаено е со бели дресови, црни кратки панталони и бели чорапи, но биле користени и други бои, вклучувајќи го сино-белиот пругаст дрес кој се користел понекогаш од 1903 до 1916 година, потоа целосно црна опрема во 1994 и 2003 година и темносин дрес со сребрени хоринзонтални тенки пруги кој се користел во 2000 година. Едни од најпопуларните дресови за употреба на гостински терен, кои што траеа многу кратко, се дресовите кои што се со целосно сива боја и потекнуваат од сезоната 1995-96 година. Оваа опрема беше исфрлена од употреба откако Манчестер не успеа да победи на нити еден натпревар додека ја носеа. На полувремето од натпреварот против Саутемптон, кога тие губеа со 3-0, тие ја променија опремата во нивната трета комбинација, плава и бела боја, но сепак изгубија со 3-1. Според тврдењето на играчите, сивата боја не била доволно прегледна, што довело до лоши резултати. Друга позната опрема за гостински натпревари на Јунајтед биле дресови со две лица кои биле бели со црни ракави и златна декорација од едната страна, додека од другата страна биле златни со црна декорација. Овие дресови биле последните што биле излезени и направени од страна на Умбро, пред тие да го заменат Умбро со Најк и да ја прослават 100 годишнината откако клубот го смени името од Њутн Хет во Манчестер Јунајтед.

Третата опрема на Јунајтед е традиционално во целосно сина боја со почит кон опремата од 1968 кога тие го освоиле Европскиот Куп. Исклучок од ова правило било светло жолтата опрема носена во раните 1970-ти години, гореспоменатиот пругаст дрес во сино-бела комбинација и бел дрес со црни и црвени хоринзонтални тенки пруги од 2004 година. Исто така за трета опрема во минатото тие ја употребувале опремата што обично ја носеле на тренинзите, усвојувајќи целосно црна опрема во сезоната 1998-99 година и темно син дрес со костенливи делови употребуван во 2001 година за натпреварите против Саутхемтон и ПСВ Ејндховен.

Моментално, дресовите за натпреварите на домашен терен се целосно црвени со бели прекршени линии и со црна декорација на позадината. Линиите се украсени со буквите "MUFC" на врвот од долниот дел, а на врвот од горниот дел се наоѓа силуета од ѓаволот што се наоѓа на амблемот на клубот. Логоата АИГ и Најк се исто така со бела боја. Мало парче ткаенина со зборовите "Црвените Ѓаволи" напишани со бела боја, е закачено на левиот долен дел од дресот над една слика со ѓавол од амблемот на клубот. Грбот на клубот се наоѓа на црвениот штит кои се со иста форма и се сместени на левата страна од градниот кош. Опремата за гостински натпревари е бела со сини цевчести линии на страните и на задниот дел на вратот и доле по страните на телото. Декорацијата на предниот дел од вратот е црвена. Буквите "MUFC" се на задниот дел од јаката а амблемот на клубот е лоциран на бел штит на левата страна од градниот кош. Третиот дрес е со кралско-сина боја, со логото на спонзорот во бела боја. Околу амблемот на клубот, којшто се наоѓа на син штит, извезани се зборовите "May 29th 1968 40th Anniversary". Исто како и дресовите за гостински натпревари, буквите "MUFC" се наоѓаат на задниот дел од јаката, додека внатрешноста на јаката е украсена со грбот на градот Манчестер, инспирирани од дизајнот на билетите кои што се употребувале на финалето од Европскиот Куп 1968 година. Гостинските и третите дресови се носеле со сини кратки панталони.

Грбот на Манчестер Јунајтед бил менуван во неколку наврати, но основната форма останала иста. Амблемот е произлезен од грбот на градот Манчестер. Ѓаволот што се наоѓа на амблемот е задржан од прекарот на клубот "Црвените Ѓаволи", кој што бил присвоен во раните 1960 години години откако Мет Басби го слушнал тоа како препорака од страна на рагби тимот Салфорд, кои исто така носеле црвени дресови. До крајот на 1960 години, пред конечно да биде инкорпориран на грбот на клубот во 1970 година, ѓаволот почнал да зема учество и во програмите на клубот а и на клубските шалови, држејќи го неговиот неизбежен тризабец. Во 1998 година, грбот уште еднаш бил редизајниран, овој пат отфрлувајќи ги зборовите "Фудбалски Клуб."

Добитници на награди[уреди | уреди извор]

Европски Фудбалер на Годината

Следниве ја имаат добиено наградата за Европски Фудбалер на Годината, додека играле за Манчестер Јунајтед:  Денис Лоу – 1964  Боби Чарлтон – 1966  Џорџ Бест – 1968  Кристијано Роналдо – 2008

Златна Копачка на Европа[уреди | уреди извор]

Следниве играчи ја освоиле Златната Копачка на Европа, додека играле за Манчестер Јунајтед:  Кристијано Роналдо (31 гол) – 2008

УЕФА Клубски Фудбалер на Годината[уреди | уреди извор]

Следниве ја имаат добиено наградата за УЕФА Клубски Фудбалер на Годината, додека играле за Манчестер Јунајтед:  Дејвид Бекам– 1999  Кристијано Роналдо – 2008

ФИФА Светски Играч на Годината[уреди | уреди извор]

Следниве ја имаат добиено наградата за ФИФА Светски Играч на Годината, , додека играле за Манчестер Јунајтед:

 Кристијано Роналдо – 2008



Женски тим[уреди | уреди извор]

Женскиот фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед бил основан во 1977 година како Клуб на Женски Симпатизери на Манчестер Јунајтед. Тие влегоа во Лигата на Трите Округа во 1979 година и станаа основачи на Регионалната Фудбалска Лига за жени на Норд Вест во 1989 година, кога официјално го променија името во Женски фудбалски клуб Манчестер Јунајтед. Иако, излегоа од Лигата во првата сезона, тие повторно се промовираа во следната сезона и започнаа да ја освојуваат титулата на Лигата за 1995/96 година. Во сезоната 1998/99 тимот се приклучи кон Северната Комбинација, две места подолу од ФА Женската Премиер Лига. На почетокот на сезоната 2001/02 беа официјално подведени под Манчестер Јунајтед ФК, но поради финансиски причини беа отфрлени пред почетокот на сезоната 2004/05. Одлуката беше дочекана со прилично голем критицизам и поради фактот што тимовите беа повлечени од сите лиги пред играчите да бидат информирани за одлуката. И покрај тоа, клубот е сеуште присутен во женскиот фудбал, нудејќи тренерски услуги за девојки помлади од 16 години.

Навивачи[уреди | уреди извор]

Пред Втората Светска Војна, неколку навивачи на Англискиот фудбал, патуваа низ земјата со цел да организираат навивачи меѓу населението во недостиг на време, трошоци и логистика, како што беше недостигот од автомобили. Бидејќи, во саботите Сити и Јунајтед играа најизменично на домашен терен, многу натпреварувачи една недела го гледаа Јунајтед, а следната Сити, но после Војната, поради поголемо ривалство, беше повообичаено, еден навивач да се одлучи да следи само еден тим. Кога во 1956 година, Јунајтед ја освои Лигата, тие имаа најголем просек на гледачи на домашен терен, рекорд кој го држеше Њу Касл Јунајтед во претходните неколку години. По авионската несреќа во Минхен, во 1958 година, повеќе навивачи се определија за Јунајтед. Оттогаш, секоја сезона Јунајтед имаше најголема посетеност дури и како второлигаш во 1974/75. Всушност, Јунајтед немаше најголема посетеност во Лигата, само во сезоните 1971/72 и 1992/93 кога се вршеа градежни работи на Олд Трафорд. Извештајот во 2002 година, насловен како "Дали доаѓате од Манчестер?" покажа дека најголем процент од купувачите на билети за сезоната доаѓаат од места со поштенски код на Манчестер, а Јунајтед постигна апсолутно најголем број посетители кои живеат во истата област. Во доцните 1990-ти и почетокот на 2000-та година групата навивачи под имаето ИМУСА (Здружение на независни навивачи на Манчестер Јунајтед) беше исклучително активно во отпорот против предлогот за преземање на Руперт Мардог во 1998 година. Втората група која вршеше притисок беше акционери на Јунајтед против Мардог (која подоцна и денес прерасна во Труст на навивачи на Манчестер Јунајтед), кој беше формиран да ги охрабри навивачите да купуваат акции на клубот, делумно да им овозможат да имаат поголемо влијание во врска со проблемите кои ги засегаат, како што е цената на билетите, а делумно и за намалување на ризикот од појава на несакан купувач на акции кој би можел да го преземе клубот. Но, оваа шема не го спречи Малколм Глејзер да стане сопственик на мнозинството акции. И покрај бесот на некои навивачи кон новите сопственици, бројот на посетители се зголемуваше. Но, атмосферата што ја создаваа фановите понекогаш беше критикувана. Во 2000-та година, тогашниот капитен Рој Кин, на навивачите на одделни трибини на Олд Трафорд, им ги упати зборовите "Спелувајте го зборот фудбал иако го разбирате.". Алекс Фергусон, исто така, даде неколку коментари за толпата, одејќи до таму што атмосферата на 1 јануари 2008 година ја нарече "погребна". После прочуената победа од 1-0, против Барселона на Олд Трафорд, со која Јунајтед влезе во финалето на Лигата на Шампиони во Москва, Фергусон за фановите на Јунајтед изјави дека "апсолутно брилијантни".

Стадион[уреди | уреди извор]

Кога клубот беше прв пат основан, Њутон Хит ги играше своите натпревари на мал терен на Норд Роуд во Њутон Хит. Но, гостинските тимови често се жалеа на квалитетот на теренот кој "на едната страна беше каменест, а на другата каллив". Исто така, ниту пак соблекувалните не беа за пофалба, бидејќи беа оддалечени 10 минути одење и сместени во еден паб на Олдхем Роуд. Подоцна тие беа преместени во Хотелот Шијарс, но ако клубот требаше да напредува во Лигата, потребни беа промени. Клубот остана на тој терен 15 години, од 1878 до 1893 година, а една година откако влезе во Лигата се пресели на Бенк Стрит во блискиот Клејтон. Новиот терен не беше многу подобар, овде-онде по некоја тревичка штрчеше од песочната површина, а облаци чад доаѓаа од соседната фабрика. Во една прилика клубот Валсал Таун Свифтс, дури одби да игра. Еден слој песок беше нанесен и конечно гостите беа убедени да заиграат, губејќи го натпреварот со 14-0. Тие протестираа против резултатот, наведувајќи ги бедните услови акко причина за поразот и мечот беше повторно одигран. Условите и овој пат не беа многу подобри и гостите повторно изгубија, овој пат со 9-1. Во 1902 година, клубот беше близу до банкрот, но беше спасен во последен момент од капитенот Хари Стафорд, кој успеа да обезбеди доволно средства клубот да се појави на натпреварот во Бристол Сити, обезбедувајќи привремен терен за следниот натпревар против Блекпул на домашен терен, во соседниот град Харпурхи. По направената инвестиција, со цел да се опорави клубот, тие го преименуваа како Манчестер Јунајтед. Шест недели пред Јунајтед да ја добие титулата Првак на Купот, во април 1909 година, Олд Трафорд беше назначен за дом на Манчестер Јунајтед, по извршеното купување на земјиштето во вредност од околу 60 илјади фунти. Претседателот на Јунајтед, Џон Хенри Дејвис, го ангажираше архитектот Арчибал Леич, со буџет од 30 илјади фунти за реконструкција. Оригиналните планови предвидуваа стадионот да има 100 илјади седишта, но потоа беа изградени 77 илјади. Рекордната посетеност изнесуваше 76. 962 посетители, што е повеќе од бројот кој што може да го прими сегашниот стадион. Конструкцијата беше изведена од господата Брамел и Смит од Манчестер. При отварањето на стадионот, билетите за стоење чинеа 6 пени, додека најскапите седишта во ложата чинеа 5 шилинзи. Инаугуративниот натпревар се одигра на 19 февруари 1910 година против Ливерпул, со резултат од 4-3 за гостите. Замената на теренот неможеше да се случи во подобро време – само неколку дена откако клубот го одигра својот последен натпревар, во Бенкстрит, главната трибина се сруши од невреме. За време на бомбардирањето на 11 март 1941 година, во Втората Светска Војна, беше уништена главната трибина на стадионот. Не повреден остана само централниот тунел на јужната трибина. По завршувањето на војната, Јунајтед поднесе барање до Комисијата за Воени штети и доби компензација во висина од 22. 278 фунти за реконструкција на теренот. Иако реконструкцијата беше завршена во 1949 година, во следните 10 години на Олд Трафорд не се одржа ниту еден натпревар, бидејќи тимот на домашен терен играше во Манчестер Сити на Мејнроуд. Манчестер Сити му наплатуваше на Јунајтед 5 илјади фунти за користење на стадионот плус номинален процент од билетите. Во средината на 50-те за прв пат беа инсталирани рефлектори. Беа поставени четири столба со висина од 55 метри, а на секој од нив по 54 индивидуални рефлектори. Системот за осветлување го чинеше клубот 40 илјади фунти и за прв пат беше употребен на натпреварот одржан на 25 март 1957 година. Овој систем беше демонтиран во 1987 година и заменет со нов, вграден во покривот на секоја од трибините, кој опстојува до денес. Во 1990 година, после несреќата во Хилсборо, беше донесен пропис според кој сите стадиони мора да имаат само седишта, што повлече ново реновирање и намалување на капацитетот на околу 44 илјади гледачи. Но, популарноста на клубот претпоставуваше натамошен развој. Во 1995 година, северната трибина беше редизајнирана со што капацитетот се зголеми на околу 55 илјади гледачи. Потоа, со проширувањето прво на источната, а потоа и на западната трибина се постигна капацитет од 68 илјади. Последното прошурување во 2006 година го овозможи сегашниот рекорд 96.098 посетители што е за 104 помалку од максималниот капацитет на стадионот. Се проценува дека натамошниот развој на стадионот, особено на јужната трибина би чинело 114 милиони фунти, колку што се потрошени за стадионот во последните 14 години. Ова се должи на фактот што клубот би требал да откупи околу 50 куќи, што би предизвикало големо незадоволство кај локалното население, како и тоа дека проширувањето би требало да се изведе над железничката линија која минува веднаш покрај стадионот. Сегашните пресметки за планираниот капацитет на завршениот стадион се движат околу 96 илјади гледачи, повеќе отколку на новиот Вембли стадион.


Спонзорство[уреди | уреди извор]

АИГ е главниот спонзор на Манчестер Јунајтед и согласно договорот за спонзорство, нивното лого се наоѓа на предната страна на дресовите. Договорот за спонзорство објавен на 6 април 2006 година, од срана на извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Дејвид Џил, го надмина британскиот рекорд од 56,5 милиони фунти да бидат исплатени во текот на четири години (14,1 милион фунти годишно). Договорот претсавуваше најголемо спонзорство во светот сè додека во септември 2006 година, Јувентус склучи договор за спонзорство со нафтената компанија Тамоил во вредност од 15 милиони фунти годишно. На 21 јануари 2009 година беше објавено дека АИГ нема да го обнови спонзорството на клубот на крајот на договорот кој истекува во мај 2010 година. Компании кои во моментот го спонзорираат Манчестер Јунајтед: • АИГ – генерален спонзор, • Најк – официјален партнер за спортска облека, • Бадвајсер – официјален партнер за пијалок (пиво), • Бетфред – официјален партнер за обложување, • Хублот – официјален партнер на семафорот за време, • Ки 103 – официјална радио станица.

   Клубот досега имал три главни спонзори за дресови. Првиот и најдолготраен беше Шарпелектроникс, кој го спонзорираше клубот од 1982 до 2000-та година, кој се смета за најдолготрајно спонзорство во англискиот фудбал. Во дресот со логото на Шарп, Јунајтед играше 17 години и освои 7 Премиер Лиги, 5 Купа, 1 Фудбалски Лига Куп, 1 Европски Куп на Победници на Купови и 1 Европски Куп. На 11 февруари 2000-та година, Водафон го презема спонзорството со 30 милиони фунти за првите 4 години, започнувајќи со сезоната 2000/01. Во декември 2003 година, спонзорството се продолжи за уште 4 години, при што Водафон прифати да исплати 36 милиони фунти во периодот од 2004/08 година. Но, на 23 ноември 2005 година, Водафон објави дека ќе го завршат договорот во мај 2006 година со цел да се концентрираат на своето спонзорство на УЕФА Лигата на Шампиони. 

Слично, клубот имаше само 4 независни произведувачи на копачки, од кои првиот беше домашната компанија за спорски реквизити УМБРО. Во 1975 година, спонзорството го презеде Адмирал која стана првата компанија што го истакна своето лого на дресовите на Манчестер Јунајтед во 1976 година. Потоа следеше Адидас во 1980 година. УМБРО го презеде спонзорството во 1992 година, за период од 10 години кога клубот го сруши рекордот со договорот со Најк вреден 302,9 милиони фунти. Овој договор има важност до 2015 година.

Ривалство[уреди | уреди извор]

Главна тема: Ливерпул и Манчестер јунајтед, Манчестер дерби и Лидс Јунајтед и Манчестер Јунајтед.

Тешко е да се утврди ривалот број 1 на Јунајтед. Традиционално, најголемите ривали се Ливерпул, Манчестер Сити и Лидс. Иако во последните години и Арсенал се вбројува. Во моментот најголем број фанови го доживуваат Ливерпул како најголем ривал поради успехот на двата клуба и резултатот помеѓу нив. Ривалството со Ливерпул започна во 1960-те години кога двата клуба беа најуспешни во Англија и се среќаваа секоја сезона. Ривалството со Манчестер Сити датира од далечната 1890-та година и сеуште трае со оглед дека двата клуба играат во истата група. Ривалството со Лидс започна во 1960-те кога Лидс се искачи на врвот што продолжи и во текот на 1970-те и 1980-те години. Ривалството со Арсенал е од понов датум и особено се заостри откако Арсенал и Јунајтед беа директни противници за неколку трофеи 1990-ти години.

Награди[уреди | уреди извор]

Домашни Лига • Премиер Лига:10 1992-93, 1993-94, 1995-96, 1996-97, 1998-99, 1999-2000, 2000-01, 2002-03, 2006-07, 2007-08 • Прва Лига:7 1907-08, 1910-11, 1951-52, 1955-56, 1956-57, 1964-65, 1966-67 • Втора Лига:2 1935-36, 1974-75

Купови • ФА Куп:11 1909, 1948, 1963, 1977, 1983, 1985, 1990, 1994, 1996, 1999, 2004 • Лига на Купови:3 1992, 2006, 2009 • Хуманитарни натпревари:17 1908, 1911, 1952, 1956, 1957, 1965, 1967, 1977, 1983, 1990, 1993, 1994, 1996, 1997, 2003, 2007, 2008

Европски • Европски Куп/УЕФА Лига на Шампиони:3 1968, 1999, 2008 • УЕФА Куп на Победници на Купови:1 1991 • УЕФА Супер Куп:1 1991

Светски • Интерконтинентален Куп:1 1999 • ФИФА Светски Куп:1 2008

Двојна и тројна круна • Двојна круна (Лига и ФА Куп):3 1994, 1996, 1999 (како дел од тројна круна) • Европска двојна круна (Лига и Европски Куп):2 1999 (како дел од тројна круна), 2008 • Тројна круна (Лига, ФА Куп и Европски Куп):1 1999

Поединачните натпревари како што се Хуманитарниот натпревар, Интерконтиненталниот Куп/Шампионат на Клубови или Супер Купот не се земаат во предвид во однос на Двојната и Тројната Круна.

Единствената титула која Манчестер Јунајтед никогаш не ја освоил е УЕФА Купот, иако стигна до четврт-финалето во 1984/85 година и во полу-финалето на Купот на Градови во 1964/65 година.