Корисник:Eurokrem

Од Википедија — слободната енциклопедија

Студентскиот сојуз на ФОН Универзитетот е формиран во 2003 година и е првата студентска организација на приватен Универзитет во Pепублика Македонија. Него го сочинуваат сите студенти на ФОН Универзитетот кои избираат демократски свој лидер и формираат студентско тело кое ги застапува сопствените интереси и се залага за подобрување на квалитетот на студиите. Работи по статут одобрен од Студентската организација и во согласност со него координирано соработува со сите сектори на Универзитетот, ставајќи акцент на следниве активности: Евалуирање на студиите и давање предлози за нивно доусовршување; Организирање натпревари меѓу студентите; Организирање спортско-рекреативни активности, заеднички дружења и хепенинзи; Организирање манифестации од културно-уметнички карактер; Давање сугестии и мислења во контекст на подобрување на квалитетот на наставата, а кои се од взмаене интерес за студентите и за наставниот кадар. Студентскиот сојуз издава и свој весник во чија изработка се вклучени студенти кои покажуваат афинитети кон новинарската професија, а во кои се обработуваат теми кои ги засегаат и кои се предмет на интерес на студентите. Студентскиот сојуз на ФОН Универзитетот во соработка со Центарот за развој и кариера заеднички пристапуваат кон реализација на дел од активностите, помеѓу кои и : Вклучување на студентите во изработка на различни проекти; Организација и одржување трибини, дебати и семинари со цел поголема интеракција, социјализација и развивање на интелектуалното ниво на студентите.

Останати активности кои ги реализираше ССФОН во изминативе две гогини се:

- Граѓанска акција ВИЗА?!НЕМА ШАНСА!!! во која активно учествуваа членови на ССФОН, а како координатори на оваа акција земаа учество претседателот на ССФОН, Ристо Гапиќ и генералниот секретар на ССФОН, Анастасија Јовановска. - Трибина поврзана со светски ден за Контрацепција - Трибина Младиски амбасадори и младинскиот активизам на Македонија и Европа - Еднодневен настан Пролетен ден на Европа во организација со повеќе невладини организации - Трибина До кога младите ќе бидат парализирани - Тренинг курс за менаџирање со работа (пишување на CV, планирање и развој на кариера, мотивационо писмо, тренинг за успешно интервју, комуникациски вештини и преговарачки техники) - Еднодневен настан и трибина FLARE (Сезона на легалност) - Еднодневен настан Европска куќа по повод 9-ти мај ден на Европа каде што како сојуз бевме дел од организациониот и креаторскиот тим на овој настан

РАКОВОДСТВО НА ССФОН:

претседател: Ристо Гапиќ ген. секретар: Анастасија Јовановска претседател на Собрание: Наташа Тодоровска потпретседател на Собрание: Алтин Каја потпретседател: Дритон Кучи потпретседател: Бранкица Миланова претседател на Надзорен одбор: Бојан Јовановски претседател на Управен одбор: Димитар Лабудовиќ