Корисник:ElementHP

Од Википедија — слободната енциклопедија

Христина Спасевска[уреди | уреди извор]

Христина Спасевска е професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и научник во областите на физиката.

Родена е на 29 април 1967 година во Струмица, каде го завршила своето основно и средно образование.

Образование[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на насоката применета физика во 1990 година. На истиот факултет магистрирала во 1997 година на тема „Испитување на системот полиетиленоксид-вода со оптички и електрооптички методи”, а во 2002 година ја одбранила докторската дисертација „Истражувања на молекуларни и макроскопски параметри на полимери што содржат 1,3,4-оксадијазолови прстени”.

Академска и научна дејност[уреди | уреди извор]

Христина Спасевска својата академска дејност ја започнува во 1990 година како помлад асистент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а за асистент во 1997 година. Во 2003 година е избрана за доцент, во 2008 година за вонреден професор, во 2012 година за редовен професор, а во 2017 година е реизбрана за редовен професор на истиот факултет[1].

Таа е претседател на Асоцијацијата на здруженија на инженери-Инженерска Институција на Македонија, претседател на Метролошкиот совет при Бирото за метрологија, национален претставник на Форумот на Европскиот совет за иновации[2] и претседавач на меѓународните конференции „Жените во“[3].

Во последните десет години проф. д-р Христина Спасевска е раководител или учесник на повеќе од 20 научно-истражувачки и апликативни меѓународни проекти во програмите ФП7 (FP7)[4], ЕУРЕКА (EUREKA)[5], Хоризонт (Horizon 2020)[6], ИПА (IPA) и КОСТ (COST), Еразмус (Erazmus)[7], како и проекти финансирани од Меѓународната агенција за атомска енергија (International Atomic Energy Agency)[8], Светска Банка (World Bank), Централно Европската Иницијатива (Central European Initiative) и Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Таа е коавтор на повеќе од 80 научно-истражувачки и стручни трудови, кои се објавени во меѓународни списанија, списанија со фактор на влијание или трудови презентирани на конференции од областа на нови материјали и нивна примена во енергетски системи. Има објавено повеќе од 10 книги, учебници и учебни помагала[1].

Професионални функции[уреди | уреди извор]

  • Проректор за настава на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (од 2020).[9]
  • Продекан за настава на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (2012-2016).[10]
  • Раководител на Институтот за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје (2016-2020).[10]
  • Раководител на акредитирана Лабораторија за радијациона физика (РАД-ЛАБ), Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје (од 2023).[10]
  • Раководител на акредитирана Лабораторија за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење (ЛКХТЈЗ), Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје Факултетска лабораторијата за контрола на храна третирана со јонизирачко зрачење - ФЕИТ (2018-2023).[10]
  • Раководител на Центарот за сончеви технологии – СОЛТЕК, Факултет за електротехника и информациски технологии во Скопје (2009-2018).[10]

Награди[уреди | уреди извор]

Медал за меѓународно лидерство од Lions Clubs International (2022).

Награда „13 Ноември“ за наука на Град Скопје за остварување во науката, техниката и стопанството од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност (2019)[11].

Најдобар дипломиран студент по физика на Природно-математички факултет во Скопје (1990).

Библиографија[уреди | уреди извор]

Библиографија на Христина Спасевска.

Наводи[уреди | уреди извор]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Христина Спасевска“. ФЕИТ. Посетено на 2023-03-26.
  2. „EIC Forum“. research-and-innovation.ec.europa.eu (англиски). Посетено на 2023-03-26.
  3. „Women in Industry | Leaders joining to advance gender equality“ (англиски). Посетено на 2023-03-26.
  4. „Press corner“. European Commission - European Commission (англиски). Посетено на 2023-03-26.
  5. „Eureka | Home“. www.eurekanetwork.org. Посетено на 2023-03-26.
  6. „Horizon Europe“. research-and-innovation.ec.europa.eu (англиски). Посетено на 2023-03-26.
  7. „Home | Erasmus+“. erasmus-plus.ec.europa.eu. Посетено на 2023-03-26.
  8. Agency (IAEA), International Atomic Energy. „Official Web Site of the IAEA“. www.iaea.org (англиски). Посетено на 2023-03-26.
  9. „уким“. www.ukim.edu.mk. Посетено на 2023-03-26.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 „Христина Спасевска“. ФЕИТ. Посетено на 2023-03-26.
  11. „Награда „13 Ноември", Википедија, 2023-01-05, Посетено на 2023-03-26