Прејди на содржината

Корисник:Dusko55/Мајкл Џордан 23

Од Википедија — слободната енциклопедија

Детство

Мајкл Xордан е роден во Бруклин, во сојузната држава Њујорк, како син на Xејмс и Делорис Џордан. Неговата фамилија се преселила во Вилмингтон, Северна Каролина кога тој сеуште бил дете. Учел во средното училиште Emsley A. Laney во Вилмингтон, кадешто ја започнал својата атлетска кариера играјќи безбол, рагби и кошарка. Во втора година се обидол да игра кошарка за училишниот тим, но поради неговата висина 5'11" (1.80м) не добил можност да заигра. Неговиот повисок пријател, Харвест Лирој Смит, бил единствениот ученик од втора година којшто успеал да заигра за тимот.

Сакајки да ги докаже своите способности, Џордан се пријавил да игра за јуниорската екипа на училиштето кадешто станал главна ѕвезда, успевајќи на некоколку натпревари по ред да постигне по 40+ поени. Наредното лето, со напорен тренинг тој пораснал за околу 10цм . По добивањето место во составот на училишниот тим, во последните две сезони во тимот на училиштето постигнувал во просек по 20 поени по натпревар. Како сениор со трипл-дабл просек: 29.2 поени, 11.6 скокови, и 10.1 асистенции бил избран во McDonald's All-American Team. Во 1981 добил стипендија на универзитетот Северна Каролина, кадешто студирал географија. Како дебитант во тимот предводен од тренерот Дин Смит, кој претпочитал тимска игра, тој бил прогласен за АЦЦ Дебитант на Годината во којашто во просек постигнувал по 13,4 поени по натпревар со шут од поле 53.4% . Џордан го постигнал победничкиот кош во последната секунда во натпреварот од Колеџ Шамппионатот од 1982 година против тимот на Џорџтаун предводен од неговиот иден НБА ривал Патрик Јуинг. Џордан подоцна го опишал овој шут како пресуден момент во неговата кариера.

Во трите сезони поминати на универзитетот Северна Каролина, тој остварил просек од 17.7 поени по натпревар со шут од поле 54%, и 5 скока по натпревар. Тој бил избран во првиот тим на НЦАА и во втора(1983) и во трета година(1984). По освојувањето на Naismith и Wooden наградите за универзитетски играч на годината во 1984, тој го напуштил универзитетот Северна Каролина една година пред да дипломира за да може да учествува на НБА драфтот во 1984 година. Мајкл Џордан бил избран како трети пик од страна на Чикако Булс, по Хаким Олајџувон (Хјустон Рокетс) и Сем Боуви (Портланд Треил Блејзерс). Џордан се вратил во Северна Каролина за да дипломира во 1986 година.

Професионална кариера Во неговата дебитантска сезона во НБА лигата, Мајкл Џордан имал просек од 28.2 поени по натпревар со шут од поле 51.5%. Брзо станал омилен играч, а публиката го обожавала дури и кога не играл на домашен терен. По само еден месец во НБА лигата се појавил на насловната страница во Sports Ilustrated под наслов "Ѕвездата е родена". Мајкл Џордан исто така бил изгласан како стартер во Ал-Стар натпреварот од страна на неговите фанови во дебитантската сезона. Тоа бил контроверзен натпревар, бидејќи Ајзеа Томас и неколку други искусни играчи, љубоморни поради публицитетот кој што Џордан го добивал во неговата дебитантска сезона, решиле да не му ја додаваат топката во текот на целиот натпревар. Сепак, ова немало влијание врз Џордан во регуларната сезона, во која што тој бил изгласан како дебитант на годината.

Чикако Булс ја завршиле сезоната со резултат 38-44, и се пласирале во плејофот каде што во во првото коло во четири натпревари биле поразени од Милвоки Бакс (тогаш во првото коло тимот којшто ќе оствари три победи се пласирал понатаму). Во втората сезона во НБА лигата Џордан пропуштил 64 натпревари поради повреда на стапалото. И покрај повредата на Џордан, Булси успеале да се пласираат во плејофот со резултат од 30-52. Џордан се опоравил на време за да може да игра. Во натпреварот против Бостон Селтикс (1985/1986) тим којшто се смета за еден од најдобрите на сите времиња, Џордан во вториот натпревар од плејоф серијата го поставил сеуште несоборениот рекорд од 63 поени во плејоф мечевите. Сепак, Селтикси успеале да победат во серијата. Џордан целосно се опоравил во сезоната 1986/7, во којашто постигнал повеке од 3000 поени и станал единствениот играч покрај Вил Чемберлен на кој што му тргнало ова од рака. Во сезоната имал просек од 37.1 ппн со шут 48.2%. Но, Џордан во оваа сезона ги покажал и неговите одбранбени способности, со 200 украдени топки и 100 банани во една сезона со што станал првиот играч во НБА лигата којшто го остварил ова. И покрај овие бројки на Џордан, наградата за најкорисен играч на лигата МВП ја освоил Меџик Џонсон. Чикаго во таа сезона оствариле 40 победи и успеале да се пласираат во плејофот трета година по ред, каде што повторно биле поразени од страна на Бостон Селтикс.

Фиаско против Детроит Пистонс Џордан повторно бил најдобар стрелец во сезоната 1987/88 со просек од 35.0 поени по натпреавар и со шут од поле 53,5% и ја освоил својата прва МВП награда. Исто така бил прогласен и за Одбранбен Играч на Годината во којашто имал просек од 1.6 банани и бил рекордер по украдени топки со просек од 3.16 по натпревар. Булси ја завршиле сезоната со резултат од 50-32, и за прв пат во кариерата на Џордан успеале да го поминат првото коло кадешто ги победиле Кливленд Кавалирс во пет натпревари. Сепак, Булси изгубиле во плејоф серијата во наредното коло исто така во пет натпревари од поискусниот тим на Детроит Пистонс, којшто бил предводен од Ајзеа Томас и група на физички цврсти играчи коишто биле познати под прекарот "Лоши Момчиња". Во сезоната 1988/89, Џордан повторно бил најдобар стрелец во лигата со просек од 32.5 поени по натпревар и шут од поле 53.8%, а исто така имал и просек од 8 скока и 8 асистенции по натпревар. Булси ја завршиле сезоната со резултат 47/35 и се пласирале во Финалето на Источната Конференција. Na патот до финалето Булси ги победиле Кливленд Кавалирс и Њујорк Никс. Во серијата со Кавалирси,во решавачкиот петти натпревар Мајкл Џордан ги постигнал победничките поени во последните секунди преку Крег Ехло. Сепак Пистонси повторно ги победиле Мајкл и Чикаго Булс, овој пат во шест натпревари. Интересна е стратегијата којашто играчите на Пистонс ја користеле за да го сопрат Џордан. Ја нарекувале "Правилата на Џордан" и се состоела од удвојување и утројување на Мајкл секогаш кога топката била кај него.


Во сезоната 1989/90 Булси влегле како тим во подем, којшто се состоел од веќе докажаниот Џордан, младите играчи во подем Скоти Пипен и Хорас Грент, и новиот тренер Фил Џексон. Џордан ја предводел лигата со 33.6 ппн и шут 52.6%, заедно со 6.9 скока и 6.3 асистенции. Булси во таа сезона оствариле резултат од 55 победи и 27 порази. Повторно се пласирале во Финалето на Источната Конференција, победувајки ги пред тоа Букси и Филаделфија 76ерс. Сепак иако серијата била изедначена, овој пат се играле дури седум натпревари, Булси трета сезона по ред изгубиле од Пистонси.

Првиот хет-трик Во сезоната 1990/91, во која имал просек од 31.5 поени по натпревар со шут 53.9%, заедно со 6.0 скокови и 5.5 асистенции по натпревар, Џордан ја освоил својата втора МВП награда. Булси во таа сезона завршиле на првото место во својата дивизија, за прв пат по 16 години и поставиле рекорд на франшизата со 61 победа во регуларната сезона. Со помош на Скоти Пипен, којшто постепено се развивал во Ал-Стар играч, Булси станале сериозен претендент за титулата. Во плејоф серијата Булси ги победиле Њујорк Никс и Филаделфиа 76ерс во првите две кола. Во финалето, како по обичај ги очекувал стариот познаник, тимот на Детроит Пистонс. Сепак, овој пат, на изненадување на сите, Булси ги збришале Пистонси. Во четвртиот и последен меч, на една минута пред крајот на натпреварот, Ајзеа Томас и неговите соиграчи наместо да им честитаат и да се ракуваат со играчите на Булс, го напуштиле теренот и се упатиле директно во соблекувалната.

Булси имале неверојатен резултат од 15-2 во плејоф серијата и се пласирале во Големото Финале, за прв пат во историјата на Чикаго Булс, каде што ги победиле Лос Анџелес Лејкерс со резултат 4-1. Можеби највпечатливиот момент од таа серија е оној во вториот меч, кога Џордан обидувајќи се да забие, ја избегнал можната банана од Сем Перкинс на тој начин што додека бил во воздух ја префрлил топката од десната во левата рака и направил положување. Во неговото прво финале, Џордан имал просек од 31.2 ппн со шут од поле 56%, 11.4 асистенции, 6.6 скокови, 2.8 украдени топки и 1.4 банани. Џордан тогаш ja освоил наградата(прва од шесте), МВП на НБА Финалето и плачел додека го држел трофејот во рацете. Џордан и Булси продолжиле со својата доминација во наредната 1991/92 сезона, постигнувајки резултат од 67-15, со што го подобриле рекордот на франшизата од претходната година. Џордан го освоил своето второ по ред МВП признание со просек од 30.1 поен по натпревар со шут од поле 52%, 6.4 скокови и 6.1 асистенција. По збришувањето на Кливленд Кавалирс и по исцрпувачката серија со Њујорк Никс во второто коло, којашто била решена во седмиот натпревар, Булси се соочиле со Клајд Дрекслер и Портланд Треил Блејзерс во Финалето. Медиумите, надевајки се дека ке создадат ново ривалство во стилот на Меџик-Бирд, ги посочувале сличностите помегу "Воздушниот" Џордан и Клајд Дрекслер "Воздушната едрилица" (анг. Clyde "The Glide"). Во првиот натпревар, Џордан поставил рекорд на Финалето, постигнувајки 35 поени во првите две четвртини, од кои рекордни 6 тројки.

По постигнувањето на тројките, посткокнал кон публиката собирајки ги рамениците. Мари Алберт, којашто го коментирала натпреварот, подоцна за тој момент изјавила дека Џордан со тој потег велел " Неможам да поверувам дека го правам ова". Булси победиле во серијата со резултат од 4-2. Џордан бил прогласен за МВП на Финалето втора година по ред, а остварил просек од 35.8 поени по натпревар со шут од поле 53 %, 4.8 скокови и 6.5 асистенции по натпревар. Во сезоната 1992/93 и покрај просекот од 32.6 поени по натпревар, 6.7 скокови и 5.5 асистенции, серијата на Џордан на освојување МВП била прекината од неговиот пријател Чарлс Баркли. Случајно или не, во финалето во 1993 година , Џордан и Булси се соочиле токму со Баркли и неговиот тим Феникс Санс. Булси ги победиле Санси со победничкиот шут на Џон Паксон и бананата во последната секунда на Хорас Грент во решавачкиот шести натпревар. и ја освоиле својата трета по ред шампионска титула. Џордан повторно бил херојот на Булси, бидејќи во серијата против Феникс имал рекорден просек во Финалето од 41 поен по натпревар и станал првиот НБА играч во историјата којшто успеал да освои три МВП на Финалето признанија по ред. Постигнал повеке од 30 поени во секој натпревар од серијата, вклучувајќи и четири натпревари по ред каде што постигнал 40+. Таа сезона ја заокружил со третата шампионска титула и седмата по ред титула за најдобар стрелец во лигата. Сепак, фановите почнале да чувствуваат дека Џордан е уморен од преголемата слава и проблемите кои што доагале со неа.

Проблеми со коцкањето За време на плејоф серијата во 1993 година, се појавиле гласини дека Џордан е виден како се коцка во Атланик Сити, во Њу Џерси, ноќта пред натпреварот со Њујорк Никс. Истата година, Џордан признал дека морал да покрие коцкарски долг од $57,000 , а авторот Ричард Есквинас напишал книга во којашто тврдел дека успеал да му зеде $1.25 милиони на Џордан, играјки голф. Во 2005, во емисијата 60 минути на ЦБС, Џордан разговарал со Ед Бредли за коцкањето и признал дека направил некои непромислени одлуки. Џордан изјавил, "Да, се ставив во неповолни ситуации. Дали е природно. Па, зависи како гледате на работите. Ако сте спремни да ја загрозите вашата благосостојба и фамилијата тогаш одговорот е ДА. Кога Бредли го прашал дали отишол со коцкањето до тоа ниво тој одговорил едноставно НЕ.

Прво пензионирање и безбол кариера На 6ти Октомври, 1993 година, Џордан го соопштил своето повлекување од кошараката, наведувајки ги како причини, загубата на желбата да игра повеќе и убиството на неговиот татко. Џејмс Р. Џордан Сениор, кој бил убиен на 23 јули, 1993 година, во Лумбертон, Северна Каролина, од страна на двајца тинејџери, Даниел Грин и Лери Мартин Демери. Убијците биле откриени со следење на повиците на мобилниот телефон на Џејмс Џордан, а подоцна биле фатени и осудени на доживотна казна затвор. Џордан бил многу близок со неговиот татко; како дете тој го имитирал татко му кој имал навика да го исплазува јазикот додека бил занесен во работата. Подоцна кога почнал да игра кошарка тоа му станало заштитен знак. Во 1996 година во Чикаго го основал Boys & Girls Club и го посветил на неговиот татко.

Подоцна, Џордан повторно го изненадил спортскиот свет, со неговата најава дека ќе почне професионално да игра безбол. Во неговата биографија " За љубовта кон играта" издадена во 1998 година, Џордан напишал дека се подготвувал за пензионирање уште во летото 1992 година. Дополнителнито исцрпување со учеството на Олимписките игри во 1992 година, кадешто бил дел од американскиот " Тим од соништата", го зацврстиле неговиот став кон кошарката и постојаниот пораст на славата. Неговата изјава за пензионирање била прифатена со неверување во НБА и била објавена на насловните страници на сите познати весници во светот. Џордан подоцна повторно го изненадил спортскиот свет, со објавувањето на веста дека потпишал со нисколигашот во безбол лигата Чикаго Вајт Сокс. Џордан ја донел оваа одлука бидејќи, кога бил тој бил мал, неговиот татко копнеел да го види како професионален безбол играч. Џери Реинсдорф сопственикот на Чикаго Булс, бил сопственик и на Чикаго Вајт Сокс, па додека Џордан се занимавал со безбол, тој продолжил да го слави името на Џордан во кошарката. Во 1994 година, Џордан играл безбол за Бирминген Баронс, а играл и за Скотсдејл Скорпионс во есенската лига на Аризона во 1994 година. Сепак Џордан ни оддалеку не постигнал успех во безболот како во кошарката. "Се вратив": Враќањето во НБА Во сезоната 1993/94, Булси без Џордан имале резултат од 55 победи и 27 порази и изгубиле во второто коло во плејоф серијата од Њујорк Никс. Но во сезоната 1994/95, Булси биле само бледа сенка на шампионскиот тим од пред две сезони. Во еден период на средина од регуларниот дел од сезоната Чикаго имале резултат од 31 победа и исто толку порази, со што нивниот пласман во плејофот не им бил загарантиран, но сепак со вракањето на Џордан работите се смениле.

На 18 март, 1995 година, Џордан го објавил своето враќање во НБА лигата, со кратката изјава "Се вратив". Следниот ден, Џордан го заменил неговиот препознатлив број на дресот 23, којшто бил повлечен во негова чест по пензионирањето, со 45, бројот којшто го носел кога играл безбол. Првиот натпревар по враќањето го одиграл против Индијана Пејсерс во Индијанаполис, кадешто постигнал 19 поени. Натпреварот го имал највисокиот рејтинг на гледаност во НБА лигата по 1975 година. Иако паузирал од кошарката една и пол година, Џордан играл солидно, постигнувајки го победничкиот кош против Атланта во четвртиот натпревар по неговото вракање, а постигнал и 55 поени против Никси во Медисон Сквер Гарден на 28 март, 1995 година. Засилени со Џордан, Чикаго успеале да се пласираат во плејофот во 1995 година и стигнале до Полуфиналето на Источната Конференција каде што за противник ги имале Шекил О Нил и Орландо Меџик. На крајот од првиот натпревар од серијата, играчот на Орландо, Ник Андерсон му ја украл топката на Џордан од зад грб и го постигнал победничкиот кош, а подоцна искоментирал дека Џордан едноставно тогаш не бил оној стариот. По ова Џордан повторно го зел неговиот стар број 23. Во таа серија, Џордан имал просек од 31 поен по натпревар, но сепак Орландо во шест натпревари ја добиле серијата.. Вториот хет-трик Мотивиран од поразот во плејофот, Џордан тренирал напорно за сезоната 1995/96. Засилени со доаѓањето на специјалистот за скокање Денис Родман, Булси доминирале во лигата, започнувајки ја сезоната фуриозно со резултат 41/3, а на крајот го поставиле најдобриот резултат во историјата на НБА лигата од 72 победи и само 10 порази, којшто и до ден денес е несоборен.

Џордан бил прв стрелец во лигата со просек од 30.4 поени по натпревар, и ги освоил МВП наградите во Ал-Стар натпреварот и во регуларниот дел од сезоната. Во плејофот, Булси изгубиле само 3 натпревари и ја освоиле шампионската титула победувајки ги во финалето Сиетел Суперсоникс којшто биле предводени од Шон Кемп и Гери Пејтон. Џордан бил прогласен за МВП на Финалето по рекорден четврти пат, поминувајќи го Меџик Џонсон на листата којшто има три. Тој исто така бил само вториот играч, по Вилис Рид во сезоната 1969/70, кој успеал во една сезона да ги освои трите МВП награди. Поради фактот што ова била првата шампионска титула за Џордан по смртта на неговиот татко, и поради тоа што била освоена на специјален ден, Денот на Татковците, Џордан прославил многу емоционално, а ќе остане запаметен моментот во соблекувалната кога тој плачел држејќи го баскетот во рацете.

Сезоната 1996-97, Булси ја завршиле со резултат 69-11, и за малку не успеале да го повторат успехот од претходната сезона и да остварат 70 победи. Сепак, иако имале најдобар резултат во лигата, наградата МВП ја добил играчот на Јута Џез, Карл Мелоун. Во финалето играле токму против Јута и Мелоун, којашто е една од најдобрите серии на сите времиња во НБА лигата. Два историски моменти од кариерата на Џордан ке останат запаметени во таа серија. Првиот е во натпреварот број еден кога тој го постигнал победничкиот кош во последната секунда. Вториот е во натпреварот број пет, кога Џордан и покрај тоа имал треска и бил речиси дехидриран поради стомачен вирус го одиграл целиот натпревар.

Овој натпревар е познат како "натпреварот со настинка " анг. "flu game", На тој натпревар Џордан успеал да постигне 38 поени вклучувајќи ја и решавачката тројка на помалку од една минута до крајот на натпреварот. Булси извојувале победа во тој натпревар со резултат 90-88 и победиле во серијата во шест натпревари. По петти пат, од исто толку учества во финалињата Џордан се закитил со признанието МВП на Финалето. На алстар натпреварот истата сезона, Мајкл Џордан имал неверојатен натпревар, успевајки да постигне трипл-дабл и бил единствениот во историјата на НБА до тогаш којшто успеал да го направи ова. (На алстар натпреварот во сезоната 2010/11 Леброн Џејмс го повтори овој успех). Чикаго Булс во сезоната 1997/98 имале резултат 62-20 во регуларниот дел од сезоната. Џордан како по обичај бил прв стрелец во лигата со 28.7 поени по натпревар и успеал да го добие своето петто МВП признание, а го добил и МВП признанието на Алстар натпреварот. Повторно трета сезона по ред Булси победиле во финалето во Источната Конферинција каде што се соочиле со Реџи Милер и Индијана Пејсерс.Серијата треала седум натпревари и ова било прв пат, по 1992 година по серијата против Њујорк Никс, Џордан да игра седум натпревари во плејофот. По победата се пласирале во финалето каде што играле против Јута Џез кои биле желни за одмазда по поразот во Финалето претходната сезона. На 14 Јуни, 1998, Булси се вратиле во Јута за да го одиграат шестиот натпревар од серијата во којашто Булси воделе со резултат 3-2.

Џордан имал неверојатен натпревар и инзвонредни потези, вклучувајќи го и потегот во последните секунди од крајот на натпреварот којшто ќе остане како еден од најдобрите моменти во историјата на НБА . Губејќи со резултат 86-83 на 40 секунди до крајот на натпреварот, тренерот Фил Џексон побарал тајмаут. Кога натпреварот продолжил, Џордан ја примил топката, го поминал теренот и положил преку дефанзивците на Јута. Во следниот напад на Јута, Карл Мелоун борејки се за позиција со неговиот директен чувар Денис Родман успеал да ја прими топката во близина на кошот, но Џордан од позадина успеал да му ја украде од рацете и дриблајки се упатил кон противничкиот кош застанувајки на врвот на рекетот лице во лице со неговиот чувар Брајан Расел. На помалку од 10 секунди до крајот на натпреварот, Џордан почнал да дрибла надесно, и набрзина сменил налево при што малку го подбутнал и го исфрлил од игра Брајан Расел но судијата не досудил фаул. Џордан тогаш го упатил шутот којшто подоцна ке стане најважниот и најдобриот момент во неговата кариера. Во следниот напад, играчот на Јута, Џон Стоктон очајнички шутирал за три поени и промашил со што натпреварот завршил и Булси и Мајкл Џордан повторно станале шампиони. Џордан уште еднаш бил избран за МВП на Финалето со просек од 33.5 поени по натпревар, вклучувајќи ги 45 поени во последниот натпревар. Неговата шеста МВП награда во Финалето е рекорд. Шекил O'Нил, Меџик Џонсон и Тим Данкан се изедначени на второто место со по три. Финалето во 1998 година сеуште го држи рекордот за најгледано Финале во историјата на НБА.

Второ пензионирање Со истекувањето на договорот на тренерот Фил Џексон и со најавените заминувања на Скоти Пипен (тој изразил желба да си замине од тимот на средина од сезоната) и Денис Родман ( кој подоцна ке потпише за Лос Анџелес Лејкерс како слободен агент) и поради најавениот локаут во наредната сезона, Џордан се пензинорал по втор пат на 13 Јануари, 1999 година. На 19 Јануари, 2000 година, Џордан се вратил во НБА но не како играч, туку како делумен сопственик и претседател на Вашингтон Визардс. Тој ги контролирал сите трансакции во тимот, и го имал последниот збор при донесувањето одлуки за договори со играчи. Има различни мислења за тоа како тој работел бидејќи, иако тој успеал да го ослободи тимот од неколку високо платени кошаркари коишто не играле на тоа ниво (како Џуан Хауард и Род Стрикланд) , при изборот на драфтот 2001, Џордан направил огромна грешка со изборот на средношколецот Квејми Браун кој воопшто не ги оправдал очекувањата и бил заменет по четири сезони И покрај тврдењата во Јануари 1999 година дека е 99.9% сигурен дека веке нема да игра кошарка во НБА, сепак за време на летото 2001, Џордан изразил интерест повторно да се врати, овој пат во неговиот нов тим. Мотивиран од вракањето на неговиот пријател Марио Лимје во НХЛ претходната зима, Џордан речиси цело лето тренирал, а го најмил и неговиот поранешен тренер во Чикаго Даг Колинс, да биде тренер на Вашингтон Визардс за претстојната сезона, одлука за којашто многумина сметаат дека го навестила повторното вракање на Џордан.

Вракањето со Вашингтон Визардс На 25 Септември, 2001 година, Џордан го најавил неговото вракање за професионално повторно да игра кошарка за Визардси, најавувајки дека парите коишто ке ги заработи како играч дека ќе ги донира како помош за настраданите од нападите на 11 Септември, 2001 година. Во сезоната 2001/02 се борел со повредите, но сепак бил предводник на тимот со 22.9 поени по натпревар, 5.2 асистенции и 1.42 украдена топка по натпревар. Сепак, поради проблеми со рскавицата на десното колено тој ја завршил сезоната предвреме со одиграни 60 натпревари, најмалку по сезоната 1994-95 кога одиграл само 17 натпревари. Со играњето на Ал-Стар натпреварот во 2003, што бил негов 14 настап, тој го поминал Карим Абдул Џабар на првото место на вечната листа на најдобри стрелци на Алстар натпреварите. Во таа сезона, Џордан бил единствениот играч на Визардс којшто ги одиграл сите 82 натпревари од регуларниотдел од сезоната. Неговиот просек бил 20 поени по натпревар, 6.1 скока, 3.8 асистенции и 1.5 украдена топка по натпревар со шут од поле 45 % и од линијата за слободни фрлања 82 %. Иако веќе имал 40 години, тој постигнак 20+ поени на 42 натпревари, од коишто девет пати биле 30+ и три пати 40+. На 21 Февруари 2003 година тој станал првиот 40-годишен играч којшто постигнал 43 поени во еден НБА натпревар. Додека настапувал за Визардс, сите натпревари на домашен терен биле распродадени, а Визардс биле вториот најгледан НБА тим, со просек од 20.172 гледачи по натпревар на домашен терен и 19.311 на гости.

Сепак, ниту враќањето на Џордан не им помогнало на Визардс да се пласираат во плејофот. Џордан бил незадоволен од играта на неговите соиграчи и неколкупати отворено ги критикувал дека не даваат се од себе, најчесто фокусирајки се на првиот пик на драфтот во 2001 Квејми Браун. Препознавањето на 2002/03 како последната сезона на Џордан во НБА, допринела на Џордан да му биде одадена почит во НБА. На неговиот последен натпревар на неговиот некогашен домашен терен во Чикаго, фановите го поздравиле со четири минутни стоечки овации. Мајами Хит го повлекле бројот 23 на 11 Април, 2003 во негова чест иако Џордан никогаш не заиграл за нив. На Ал-Стар натпреварот 2003, на Џордан му било понудено да настапи во стартниот состав на местото на Трејси Мегреди или Ален Ајверсон, но тој ги одбил и двете, но сепак на крајот настапил на местото на Винс Картер кој поради големиот притисок од јавноста му го отстапил. Последниот НБА натпревар на Џордан бил на 16 Април, 2003 против Филаделфија 76-ерс. Постигнувајки само 13 поени и бркајки 20 поени негатива, Џордан бил пратен на клупата на 4 минути и 13 секунди до крајот на третата четвртина. Кога запошнала последната четвртина публиката во Фирст Унион Центер почнала да скандира "Го сакаме Мајкл!". По многуте охрабрувања од страна на тренерот Даг Колинс, Џордан станал од клупата и повторно се вратил на натперварот на 2:35 до крајот на местото на Лари Хјуз. На 1:45 минути до крајот на натпреварот, Џордан намерно бил фаулиран од играчот на Филаделфија 76-ерс Ерик Сноу, за Мајкл да шутира слободни фрлања.

По погодувањето на двете слободни фрлања, играчите на Филаделфија му ја додале топката на Џон Салмонс којшто веднаш бил фаулиран од Боби Симонс за да се сопре времето и Џордан да може да се врати на клупата. Тој бил поздравен со три минутни стоечки овации од страна на неговите соиграчи, противници, судиите и публиката. Олимписка кариера Мајкл Џордан има настапено на две Олимпијади и на двете го има освоено златниот медал. Како универзитетски играч тој настапил на Летните Олимписки игри во 1984 година и го предводел тимот со просек од 17.1 поен на Олимпијадата. На Летните Олимписки Игри во 1992 година, тој го сочинувал т.н. "Тим од соништата" (анг. "Dream Team") заедно со Меџик Џонсон, Лари Берд и Дејвид Робинсон. Поради фактот што постојано ги победувале противниците со огромна разлика Џордан имал ограничена минутажа на таа Олимпијада, а остварил просек од 12.7 поени по натпревар и бил четврти стрелец во тимот. Заедно со Патрик Јуинг и Крис Мулин се единствените играчи коишто успеале да освојат златен медал на Олимпијадите и како аматери (во 1984 година) и како професионалци. Исто така, Џордан и неговиот соиграч од Тимот од соништата" и Булси Скоти Пипен се единствените играчи кои успеале да ги освојат и Олимпиското злато и НБА титулата во иста година. По пензионирањето од кошарката По неговото трето пензионирање, Џордан претпоставувал дека ќе може да се врати на своето старо работно место како во Визардс, но поради незадоволството сопственикот на Визардс Ајб Полин го отпуштил Џордан на 7 Мај, 2003. Џордан бил навреден од ова и тврдел дека ако знаел дека ќе го отпуштат тој никогаш немало да се врати од пензија за да игра за Вашингтон Визардс. По пензионирањето, Џордан се забавувал и се обидувал да остане во форма, играјки голф на добротворни турнири заедно со други славни личности, го промовирал својот бренд на облека, возел мотори и поминувал доста време со својата фамилија во Чикаго. на 15 Јуни, 2006 година, Џордан купил дел од акциите на Шарлот Бобкатс и со тоа станал вториот најголем акционер на тимот, веднаш зад сопственикот Роберт Л. Џонсон. Како дел од договорот, Џордан бил назначен како Управник на Кошаркарски Трансакции на тимот и имал целосна контрола во работата поврзана со кошарката. Сепак тој се потрудил да не учествува во рекламните кампањи на тимот.


Профил на играчот Џордан играл на позиција бек шутер, а бил способен и да игра на позицијата мало крило( позиција на којашто ќе игра во Вашингтон Визардс). Џордан во текот на целата негова кариера бил познат како играч којшто го решава натпреварот во последните моменти. Тој решил многу натпревари во последните моменти (пример, Шутот, анг.The Shot), а успевал да игра на високо ниво и под тешки околности (пример, Натпреварот со Настинка, анг. Flu Game). Џордан бил многу сестран играч во нападот. Бил способен агресивно да напаѓа, но и да изнудува фаули од неговите противници; со неговите 8.772 обиди од линијата за слободни фрлања тој е на деветото место на сите времиња. Иако бил критикуван од медиумите дека е себичен играч, сепак неговите 5.3 асистенции по натпревар покажуваат дека Џордан имал желба да ги разигрува неговите соиграчи. Кога НБА одлучила да го намали растојанието за шут од три поени од 7 метри на 6.7 метри, Џордан станал закана и од линијата за три поени. Тој постепено напредувал, па така во неговата дебитанска сезона тој шутирал мизерни 9/52(0.173), па се до одличните 111/260 (0.427) во сезоната 1995/96. Иако тој играл како бек, тој сепак бил добар скокач со просек од 6.2 скокови по натпревар. Во 1988 година, Џордан ги добил двете признанија Дефанзивен Играч на Годината и МВП наградата и станал првиот играч кој ги обединил двете признанија во текот на една сезона( оттогаш Хаким Олајџувон, Дејвид Робинсон и Кевин Гарнет ги имаат освеоно двете признанија, а Олајџувон е единствениот играч покрај Џордан кој ги освоил и двете признанија во текот на една сезона).

Исто така тој го држи рекордот за најмногу банани од играч кој игра на позиција бек. Со неговите 2.514 украдени топки по натпревар тој е втор на вечната листа за најмногу украдени топки по натпревар, веднаш зад Џон Стоктон, а додека неговиот проске е трет на сите времиња. Џери Вест често велел дека тој е поимпресиониран од одбранбените способности на Џордан отколку од неговите напаѓачки.

Личен живот Џордан има два постари браќа, Лери Џордан и Џемс Р. Џордан Џуниор и една постара сестра, Делорис како и една помала сестра Розелин. Тој се оженил со Хуанита Веној во септември 1989 година и тие имаат два сина, Џефри Мајкл и Маркус Џемс и една ќерка Јасмин. Џордан и неговата жена имале несогласувања па така се развеле на 29 декември, 2006 година, велејки дека одлуката била донесена заеднички и пријателски. Се претпоставува дека Хуанита од разводот добила $168 милиони оштета. На 21 јули, 2006 година, судија од Кук Кантри, Илиноис одлучил дека Џордан не и должи на неговата поранешна љѕбовница Карла Кнафел $5 милиони. Се претопоставува дека Џордан наводно и платил $250 000 за да ја држи нивната врска во тајност. Таа подоцна тврдела дека тој и ветил $5 милиони за да молчи и да не бара тој да го признае детето откако таа останала бремена во 1991 година. ДНК тест подоцна утврдил дека Џордан не е татко на детето.

Бизнис интереси и реклами Џордан е еден од игачите кој има снимено најмногу реклами. Тој бил заштитно лице на големите брендови како Најк, Кока Кола. Шеворлет, Гатореид, МекДоналдс и др. Џордан за Гатореид снимил повеќе од 20 реклами вклучувајќи ја и рекламата "Како Мајк"(анг. "Like Mike" ) во којашто деца пееле песна во која посакувале да бидат како Џордан Компанијата Најк создала патики со неговиот потпис и ги нарекле "Воздушен Џордан" (анг. "Air Jordan"). Една од најпознатите реклами за патики на Џордан е снимена со Спајк Ли кој ја играл улогата на Марс Блекмон. Во рекламата Спајк, како Блекмон се обидувал да го најде изворот на моќта на Џордан и станал убеден дека таа лежи во патиките. По оваа реклама побарувањта за патики драстично пораснале, а имало случаи каде што на некои луѓе под закана со оружје им ги краделе "Џорданките" додека ги носеле. Џордан исто така направил реклама со цртани, во којашто тој и Душко Долгоушко играле кошарка против Мартианите, а оваа реклама била пуштена на Супер Боулот во 1993 година. Подоцна ова ги инспирирало лугето од филмскиот бизнис и Џордан во 1996 година снимил долгометражен цртан филм насловен "Вселенски Скок", во кој Џордан и Душко Долгоушко играат кошарка против вонземјани. Џордан подоцна снимил уште неколку реклами со цртани. Годишниот приход на Џордан од рекламирање се претпоставува дека е околу 40 милиони долари, а од плата додека тој играл заработувал по околу 30 милиони долари. Во Јуни, 2010 година, Џордан од страна на магазинот Форбс бил рангиран како еден од 20-те најмоќни славни личности во светот со заработка од повеќе од 55 милиони долари во периодот од Јуни 2009 до Јуни 2010 година.