Корисник:Boskova.Koleva

Од Википедија — слободната енциклопедија

F - распоредот се користи за да можеме да ја тестираме еднаквоста на варијансите на две маси или популации, односно за да можеме да го #ПРЕНАСОЧУВАЊЕ тестираме односот помеѓу факторската (Va) и резидуалната #ПРЕНАСОЧУВАЊЕ варијанса (Vr). Овој распоредот го дефинирал Georg Snedecor и во знак на почит и благодарност кон својот професор Fisher го нарекол F-распоред. Тој е исто така познат и како Фишеров распоред или Фишер-Снедекоров распоред. F - распоредот спаѓа во групата на непрекинати (континуирани) теоретски распореди. Тој е дефиниран за реалните броеви од 0 до +∞. Распоредот е асиметричен на десно. Тој зависи од бројот на степени на слобода v1 и v2. Притоа v1 го означува бројот на #ПРЕНАСОЧУВАЊЕ степени на слобода за варијансата во броителот, а тоа е факторската варијанса , Vа . Со 2 го означуваме бројот на степени на слобода во именителот, а тоа е резидуалната варијана, Vr. Со зголемувањето на бројот на степените на слобода се намалува #ПРЕНАСОЧУВАЊЕ асиметријата на F кривата.

  1. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ Критичната област се наоѓа на десната страна на распоредот. Тоа значи дека во анализата на варијансата се применува #ПРЕНАСОЧУВАЊЕ еднонасочен тест (унилатерален).
  2. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ Критичната вредност на F - распоредот се означува со Fα;v1,v2. Неа ќе ја добиеме во пресекот на соодветниот ред и колона во соодветната таблица.
f-распоред

Правилото на одлучување гласи:
- Ако реализираната вредност на статистиката на F тестот е помала или еднаква од критичната вредност во тој случај се прифаќа H0 ( F ≤ Fα;v1,v2 ) ;
- Ако реализираната вредност на статистиката на F тестот е поголема во тој случај H0 се отфрла со ризик на грешка α ( F > Fα;v1,v2 ) . [1]

  1. Статистика за бизнис и економија проф. д-р Славе Ристески, м-р Драган Тевдовски 2009 Економски факултет Скопје стр.315.