Корисник:Bloommay/Блумсдеј

Од Википедија — слободната енциклопедија

Блумсдеј Скопје (Bloomsday Skopje) е меѓународен мултимедијален проект за одбележување на сто и десеттаta годишнина од датумот 16 јуни 1904 година и стогодишнината од објавувањето на Џојсовата збирка раскази „Даблинци“ (1914). Ова е прв и единствен проект од ваков тип во Македонија.

На 16 јуни 1904 година (четврток) ирскиот писател Џејмс Џојс (James Joyce) ја сретнува својата идна сопруга Нора Барнакл. Се претпоставува дека тие двајцата веќе се сретнале една седмица претходно, петокот на 10 јуни 1904 година на улица Насо, во близина на Хотелот на Фин каде што Нора работела како собарка. Нивното прво заедничко патување ќе ги донесе во Трст каде што ќе им се родат двете деца, Џорџо Џојс и Лучија Џојс. Својот брак званично ќе го означат дури по 27 години заеднички живот (поминат во Пула, Трст, Цирих и Париз) на 4 јули 1931 година со цел да ги заштитат наследничките права на Џорџо и Лучија Џојс.

За да ја овековечи првата средба со својата животна партнерка, Џојс го сместува дејствието на својот најпознат роман „Улис“ (Ulysses) на истиот датум. Денес тој датум го носи името „Блумсдеј“ (Bloom’s Day) според името на главниот лик во романот, Леополд Блум. Ширум светот, овој датум го одбележуваат и го прославуваат универзитетски професори, студенти, проучувачи и љубители на делото на Џејмс Џојс – дело што се смета за најдобар роман на дваесеттиот век.

Џејмс ЏојсУлис (роман)James Joyce