Корисник:AleksCASKA96

Од Википедија — слободната енциклопедија

Својства на алкени[уреди | уреди извор]

Физички Својства[уреди | уреди извор]

Алкените се неутрални супстанции. Физичките особини на алкените се многу идентични на особините на алканите со ист број на јаглеводородни атоми. При обични услови ( 25 °С и атмосферскиот притисок ) нормалните алкени можат да бидат во сите агрегатни состојби: првите три ( С2 - С4 ) се гасови, од ( С5 – С16 ) се течности, а од ( С17- Н34 ) се цврсти супстанции. Нема граница помеѓу средните и високите членови зошто течноста станува се погуста. Со зголемување на молекулската маса (бојот на јаглеводородните атоми во молекулите) расте и големината на молекулата, расте јачината на меѓумолекулската сила, а со самото тоа и температурата на топлењето на нормалните алкени. Температурата им е намалена за разлика кај алканите со ист број на С атоми. Не се растворливи во вода, а добро се раствораат во органски (неполарни) растворувачи (бензен, етер, хлороформ). Апсорпција на УВ-зрачење (заради п-електроните)

ИМЕ т.т.°С т.в. °С
Етен -169 -104
Пропен -185 -48
1-бутен -185 -6
2-метил-1-пропен -140 -7
1-пентел -165 +30
2-метил-1-бутен -138 +31

Хемиски својства[уреди | уреди извор]

Реактивноста на алкените потикнува од двојната врска, односно од п врската која стапува лесно во реакција од следните причини:

а) Електронски облак од п електрони над и под рамнината на која се наоѓа молекулата е многу пристапен, и другите реагенси можат лесно да го нападнат;
б) П-електоните не се дел од јаглеводородниот скелет, и п врската може лесно да се скине при поволен судар со реагенсите, а скелетот на С-атомите да остане непроменет.
в) П-електроните и електроните на реагенсите можат да создадат две нови сигма-врски ( при што не се променува скелетот). Новодобиениот производ е стабилен од почениот, затоа што настанаа све сигма-врски кој се постабилни од една п врска, и се ослободува значителна количина на енергија.


Во врска со класификација на реакциите во кој стапуваат алкените во литературата може да се најдат голем број на различни мислења. Така што на пример, реакциите на полимеризација често пати се наоѓаат во реакции на адиција (што во суштина и се) но полимеризацијата има некои специфичности во однос на останатите реакции од типот на адиција. Реакциите на аликилација исто така се наоѓаат во реакциите на адиција, но овие реакции имаат специфичност како на пример се извршуваат преку карбокатјоните и тоа на специфичен начин. Исто така и реакциите со флуорот често пати се вбројуваат во електрофилна адиција, реакција на халогени, што е бесмислено, затоа што механизмот на овие реакции не е ни малку сличен на механизмот на реакции на адиција, како и галогени, така и останатите соединенија кој стапуваат во оваа реакција. Нај впечатливи се реакциите со воден гас. Впрочем овие реакции се одвиваат по механизмот на адиција, но имаат и некој специфичности наспоти другите механизми на адиција но многу помалку од рекцијата на полимеризација и аликлација.

Важно е и да спомнеме дека реакциите на адиција, полимеризација, аликилација и реакциите со воден гас, реакциите од типот на адиција, значи дека молекулите се „додаваат“ една на друга. Од горе наведениве причини авторот на овој текст ( Стефан Лукета ) се определи за следната шема на класификација на реакциите во која стапуваат алкените:

1. Реакција на адиција
2. Реакција на полимеризација
3. Реакција на алкилација
4. Реакција со воден гас
5. Реакција со флуор
6. Реакција на оксидација
7. Реакција на изомерија

Реакција на адиција кај алкени[уреди | уреди извор]

За разлика од алканите, алкените се одликуваат со силна моќ на адиција, затоа што двојната врска многу лесно се раскинува, па на две новоформирани врски можат да се врзат други атоми или атомски групи. Како производ на овие реакции настануваат соединенија со единечна врска помежу С-атомите. Двојната врска е многу осетлива спрема електрофилните реагенси, т.е такви супстанции тежнеат да примат електрони, па затоа реакциите на адиција се вбројуваат во реакции на електрофилна адиција. Незаситените врски служат како извор, односно донор на електрони, а електрофилни реагенси примаат неколку електрони и така прават нови врски ( електрофилните реагенски се јони или молкеу кој можат да примат неколку електрони ).

Алкените во реакција на супституција стапуваат со различни супстанции:

1) Водород
2) Халогени елементи
3) Халогенводород
4) Цијановодорот
5) Вода
6) Хипохлорна киселина
7) Концентрирана сулфурна киселина
8) Озон