Корисник:Acogo995

Од Википедија — слободната енциклопедија

Афористичар, поет, раскажувач

Роден 1970 година , вработен  во Општинска установа Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица. Уште од најрана возраст почнува да пишува поезија и кратки раскази, но неговиот творечки опус најмногу ќе биде збогатен со книги афоризми. Многу  творечки години ќе му посвети на тој краток литературен израз и како еден од малубројните роднокрајни афористичари ќе успее изгради сопствен препознатлив стил.

Неговото афористичко првенче – “Каменче во чевелот” е објавено во 2013 година.

Во 2014 година, заедно со Ристо Филчевски,  Ѓорги Панов, Димитар Алачки и афоризми од веќе покојниот Костадин Устапетров издаваат  “Зборник на роднокрајни афористичари” - како прв и единствен зборник од таков вид во Струмица.

  Втората самостојна збирка афоризми насловена  “Влакно во јајцето” е издадена во 2017 година.

Во 2021 година излегува од печат  ”Балански триаголник”  заедничка двојазична книга афоризми на македонски и српски јазик од авторите Ацо Ѓоргиев од Р.С Македонија,  Нада Караџиќ од Белград, Р. Србија  и Миладин Бериќ од Бања Лука, Република Српска, БиХ.

Со свои афоризми Ацо Ѓоргиев добива место во антологија на македонскиот афоризам “Врели мразови”, од антологичарот Васил Толевски од Скопје.  Исто така има удел во збирката на мудри мисли и афоризми за жената, љубовта и бракот наречена “Во љубовта е вистината”, и  „На врвот од вулканот”, антологија на балканскиот еротски афоризам подготвени од Миле Ѓорѓијоски од Делчево.

Застапен е во „Бричење на петелот”, збирка еротски илустрирани афоризми подготвена од Димитар Илиев Вилазорски од Велес.

  За да остави траг во времето од Вечерите на афоризам во рамките на Струмица опен фестивал, заедно со колегите афористичари  учесници ги спрема книгите – брошури: “Струмичка афоризница”,  “Афористички секстет” и “Афористички дриблинг”.

На негова идејаво во 2022 излезе од печат заедничка книга етноафоризми од деветмина македонски автори наречена “Низ сито и решето”, прва заедничка книга афоризми што за основа ги имаат народните поговорки.

Редовен учесник на Вечери на афоризмот организирани во повеќе градови во Р.С. Македонија, а има настапувано и во Р. Бугарија и Р. Србија.

Се закитил со повеќе награди и признанија за неговото творештво на полето на афористиката.

Како вработен во Дом за деца и млади “Благој Мучето” – Струмица, со финансиска поддршка од Општина Струмица и Министерството за култура на Р.С.М. во 2019, 2020, 2021 година  ја организира и води Есенската школа за млади афористичари, прва и единствена школа од таков вид во државата

Покрај афоризмите, Ацо Ѓоргиев пишува поезија, хаику, кратки хумористични раскази...

Како поет има настапувано на бројни поетски средби ширум државата и странство.

  Во 2023 година се очекува да излезе од печат збирката  хумористични раскази на струмички дијалект насловена “Прикаски у три реда и еден уврт”.