Корисник:77.28.79.103

Од Википедија — слободната енциклопедија

Досега пишував за 4 населби од општина Пробиштип (Злетово,Зелениград,Пуздерци и Плешенци.За ова последното село, на крајот се дадени користените извори,а кај Вас,фигурира дека нема библиографија,проверете си).

Втора работа.Пред неколку часа ја обработив единицата ЗЛЕТОВСКА ОБЛАСТ.Не до крај,останаа уште неколку реченици.Меѓутоа, сега не можам да ја најдам и да ја завршам. Кај Вас има една единица ЗЛЕТОВСКО-ПРОБИШТИПСКИ РЕГИОН!? Авторот, веројатно од локалпатриотски причини,а уште поверојатно нема соодветна, ајде нека биде,по ново, едукација,па оттаму не знае што е тоа РЕГИОН.Ако се тргне по неговата мудра класификација Македонија на толку мал простор ќе има преку 80 региони.Во секој случај многу несериозно! Инаку, за Злетовска област (како што се и Жеглигово,и Овче поле,и Средорек и Пијанец) каква што е,во минатото, ја потврдуваат повеќе историски извори и историчари,да не ги набројувам,ќе отидам подалеку.Покрај другото,во историјата на средниот век, постои и ЗЛЕТОВСКА ЖУПА, со жупан по име Драгослав.И да не заборавиме, овој пробиштипски “писател„ како што тргнал во своето незнаење, утре или задутре и средновековната ЗЛЕТОВСКА ЕПИСКОПЈА ќе ја преименува во ЗЛЕТОВСКО-ПРОБИШТИПСКА ЕПИСКОПИЈА.Немам ништо против желбите и скрибанијата,ама и таму треба одреден степен на сериозност. Да не е тоа проблемот што ја нема одредницата? Затоа што има совпаѓање на фактите изнесени и во едната и во другата одредница.На крај на краиштата ги имате двете па проценете која заслужува да остане.Ако не за друго,да не се прави забуна кај евентуалните читатели. Мн. поздрав. Јордан Јовановски 77.28.79.103 (разговор) 02:48, 3 октомври 2012 (CEST)