Корисник:Тиверополник/К

Од Википедија — слободната енциклопедија

Напластени карпи[уреди | уреди извор]

Варовник
Јаглен

Напластени карпи или седиментни карпи настануваат на површината на земјата или во плитките делови на Земјината кора. Тие настануваат на ниски температури со распаѓање на веќе формирани карпи. Создавањето на напластените карпи се врши со таложење на распаднатиот материјал во водена или копнена средина. Во нив може да се сретнат фосилни остатоци од растенија или животни. Настанувањето на седиментните карпи во принцип е на ниски температури. Седиментни карпи се варовник, креда, јаглен, песочник и.т.н.

Најголемиот дел од земнината површина е покриен со седиментни карпи, или околу 75% од површината на Земјата. Настанувањето на овој вид на карпи се одвива во долг временски период, и за нивното настанување потребно е да има:

1. површинско распаѓање на карпите, кое се случува поради изложеноста на карпите на надворешни влијанија, како: - промена на температурите - дејство на ветерот - водата - флората и фауната (животински и растителен свет)

2. транспорт. Распаднатите карпи на површината на земјата може да бидат транспортирани (пренесени) на друго место, главно под дејство на: - водата - ветерот - морските бранови - ледниците - гравитација Во зависност од местото каде се пренесува (транспортира) материјалот, распаднатата карпа се појавува во вид на слоеви со најразлична големина. Доколку распаднатата карпа биде пренесена во средина со вода, таа може да се раствори.

3. период на зацврстување. Периодот на создавање на карпата може да трае неколку стотици години. Под дејство на различни фактори, оаа распадната карпа се зацврствуа и на тој начин се создава цврста седиментна односно напластена карпа.

Магматски карпи[уреди | уреди извор]

Базалтна лава
Гранит

Магматските карпи се вид карпи кои настануваат со ладењето или стврднувањето на вулканската лава или магма во самата Земјина кора или на нејзината површина.

Магматските карпи се најстари, и се одликуваат со голема цврстина, поради кое имаат голема примена во градежништвото. Магматските карпи ја формираат основата на структурата на континентот и тие се најотпорни на надворешни влијанија, како дожд, ветер и температура. Тие немаат слоеви како кај седиментните карпи и не содржат фосилни остатоци.

Магматските карпи, главно се делат на:

  • Површински. Тие настануваат со ладењето на лавата. Базалтот е една од површинските магматски карпи.

Најпозната длабочинска, магматска карпа е гранитот.

  • Длабочински. Тие настануваат со притискање и ладење на магмата во внатрешниот дел на Земјината кора. Најпозната длабочинска, магматска карпа е гранитот.