Корисник:Тиверополник/ЈШ1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јохана Луис Шпири
Johanna Louise Heusser
Јохана Шпири, околу 1870
Роден/а12 јуни 1827(1827-06-12)
Хирцел, Швајцерија
Починат/а7 јули 1901(1901-07-07) (возр. 74)
Цирих, Швајцарија
Занимањеписателка на кратки приказни, романописец
Жанркнижевност за деца, литература за возрасни
Значајни делаХајди
Насловна страна на изданието на Хајди од 1887
Музејот во Хирцел, посветен на Јохана Шпири

Јохана Луис Шпири (родена на 12 јуни 1827 во Хирцел, Швајцарија – починала на 7 јули 1901 година во Цирих, Швајцарија) — швајцарска писателка на романи и детски приказни. Шпири е најпозната по нејзината книга „Хајди“ и „Без татковина“. Како дете таа поминала неколку лета во областа околу Хур во Граубинден, местото каде што таа подоцна го користела во нејзините романи.

Биографија[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Јохана Шпири била четврто од шестте деца на лекарот Јохан Јакоб Хусер и поетката Мета Хојзер-Швајзер. Таа пораснала во селото Хирцел на брегот на езерото Цирих. Кога имала 15 години, таа се преселила во Цирих со својата тетка за да може да студира. Во летото 1844 година, таа се запишала во интернат во Ивердон, на западниот дел на земјата, за да научи француски јазик. После една година, таа се вратила во своето родно место, помагајќи и на нејзината мајка и ги поучува нејзините помлади браќа и сестри.

Животот во Цирих[уреди | уреди извор]

Во 1851 година, Јохана Хусер се запознала со Бернард Шпири, кој работел како адвокат и бил уредник на весник.Тој исто така бил еден од најблиските пријатели на Ричард Вагнер. На 9 септември 1852 година тие стапиле во брак. Сепак, тој брак не бил среќен. Бернард работел многу и често бил отсутен, а Јохана била осамена и го презирала фактот што била домаќинка. Таа честопати се дружела со Бетси Мајер, сестра на поетот Конрад Фердинанд Мејер. Благодарение на пријателството што нејзиниот сопруг го имал со адвокатот од Бремен, Ханс Хајнрих Спондлин и свештеникот на црквата Свети Марија, Рудолф Виетор, тие често патувале во Бремен, што било голема инспирација за Јохана. Таа започнала своите први дела да ги пишува таму, по кое продолжила и во Цирих. Свештеникот ја убедил да ги испрати своите дела во издавачките куќи. Нејзината прва приказна, Листот на Врониевиот гроб, била објавена во 1871 година. Во оваа приказна се раскажува за животот на една жена која често била малтретирана од страна на својот сопруг кој бил алкохоличар. Следните неколку раскази ги објавила под псевдонимот Ј.Ш., но тие не доживеале никаков успех помеѓу читателите. Четири години подоцна, таа станала наставничка во женското средно училиште во Цирих, каде работела до 1892 година. Првата детска книга ја објавила во 1878 година. Тоа била збирката приказни наречена „Бездомник:“. Збирката ги вклучувала расказите „На езерата Силс и Гарда“ и „Како е откриен Виселиевскиот пат“). Издавачката куќа „Ф. А. Пертес “кој ја отпечатила книгата, не го навела името на авторот, но ја претставила со реченицата: Од авторот на книгата „Листот на Врониевиот гроб“. За прв пат на насловната страница на книгата бил натписот „Приказни за деца и оние кои сакаат деца“. Овие зборови ги украсуваат кориците на скоро сите детски книги напишани од Јохана Шпири.

Следната година напишала уште неколку приказни, за возрасни и деца, а меѓу нив бил и романот Хајди, кој бил напишан во рок од четири недели. Хајди ја раскажува приказната за сираче девојче кое живее со нејзиниот дедо на швајцарските Алпи, и е познато по живописно портретирање на пејзажот.

Семејна трагедија[уреди | уреди извор]

Нејзиниот сопруг Бернард Шпири исто така бил роден во Хирцел, но поголемиот дел од животот го поминал во Цирих. Како адвокат и уредник, исто така на двапати бил избран за член на Кантоналниот совет, а од 1859 до 1868 година бил правен советник во административната служба на градот Цирих. Тој починал 19 декември 1884 година во Цирих. Јохан и Бернард добиле син, Дитхелм на 17 август 1855 година. Тој се школувал во Цирих, Лајпциг и Готинген и станал асистент во рекламна компанија. Тој неколку пати ги прекинал студиите поради болест. Тој бил лекуван во Давос и на други места. Од 1881 до 1882 година престојувал во Аргентина со неговиот чичко, Кристијан Хусер, братот на Јохан. Тој закрепнувал и на езерото Маџоре и во Пиза, Италија, но болеста го надминала и тој починал на 3 мај 1884 година. По смртта на нејзините најблиски, таа се преселила во другиот крај на градот, поминувајќи го остатокот од животот патувајќи и пишувајќи. Сама, таа се посветила на добротворни цели и напишала над педесет други приказни пред нејзината смрт во 1901 година. Во почетокот на 1901 година, таа открила дека има карцином и починала во јули истата година. Таа била погребана во семејната гробница на гробиштата Шефилд во Цирих.

Таа преку своите дела се претворила во икона на Швајцарија, станувајќи многу популарна. Нејзиниот портрет бил ставен на поштенските марки во 1951 година и на комеморативна монета од 20 франци во 2009 година.

Тврдењата за плагијат[уреди | уреди извор]

Во април 2010 година, професор кој трагал по детски илустрации, пронашол книга напишана во 1830 година од еден германски наставник по историја, Херман Адам фон Камп, која Јохана можеби ја користела како основа за романот Хајди. Ова тврдење го промовираше стручњакот за германската книжевност и култура Петер Бетнер, според кој Шпири ја добила инспирацијата и ја зела идејата за своето дело од приказна која била напишана половина век претходно. Приказната од 1830 година е насловена „Аделаида, девојченцето од Алпите “. Биографката на Шпири, Реџина Шиндлер, рекла дека е сосема можно Јохана да била запознаена со приказната бидејќи растела во писмено домаќинство кое поседувало многу книги. Сепак, тврдењата на професорот во следниот период биле опишани како „ненаучни“.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Хаиматлос: Две приказни за деца и за оние кои сакаат деца (1877)
  • Хајди (1880-1)
  • Приказната за Рико (1882)
  • Чичко Тит и неговата посета на земјата (1883)
  • Децата на Гритли (1883-4)
  • Рико и Висели (1885)
  • Вероника и другите пријатели (1886)
  • Што Сами пее со птиците (1887)
  • Тони, малиот резбар (1890)
  • Ерик и Сали (1891)
  • Мазли (1891)
  • Корнели (1892)
  • Винзи: Приказна за швајцарските Алпи (1892)
  • Мони, козјото момче (1897)
  • Малата госпоѓица Скакулец (1898)