Коли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Потекло[уреди | уреди извор]

Коли е исклучително стара раса на овчар со потекло од Јужна Шкотска. Се смета дека оваа раса настанала во текот на првиот век од нашата ера со вкрстувањее надомашно куче и овчар кој го донеле Римјаните. За денешниот изглед Коли морал да го почека 19 век, поточно 1830 година, кога бил вкрстен со рускиот хрт барзој, од кого ги наследил долгите свиленкасти влакна, елегантната фигура и отмениот начин движење.


Карактеристики[уреди | уреди извор]

За популарноста и распространетоста на шкотскиот овчар треба да и се заблагодари на кралицата Викторија која во 1860 година при посетата на Шкотска се вчудоневидела од изгледот на ова куче и понела со себе неколку примероци. Шкотскиот овчар е куче со пријатен и мирен карактер, исклучително интелегентен, весел, верен, многу мирољубив и сака да се дружи, како со останатите кучиња така и со човекот. Не е куче за во зграда и големи градови. Најдобро се чувствува кога трча покрај велосипед.

Благодарение на долгите влакна и меките густи подвлакна, одлично поднесува студ и дожд, но во летните месеци треба да се чува подалеку од сонце и постојано да му се дава свежа вода.