Прејди на содржината

Од ридот на булките

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кокурико-зака кара)
„Кокурико-зака кара“
РежисерГоро Мијазаки
ПродуцентТошио Сузуки
СценаристХајао Мијазаки
Главни улогиМасами Нагасава
Џуничи Окада
ЖанрToho
Премиера16 јули 2011
Времетраење91 мин.
ЗемјаЈапонија
ЈазикЈапонски јазик

Грешка во Lua во Модул:Lang, ред 1670: attempt to index field 'engvar_sel_t' (a nil value) е јапонски анимиран филм од 2011 година на Студио Гибли. Режијата е на Горо Мијазаки со сценарио од татко му Хајао Мијазаки и Кеико Нива, продуцент како по обичај е Тошио Сузуки. Филмот е заснован на истоименуваната манга од Тецуро Сајама и Чизуру Такахаши. Филмот излегува во Јапонија на 16 јули.

Основната песна е нова верзија на 'Sayonara no Natsu' на Рјоко Моријама од 1976 година. Песната за овој филм на Студио Гибли е испеана од Аои Тешима, која претходно работеше на Tales from Earthsea.

Приказната е поставена во Јокохама во периодот Шова (25 декември 1926 г.– 7 јануари 1989 г.). Протагонистка на филмот е 16-годишната Уми Коматсузака. Нејзиниот татко одеднаш исчезнува, а мајка и е ретко дома заради работа. Девојчето почнува да се интересира за момчето Шун Казама со кого се членови на школскиот клуб каде што работат напорно на подготовките за Летните олимписки игри 1964. Уми мора да се соочи сама со животот во куќата, училиштето, меѓу пријателите и адолесценцијата и да порасне побрзо од очекувано.

Кратка содржина

[уреди | уреди извор]

Велепоседта Кокурико се наоѓа на рид со поглед кон пританиште. Со пансионот кој се наоѓа таму управува 16-годишната Уми. Секое утро подига сигнално знаменце насочено кон морето. Знамето значи „Се молам за безбедни пловби“. Шун, 17-годишно момче, секое утро го гледа знаменцево од морето пловејќи на брод-влекач кон училиште.

Во рамикте на подготовките за Олимписките игри во Токио луѓето уништуваат сè што е старо и веруваат само во величественоста на новото. Во тоа време во едно средно училиште во Јокохама доаѓа до конфлик. Зградата на културниот клуб наречена Quartier Latin е стара, но полна со спомени. Дали треба да се уништи или зачува? Во такви околности се сретнуват Уми и Шун. Шун апелира до студентите кои сакат да ја заштитат зградата, додека Уми предлага чистење на истата со цел да се покажат нејзините добри делови.

Постепено меѓу двајцата се раѓаат чувства, но и ненадејна препрека со која треба да се соочат. „Искрено ми кажи ако не ти се допаѓам“, „Брат и сестра сме“, „Што да правиме?“. Можеби се брат и сестра. И покрај тоа, не бегаат од реалноста, а продолжувват напред и во хаосот на војната и повоениот период откриваат како нивните родители се сретнале, сакале и живееле. Во сето тоа, иднината која двајцата ја најдоа е ...

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]