Косумел

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Козумел)
Cozumel
Cuzamil
Наречен и: cuzamil
Satellite image of Cozumel Island in 2002
Географија
МестоCaribbean Sea
Координати20°25′N 86°55′W / 20.417° СГШ; 86.917° ЗГД / 20.417; -86.917Координати: 20°25′N 86°55′W / 20.417° СГШ; 86.917° ЗГД / 20.417; -86.917
Површина647,33 км2
Управување
Mexico
StateQuintana Roo
Municipios (Municipality)Cozumel
Најголема населбаСан Мигел де Косумел (pop. 71,401)
Presidente municipal (градоначалник)Хуан Карлос Гонсалес Ернандес (PRI)
Демографија
Население73,193 [1] (2005)
Густина113,07 /km2 (29.285 /sq mi)
Етнички групиMaya
Дополнителни податоци
Мреж. местоGovernment website
Time zone UTC –6


Косумел (мајaнски: Kúutsmil), (во превод: остров на врапчињата) е остров кој лежи на Карипското Море, источно од брегот на полуостровот Јукатан, спротивно од плажата Плаја Дел Кармен и близу каналот Јукатан. Косумел е една од деветте општини на државата Кинтана Ро и е главно туристичко одредиште, позната по бројните одморалишта и нуркaчки активности. Најголемиот град на островот е Сан Мигел Де Косумел

Географија[уреди | уреди извор]

Островот е долг 48км (30мил) и 16км (9.9мил) широк и е најголемиот мексикански остров што лежи во Атлантикот. Инаку е трет по големина во државата, по островот Тибурон и Анхел де ла Гуардиа. Оддалечен е 20 км (12мил) од копното и 60км (37мил) јужно од Канкун. Голем дел од населението на Косумел живее во градот Сан Мигел ( население од 71.401 во 2005), кој се наоѓа на западниот брег на островот. Општинава, која вклучува уште две мали области на главното копно, кои се енклава на општината Солидаридад со површина од 10.423 км2 (4.024 мил), зафаќа површина од 647.33 км2 (249.93 кавадратни милји). Островот е низок, рамен и со густа вегетација.[2]

Геологија[уреди | уреди извор]

Косумел е рамен остров кој лежи на карстно подрачје. Највисоката точка изнесува помалку од 15m надморска височина. Вртачи се дупки исполнети со изворска вода која извира од карстната почва уште пред илијадници години и се својствени за Косумел. Пристапот е ограничен и достапен само за кафалификувани нуркачи за во пештери, доколку имаат соодветна дозвола. Истражувањето на вртачите се врши преку нуркање и пливање и тие претставуваат дом на многу слатководни организми. Во раните 90-ти група истражувачи на пештери ја открија 5тата најголема подводна пештера во светот. Древните жители на островот се засолнувале во големите дупки во карпите, за да ја ибегнат жештината, копајќи мали пештери во земјата.

Историја[уреди | уреди извор]

Се верува дека Маите први се населиле на Косумел на почетокот на првиот милениум од нашата ера, а исто така се најдени артефекти од древните Олмеци. Островот бил светилиште на мајската божица на месечината Иш Чел, а храмовите биле свето место, особено за жените кои посакувале плодност. На островот постојат урнатини од пост-класицизмот. Најголемите маиски урнатини биле расчистени за да се направи простор за аеродромска писта за време на Втората светска војна. Најголемите урнатини што останале се Сан Гервасио и се наоѓаат во непосредна близина на центарот на островот и до ден денес постојат. Првиот шпански освојувач бил Хуан де Грихалва во 1518, а наредната година Ернан Кортес пристигна со флота и уништи многу маиски храмови. Тогаш на островот живееја околу 40.000 Маи, но малите сипаници ги уништија и до 1570 останаа само 30. Во годините што претстоеја, Косумел беше напуштен и се користеше од време на време како скривалиште на пиратите. Во 1848 избувна Јукатанската војна, која резултираше со емиграција на бегалците. Спомен плоча во музејот на Косумел вели дека американскиот претседател Абрахам Линколн имал намера да го купи островот и да го користи како место за ослободените робови. Но војната во Јукатан го премислила.

Доцен 20 век[уреди | уреди извор]

Во 1960 истражувачот Жак Кусто ја запозна убавината на коралниот гребен Палансар, кој се наоѓа кај јужниот дел на Косумел и го претстави како едно од најубавите места за нуркање во светот, но ова репутација падна во вода, поради контраверзната смрт на британската пејачка Кристи Мек Кол додека нуркала таму во 2000. Иако првичниот аеродром, кој се изгради за време на Втората светска војна, имаше капацитет за примање на воени и интернационални летови, се изгради многу поголем аеродром во доцните 70-ти. Ова придонесе уште повеќе развие туризамот во Косумел. Нуркањето е сè уште една од главните атракции во Косумел, што во главно се должи на маринските заедници на коралниот гребен. Во 1996 владата на Мексико го заштити националниот парк - коралниот гребен на Косумел, со тоашто забрани допирање или отстранување на организми од морето во границите на паркот. И покрај тоашто гребенот е од особена важност за туризмот во Косумел, во 90-тите се градеше пристаниште, кое нанесе огромна штета на. 2005 Сезона на урагани Островот беше погоден од два урагани од четврта категорија за време на сезоната на урагани во 2005. Првиот ураган беше Емили и се случи во јули. Иако Емили беше моќна бура, ураганот Вилма, кој се движеше бавно, нанесе нејвеќе штета. Имаше штета и на морскиот свет, вклучувајќи го и коралниот гребен. Најзасегнати делови беа поплитките делови на гребенот и рибите кои живееат таму.[1]

Индустрија[уреди | уреди извор]

Нуркањето и риболовот се изворите на приход на островот. Има повеќе од 90 ресторанти и многу хотели, во некои од нив се спроведени и нуркачки активности, имаат базени, приватни пристаништа и многу прехранбени објекти. Други водени активности се: едрење, каитсерфинг и туристичките подморници. Исто така има и два аквариуми за делфини. На пристаништата има неколку блокови со продавници во кои се продаваат кубански пури, накит, маици, текила и огромен избор на евтини сувенири. Има три бордели на јужната страна на островот, два од нив (клубовите: Платина и Калифорнија) нудат услуги на туристи. Ваквата забава за возрасни во градот и доста ограничена и повеќето вакви локали се затворени. Сета храна и готови производи се праќаат на островот. Морската вода се дестилира и се користи како вода за пиење.

Образование[уреди | уреди извор]

Има два универзитета на островот: Универзитетот на Кинтана Ро и Партенон. Покрај тоа што се изучува англиски јазик, има уште пет други опции а тоа се: туризам, истражувања на природни ресурси и комерцијални системи.

Управа[уреди | уреди извор]

Косумел е дел од сојузната држава Кинтана Ро. Општината Косумел се состои од островот Косумел и двете соседни делчиња на главното копно,опколени од општината Солидаридад. А тоа се Калика и водениот парк Ксел-Ха.

Култура[уреди | уреди извор]

Во Косумел до ден денес се одржува историски фестивал во малото гратче Ел Седрал, кое се наоѓа на јужниот дел на островот. За овој годишен настан се вели дека се започнал да се одржува уште од пред 150 години од страна на Касимиро Карденас. Карденас беше уште еден од групата луѓе кои избегаа на островот од селото Сабан, на главното копно, по нападот за време на Јукатанската војна. Напаѓачите убија многу селани, но Карденас преживеа така што се фатил за мал дрвен крст. Легендата вели дека Карденас дал завет дека ќе направи годишен фестивал, каде и да се пресели, во чест на религиозната моќ на ова распетие. Денес, оригиналниот фестивал на Светиот Крст е дел од поголемиот фестивал Ел Седрал, кадешто има панаѓури, традиционални гозби, родеа, борби со бикови, музика и натпревари. Прославите траат 5 дена и се одржуваат секоја година на крајот на Април или почетокот на Мај.

Галерија[уреди | уреди извор]

Panoramic view of a Cozumel sunrise.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Link to tables of population data from Census of 2005: INEGI“. Посетено на 2009-11-01.
  2. „Land area of islands in Mexico: INEGI“. Посетено на 2009-11-01.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Косумел на Curlie (англиски)
    • Cozumel Parks and Museums Архивирано на 21 февруари 2008 г. official site for the Quintana Roo State Foundation that manages Chankanaab Park, Punta Sur, San Gervasio and the Island Museum
    • Cozumel travel information independent destination website about Cozumel Island offering tourist information including: things to do, places to stay and news.