Литературна бесмисленост
Литературна бесмислица (или „нонсенс-литература“) се однесува на широкоопфатна категоризација во литературата која си поигрува со конвенциите на јазикот и правилата на логиката и разумот преку смисловни и бесмислени елементи. Иако најпознатата форма на литературна бесмислица се бесмислените стихови(кај нас познати и како нонсенс поезија), жанрот е присутен во многу форми на литературата.
Ефектот на бесмислиците почесто e како последица на одвишок, отколку недостиг на значење. Бесмислиците се често хумористични по природа, иако нивниот хумор потекнува од самата бесмислена природа, во споредба со вообичаениот хумор кој е смешен бидејќи има смисла.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Корените на литературната бесмислица, можат да се поделат на две главни гранки. Првата и постарата гранка ги протегнува своите корени до фолклорната традиција, народните приказни, драми, стихотворби, песни и игри, како на пример детската стихотворба „Еј Дидл Дидл“.[2] Училишните стихотворби и книжевниот лик на Мајката Гуска донекаде се современи реинкарнации на овој стил на пишување. Нејзината улога во фолклорната традиција варира од онаа мнемонична направа до субверзивна измена на иконскиот текст
Другата гранка на литературната бесмислица потекнува од интелектуалните абсурдности на дворските поети, учени луѓе и различни видови на интелектуалци. Овие писатели често сознавале софистицирано-бесмислени пародии на латинските дела, религиозни теми и политичка сатира.[3]
Денес, жанрот на литературна бесмислица се смета за комбинација од овие две гранки.[4] Иако не бил првиот што пишувал на овој хибриден вид на бесмисленост, Едвард Лир ги развил и популаризирал многу од неговите кратки шеговити песни (почнувајќи од „Книга на Бесмислици„ (1846) и други познати текстови како на пример „ Бувот и Мачката“, „Донгот со светлечки нос“, „Џамблите“ и „Приказната за четирите мали деца што го прошетаа светот. Луис Керол го продолжил овој тренд, правејќи ги литературните бесмислици светски феномен со „Алиса во Земјата на Чудата“ (1865) и „Низ огледалото“ (1871). Поемата „Џабервоки“ на Керол, која се појавува во [„Низ огледалото, и што Алиса најде таму “].[5]
Теорија
[уреди | уреди извор]Реченицата „Безбојните зелени идеи спијат бесно“ е творба на Ноам Чомски како пример за бесмислица.[6] Секој поединечен збор има значење, и é граматички подреден, но резултатот сепак е бесмислен. Инспирацијата за овој обид на создавање зборовна бесмислица дошла од идејата за спротивставеност и релевантни или нематеријални одлики, кои сигурно би направиле една фраза бесмислена.
Во техниките на бесмисленоста спаѓаат погрешна причина и последица, комбинирани зборови (портмонеа), неологизми, превртувања и инверзии, непрецизности, симултаност, несогласност помеѓу сликата и текстот, арбитрарност, бесконечно повторување, негативност или отсликување, и злоупотреба.[7] Бесмислената тафтологија, редупликација и апсурдната прецизност истот така се често употребувани во жанрот на бесмисленото.[8]
Во литературната бесмислица, формалната дикција (изгорвор) и тонот се граничат со елементи на апсурд. Најпрепознатлива е по различните техники кои ги користи да постигне ефект на бесмисленост, како на пример неологизми и погрешна причина и последица. За еден текст За некој текст да се смета за литературна бесмислица, мора да содржи изобилство техники на бесмисленото, вткаени во ткаенинате на делото. Ако во текстот има само повремени бесмислени техники тогаш тоа може да не се смета за литературна бесмислица, иако можеби некои сегменти од делото содржат ефект на бесмисленост.[9]
Литературата на бесмисленото е успешна поради преовладувачката човекова желба да го пронајде значењето, каде било и секаде и дури каде што го нема.[10]
Што не припаѓа на овој жанр
[уреди | уреди извор]Нафрлањето неодредени букви или зборови може да биде вид бесмисленос, но вистинската бесмислена литература има семантичко, синтаксичко, фонетичко или контелстуално значење.[11] Литературата која спроведува употребата на неологизми или измислени зборови се разликува од нафрлањето ако контекстот им придава значење на тие зборови или ако е направена игра со зборови за нафрлените зборови да асоцираат на познати зборови, како на пример поемите Џабервоки или Еј Дидл Дидл.[12]
Бесмисленост не е исто со фантастиката, иако понекогаш постојат сличности помеѓу нив. Иако бесмисленоста ги користи чудните суштесва, случувања во други светови, магија и животните кои зборуваат од фантазијата, овие натприродни појави не се бесмислени сè додека нивното постоење е поддржано со очигледна логика. Разликата лежи во постојаната и обединета природа на фантазијата.[13] Според неговите правила, се има смисла во светот на фантазијата;во светот на бесмисленостите не постои таков постојан систем, иако ова можеби посочува на постоењето на еден загадочен систем кој е надвор од нашиот дофат.[14] Природата на магијата во склоп на еден замислен свет може да ни послужи како пример за оваа разлика. Фантастичните светови ја користат магијата за логично да го објаснат невозможното. Магијата е ретка во светот на бесмисленоста, но кога ќе се појави, таа е бесмислен вид на магија која само ја зголемува мистеријата, и не решава ништо. Ова се случова во „Приказни од Ротабага од Карл Сандбург, на пример кога Џејсон Сквиф, поседува златен магичен предмет кој му ги претвора капата, ракавиците и чевлите во пуканки бидејќи, според правилата на магијата „Ако ја имаш буквата Ф во името тогаш мораш да имаш капа од пуканки, ракавици од пуканки и чевли од пуканки“.[15]
Гатанките само изгледаат бесмислено сè додека не се најде одговорот. Најпознатата бесмислена гатанка е таква само затоа што уште од почетокот немала одговор. Во „Алиса во земјата на чудата“ на Керол, Лудиот шапкар ја прашува Алиса „ Зошто гавранот е сличен на маса за пишување?“ Кога Алиса ќе се предаде, Шапкарот одговата дека ни тој не знае, создавајки притоа бесмислена гатанка.[16] Некои наизглед бесмислени текстови се всушност загатко, како популарната песна од 40те години на дваесеттиот век „Маирзи Дотс“, кои на почеток изгледа дека нема значење но има забележлива порака.[17]
Публика
[уреди | уреди извор]Додека поголемиот дел од бесмисленостите од деветнаесеттиот век навами биле начишани за деца, овој вид има многу подолга историја во литературата за возрасни пред деветнаесеттиот век.Личности како Џон Хочкинс, Хенри Пичм, Џон Санфорд, и Џон Тејлор, живееле во раниот седумнаесетти век и биле значајни писатели на бесмисленото во нивното време.[18] Исто така се појавуваат како значаен елемент во делата на Флан О’Брајан и Јуџин Јонеско. Литературните бесмислици, наспроти фолклорните видови на бесмислици кои отсекогаш постоеле, за првпат биле пишувани за деца во раниот деветнаесетти век. Биле популаризирани од Едвард Лир и подоцна од Луис Керол. Денес во литературните бесмислици уживаат и децата и возрасните.
Писатели на бесмисленото
[уреди | уреди извор]Двајцата најпознати писатели на бесмисленото од англиската книжевност се Едвард Лир (1812-1888) и Луис Керол (Чарлс Лудвиг Доџсон) (1832-1898),затоа што тие популаризирале една многу постара форма на литературен израз.„Латино-Англикусот“ препраќан при допишувањето на Џонатан Свифт и неговиот „Вицерој Трифлер [Томас] Шеридан„ во 1730-те со сигурност се квалификува.
Други писатели на бесмисленото во англиската литература:
- Даглас Адамс
- Ивор Катлер
- Николас Дали
- Мајк Гордон
- Едвард Гори
- Спајк Милиган
- Флан О'Брајан
- Мервин Пик
- Џек Прелутски
- Анушка Равишанкар
- Лора Е.Ричардс
- Мајкл Розен
- Карл Сандбург
- Д-р Зуз
- Шел Силверстајн
- Џејмс Турбер
- Алан Вотс
- и од најскоро Д-р Г-дин Дорис Хагис na Веj (Дејв Егерс и неговиот брат Кристофер) и Хутинг Јард на Френк Ки.
Писатели на бесмисленото од други јазици вклучуваат:
- Али-Акбар Дехода (шерсиски)
- Ленарт Хелсинг (шведски)
- Зинкен Хоп (норвешки)
- Алфред Џери
- Кристијан Моргенстерн (германски)
- Халфдан Расмусен (дански)
- Шукмар Реј (бенгалски)
- Ерик Сатие (француски)
Популарна Култура
[уреди | уреди извор]Во полето на уметноста, дадаизмот]дадаизмот во одредени одлики е сличен на бесмислицата, но и доста се разликува од неа.
Дејвид Берн, фронтменот на арт рок групата Токинг Хедс, користи сличен начин на пишување песни.Како дел од Такинг Хедс, Брн често комбинирал припоени а сепак не поврзани фрази за да создаде бесмислени текстови во песните како на пример : „Запалувајќи ја куќата“, “Флипи флопи“ и „Со женска е подобро“. Истот така Токинг Хедс музички ја поставиле дадаичната поема на Хуго Бал "Gadji beri bimba" во песната „Ај Зимбра“.
Сид Барет, фронтменот и основачот на Пинк Флојд, бил познат по неговото бесмислено пишување кое било многу застапено во првиот албум на Пинк Флојд, Свирачот на портите на зората.[19] Хип-хоп продуцентски куќи како на пример Дефинитив Џинкс и Биг Дада и артистите како Мф доом, И-ЕЛ-Пи и Езоп Рок често имаат бесмислени текстови каде што римата е фонетички исправна, но нивната содржина сосема неправилна.
„Шизополис“ на Стивен Содерберг вклучува надреализам и дадаизам, за да конструира бесмислен заплет.
[Во стриповите, делата на Глен Бакстер вообичаено се бесмислени, потпирајќи се на збунувачката игра меѓу зборовите и сликите. Зипи и Пинхеад, од Бил Грифит, е американски стрип кој во своите бесссмислечки процеси ги спојува филозофијата и поп културата.Зипи и Пинхеад, од Бил Грифит, е американски стрип кој во своите бесссмислечки процеси ги спојува филозофијата и поп културата.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Апсурдна белетристика
- Експериментална книжевност
- Бесмислена поезија
- Надреален хумор
- Театар на апсурдот
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Tigges, Anatomy, стр. 255.
- ↑ Heyman, Boshen, стр. 2-4
- ↑ Malcolm, стр. 4.
- ↑ Malcolm, стр. 6-7.
- ↑ Malcolm, str. 14.
- ↑ Chomsky, стр. 15.
- ↑ Tigges, Anatomy, стр. 166-167.
- ↑ Heyman, Naissance, стр. xxvi-xxix
- ↑ Lecercle, стр. 29.
- ↑ Lecercle, стр. 64.
- ↑ Tigges, стр. 2.
- ↑ Tigges, стр. 81.
- ↑ Anderson, стр. 33.
- ↑ Tigges, стр. 108-110.
- ↑ Sandburg, str. 82.
- ↑ Carroll, стр. 55.
- ↑ „Cabaret and Jazz Songs by Dennis Livingston“. Посетено на 24 април 2010.
- ↑ Malcolm, стр. 127.
- ↑ „Syd Barrett: A Very Irregular Head by Rob Chapman“. Посетено на 24 април 2010.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Carroll, Lewis (1865). Alice's adventures in wonderland. Macmillan.
- Celia Catlett Anderson; Marilyn Apseloff (1989). Nonsense literature for children: Aesop to Seuss. Library Professional Publications. ISBN 9780208021618.
- Chomsky, Noam (2002). Syntactic structures. Walter de Gruyter. ISBN 9783110172799.
- Heyman, Michael (2007). "An Indian Nonsense Naissance" in The Tenth Rasa: An Anthology of Indian Nonsense. New Delhi: Penguin. ISBN 0143100866.
- Heyman, Michael Benjamin (1999). Isles of Boshen: Edward Lear's literary nonsense in context. Scotland: Glasgow. Архивирано од изворникот на 2012-03-06. Посетено на 2010-05-30.
- Lecercle, Jean-Jacques (4 април 1994). Philosophy of nonsense: the intuitions of Victorian nonsense literature. Routledge. ISBN 9780415076531.
- Malcolm, Noel (1997). The origins of English nonsense. HarperCollins.
- Sandburg, Carl (1922). Rootabaga stories. Harcourt, Brace and Company.
- Tigges, Wim (1988). An anatomy of literary nonsense. Rodopi. ISBN 9789051830194.