Клепало (граничен премин)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Клепало — граничен премин на македонско-бугарската граница, во близна на Берово на македонската страна.[1]

Во 1993 година бил изграден современ пограничен објект на Клепало, кој требало да го користат и македонските и бугарските гранични служби. Според договорот, Бугарите таков објект за двете гранични служби требало да изградат на некој од другите два планирани гранични премина. Неколку години по завршувањето на пограничната зграда бил завршен и асфалтиран и патот од Берово до с. Клепало, во должина од 17 километри. Но, и покрај тоа што имале одобрено и европски пари, Бугарија не почнала со асфалтирање на патот од Струмјани до Клепало.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 2011.08.10. Новите премини остареа неотворени. dnevnik.com.mk Архивирано на 21 септември 2011 г.