Кирхофов закон за топлинското зрачење

Од Википедија — слободната енциклопедија
За други Кирхофови закони видете Кирхофови закони - (појаснување)
Густав Кирхоф (1824–1887)

Кирхофов закон за топлинското зрачење — општ закон во термодинамиката кој ја изедначува емисијата и апсорпцијата на грејно тело, изнесен од Густав Кирхоф во 1859. и докажан во 1861., кој произлегува од општите правила на термодинамичка рамнотежа.

Едно тело со некоја не-нулта температура зрачи електромагнетна енергија. Енергијата што ја зрачи, мора да биде еднаква со енергијата што ја апсорбира, ако телото е на константна температура - т.е. во термодинамичка рамнотежа. Според тоа, Кирхофовиот закон за топлинското зрачење може да се формулира вака:

При термодинамичка рамнотежа, емисијата и апсорпцијата на зрачење на едно тело или површина се еднакви.

Треба да се забележи дека зрачењето може да има различни облици, нпр. телото апсорбира енергија во еден спектрален опсег, а емитува во друг. Сепак, количината на енергија што телото ја зрачи и онаа што ја апсорбира мора да биде во рамнотежа, односно еднаква.

Според тоа, емисивноста не може да биде поголема од 100%, бидејќи ниту апсопцијата не може да биде над 100%, односно не е можно да се создаде перпетум мобиле. Притоа, апсорпцијата од 100% (значи и емисијата) се постигнува само во идеален случај на апсолутно црно тело, бидејќи сите други имаат определен коефициент на рефлекција (сиво тело).

Ако телото е сјајно, што значи висок коефициент на рефлексија, тогаш и апсорпцијата и соодветно на тоа и емисијата се мали. Затоа на пример, ќебињата за итни случаи се рефлективни со метално-сјајна површина - така губат само мала количина на енергија со емисија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Evgeny Lifshitz and L. P. Pitaevskii, Statistical Physics: Part 2, 3rd edition (Elsevier, 1980).
  • F. Reif, Fundamentals of Statistical and Thermal Physics (McGraw-Hill: Boston, 1965).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]