Кетонурија
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Кетонурија | |
---|---|
![]() | |
Класификација и надворешни извори | |
МКБ-10 | R82.4 |
МКБ-9 | 791.6 |
DiseasesDB | 29485 |
Кетонурија е состојба кога во урината се присутни кетонски тела. Таа се јавува во состојби кога организмот создава поголеми количини на кетони, што е индикација дека организмот користи алтернативни извори на енергија. Такви состојби се гладување или дијабетес мелитус тип I. Производството на кетонски тела е нормален одговор на недостигот на глукоза, со цел да се обезбеди дополнителен извор на енергија од масни киселини.