Категорија:Починати на 21 декември 1375

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бокачо е еден од најзначајните претставници на предренесансата (хуманизмот). Тој самиот велел дека е роден во Париз (што е можеби плод на предренесансната фантазија), но најверојатно е роден во Черталд како вонбрачно дете на трговецот Бокачино ди Келино. Детството го поминал во Фиренца, а младоста во Неапол каде се школувал и каде започнал да се занимава со литература. По желба на татко му прво се приготвувал за трговец, а потоа учел канонско право, но за тоа не покажувал интерес. Тој се заинтересирал за античките писатели, како и за Данте. Во Неапол го започнал своето творештво, односно романот „Филоколо“ со љубовно-авантуристичка тема. 1340 година се вратил во Фиренца каде зел активно учество во политичкиот живот. Десетина години подоцна се сретнал со Петрарка и станале пријатели. Заедничкиот интерес за античкото творештво ги зближувал. Бокачо го знаел и старогрчкиот јазик, па така ја проучувал и таа литература. Од тие проучувања произлегло делото „За генеалогијата на боговите“ напишано на латински јазик. Во периодот од 1352 до 1354 година Бокачо го напишал своето најпозната дело „Декамерон“ (десет дена) на италијански јазик, со што Бокачо станува основоположник на италијанската уметничка проза. Тој всушност ја усовршил новелата како литературен род. Во последните години од животот му се посветил на Данте, пишувајќи ја неговата биографија (која не ја довршил) и толкувајќи ја „Божествената комедија“ (на јавни предавања). Умрел во Черталд 1375 година.

Оваа категорија засега не содржи страници или податотеки.