Прејди на содржината

Кастељери на Вилафранка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првата висока човечка кула на Кастељери на Вилафранка
Првиот три од десет во историјата, 'Кастељери на Вилафранка
Првиот четири од девет од Кастељери на Вилафранка
Кастељери на Вилафранка

Кастељери на Вилафранка е културно и спортско здружение чија главна цел е изградба на каталонска човечка кула. Има статус на здружение од јавен интерес. Групата е основана во 1948 година[1] како одговор на зголемениот интерес за изградба на човечки кули во Вилафранка дел Пенедес, каталонска традиција која постои од 18-тиот век.[2][3]

Во 2010 година, Кастељери на Вилафранка имале околу 400 активни членови.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]
Кула од луѓе
Кастељери на Вилафранка

Културното здружение Кастељери на Вилафранка било основано во септември 1948 година од Ориол Росел, кој станал првиот технички менаџер на групата. Групата започнала со кули на седум нивоа и воспоставила блиски односи со вакви групи од други градови. Првите водачи биле Ориол Росел (1948-1952) и Рамон Сала (1953-1955). Групата првично носела кошули во розова боја, а подоцна и црвени.

Во 1975 година, групата поминала низ внатрешно реструктуирање. Во 1981 година, било одлучено дека членовите на тимот повеќе нема да бидат платени. Ова предизвикало поделба во групата.

Групата победила на натпреварите во 1996, 1998, 2002, 2004,[5] 2006,[6] 2008,[7][8][9] и 2012 година. Во 2005 година, Кастељери на Вилафранка успеале да напрват кула од девет, што се смета за  најтешката кула направена од која било група досега.

Франсеск Морено „Мелила“ бил водач меѓу 1995 и 2003 година и Луис Ескласанс од 2004 до 2007 година. Дејвид Мирет бил избран за нов водач во декември 2007 година.

Во својата историја, Кастељери на Вилафранка постигнале најголем дел од конструкциите што биле видени во која било изведба.

  1. „Història dels Castellers de Vilafranca“ (каталонски).
  2. „Photography exhibition on Catalan human towers commemorates their first anniversary as part of World Cultural Heritage“. Catalan News Agency. 17 November 2011. Архивирано од изворникот на 29 July 2012.
  3. „Close-Up: Catalonia's human towers“. BBC. 14 November 2010.
  4. „Un grupo de castellers viste con su atuendo al Manneken Pis de Bruselas“ (шпански). La Vanguardia. 9 October 2010.
  5. „Els Castellers de Vilafranca revaliden el títol de campions del concurs de Tarragona“ (каталонски). Vilaweb. 4 October 2004.
  6. „Els Castellers de Vilafranca s'imposen per tercer cop consecutiu en el concurs de castells de Tarragona“ (каталонски). Catalan Television. 2 October 2006.
  7. „Els Castellers de Vilafranca revaliden el títol del concurs de Tarragona amb una actuació històrica“ (каталонски). Catalan Television. 5 October 2008.
  8. „Els Castellers de Vilafranca tornen a fer història“ (каталонски). Vilaweb. 3 October 2010.
  9. „Els Castellers de Vilafranca guanyen el Concurs de Castells de Tarragona després de fer tres castells de gamma extra“ (каталонски). Catalan Television. 4 October 2010.