Исвиркувач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Исвиркувач[1] е личност која и кажува на јавноста за наводно нечесни или нелегални активности во владини оддели, јавни или приватни организации, или компании.[2] Таквите активности можат да бидат во различни форми, на пример кршење на законот, измама или корупција. Исвиркувачите можат да ги кажат своите наводи внатрешно(на други вработени во организацијата), или надворешно(на соодветни органи за спроведување на законот, медиуми или на посебни групи кои што се засегнати со тие проблеми).

Преглед[уреди | уреди извор]

Потекло на терминот[уреди | уреди извор]

Терминот исвиркувач доаѓа од зборот свиреж(англиски: whistle). Граѓанскиот активист од Соединетите Американски Држави, Ралф Надер(англиски: Ralph Nader), го вовел овој термин во раните 1970-сети заради избегнување на негативната конотација од зборовите информант или поткажувач.[3]

Дефинирање[уреди | уреди извор]

Повеќето исвиркувачи се внатрешни исвиркувачи, односно информацијата за нечесните/нелегални активности ја пренесуваат до колега вработен или претпоставен. Едно од поинтересните прашања во однос на внатрешните исвиркувачи е зошто и под кои околности луѓето би дејствувале на лице место за да го сопрат таквото неприфатливо однесување или да го пријават.[4] Има причина да се верува дека луѓето почесто би преземале вакви акции доколку во организацијата во која што работат би постоеле апсолутно доверливи системи за жалба со поголем број на опции.

Надворешните исвиркувачи, пак, информацијата за нечесното/нелегално однесување ја доставуваат до личност или ентитет од надвор, кои што во зависност од сериозноста на информацијата можат да бидат адвокати, медиуми, органи за спроведување на законот или други локални, државни или федерални агенции. Во некои случаи, надворешното исвиркување е поттикнато со парична награда.

Општи реакции[уреди | уреди извор]

Реакциите за исвиркувањето широко варираат. Исвиркувачите најчесто се гледаат како несебични маченици кои се залагаат за јавниот интерест и организациска одговорност. Некои, пак, ги гледаат како "разкажувачи на приказни" или "поткажувачи" кои сакаат само да добијат лична слава.
Многу веројатно е дека повеќето луѓе не ни помислуваат да исвиркаат, не само поради стравот од одмазда туку и поради стравот од влошување и губење на односите со личности од работа и надвор од неа.
Бидејќи во повеќето случаи исвиркувачите привлекуваат многу мало или скоро никакво внимание од медиумите, а од друга страна се ставаат себеси во ситуација да бидат прогонувани, верувањето во идејата дека тие сакаат лично да се прослават е доста намалено.
Прогонувањето на исвиркувачите стана сериозен проблем во многу делови од светот. Иако тие се заштитени со закон од одмазда на работодавачот, постојат многу случаи каде што исвиркувањето било казнето со отпуштање од работа, суспендирање, деградирање, скратување од плата и/или грубо малтретирање од страна на другите вработени.
Како мерка за заштита, многу приватни организации формираа фондови за правна одбрана и групи за помагање на исвиркувачите. Такви се, на пример, National Whistleblowers Center во Соединетите Амеркански Држави или Public Concern at Work во Обединетото Кралство.
Во зависнот од околностите, не е невообичаено исвиркувачите да бидат изолирани од нивните соработници и дискриминирани од идни работодавачи. Ваквата кампања, насочена кон исвиркувачите со цел нивно оттргнување од организацијата, се нарекува мобинг.

Познати случаи на исвиркување[уреди | уреди извор]

Hewlett-Packard(HP)[уреди | уреди извор]

Оваа компанија била оптужена дека плаќа мито на владини консултанти за да ги рекламираат нивните продукти при склучување на владини договори. HP ги негирале ваквите обвинувања, но биле приморани да исплатат 55 милиони долари.[5][6]

Oracle[уреди | уреди извор]

Paul Franscella, поранешeн вработен во Oracle, ја пријавил оваа фирма во 2007 бидејќи на владата не им биле дадени истите попусти за софтвер како и на комерцијалните корисници. По извршеното изтражување, американскиот оддел за правда започнал парница против Oracle.[7]

Autotrader[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, интернет пазарот Autotrader е казнет со $400 000 бидејќи користел нелиценциран софтвер од Adobe, Autodesk, Corel и Quest. Информацијата излегла на виделина кога еден исвиркувач ја објавил на сајтот www.nopiracy.org.[8]

Apple[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, анонимен исвиркувач открил дека одговорните лица во Apple биле запознаени со можниот проблем со антената на нивниот продукт Iphone 4, што можело да доведе до ненадеен прекин на повик. Но и покрај предупредувањето од инженерот Ruben Caballero, одлучено e да се почне со продажбата.[9]

Trailblazer[уреди | уреди извор]

Томас Ендрјус Дрејк(Thomas Andrews Drake) е уште еден исвиркувач кој ја открил измамата за проектот Trailblazer, неуспех кој чинел една милијарда долари. Тој 10 години работел во националната агенција за безбедност(NSA) и го изкажал своето незадоволство со исвиркување кога била извршена замена на стариот програм за собирање на податоци ThinThread со нов кој бил многу поскап и помалку безбеден.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]