Инфинитезимално сметање
Изглед
Во англиската математичка терминологија, под поимот калкулус (calculus), односно инфинитезимално сметање, се подразбира унија на диференцијалното и интегралното сметање. Оваа терминологија во македонскиот не е стандардна: овие две математички дисциплини не се именуваат заеднички со единствено име, туку се проучуваат само како делови на математичката анализа како гранка на математиката.
Во поново време употребата на оваа терминологија станува поочигледна, но и погрешна. Така, на пример, на Институтот за математика се изучува област од математиката наречена Математичка анализа, додека изучувањето на истиот материјал на Институт за информатика при истиот факултет е опфатен со предметот Калкулус.