Интервал на варијација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Интервал на варијација — разлика помеѓу најмалата и најголемата вредност на белегот во серијата.[1]

Предности на интервалот на варијација[уреди | уреди извор]

Оваа мерка на варијација се пресметува мошне едноставно, но не ги исполнува сите услови за добро искажување на варијабилитетот. Интервалот на варијација се пресметува врз основа само на две вредности на белегот притоа не земајќи го предвид распоредот и големината на останатите вредности на белегот.[1]

Недостатоци на интервалот на варијација[уреди | уреди извор]

Примената на оваа мерка на дисперзија е ограничена, иако се пресметува многу лесно. Покрај брзиот и едноставен начин на пресметка интервалот на варијација има неколку свои недостатоци:

зема предвид само две вредности т.е. само два члена на серијата, со најголема и најмала вредност

со обзир на тоа дека се работи за екстремни вредности тие можат да бидат многу оддалечени од основната конценрација на останатите вредности на серијата.[2]

Формула за пресметка на интервалот на варијација[уреди | уреди извор]

Интервалот на варијација се пресметува по следната формула :

Iv=Xmax-Xmin доколку податоците се неинтервални,т.е за негрупирани серии.

Iv=ak-a0 доколку податоците се интервални т.е за групирани серии.

Каде што:

Xmax - најголемата вредност на обележјето

Xmin -најмалата вредност на обележјето

ak -горна граница на последниот интервал

a0 -долна граница на првиот интервал[2]

Пример[уреди | уреди извор]

Во текот на една седница измерени се дневните просечни температури во степени целзјусови. Колкав е интервалот на варијација на дневната температура во текот на таа недела?

Понеделник -17,6

Вторник-19,8

Среда-17,9

Четврток-15,6

Петок-18,1

Сабота-15,1

Недела-18,3

Iv=Xmax-Xmin

Xmax=19,8

Xmin=15,1

Iv=19,8-15,1=4,7

Од примерот може да заклучиме дека интервалот на варијација изнесува 4,7 степени целзиусови.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Д-р Ристевски Славе, Д-р Тевдовски Драган (2010) Статистика за бизнис и економија, Економски Факултет - Скопје ISBN 978 – 608 – 212 – 009 – 6
  • Statistika za sociološka istraživanja / Snjezana Pivac, Ante Rozga - Split: Filozofskog fakulteta, 2006

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Д-р Ристевски Славе, Д-р Тевдовски Драган (2010) Статистика за бизнис и економија, Економски Факултет - Скопје ISBN 978 – 608 – 212 – 009 – 6
  2. 2,0 2,1 Statistika za sociološka istraživanja / Snjezana Pivac, Ante Rozga - Split: Filozofskog fakulteta, 2006