Инерстаден (Линшепинг)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Инерстаден Лишепинг
Инерстаден Линшепинг
Инерстаден Линшепинг ноќе (декември 2010 година)

Инерстаден е градска област која го вклучува центарот на градот Линшепинг. Тука се наоѓа комерцијалниот и културниот центар на градот, со продавници, ресторани, барови, трговски центар, музеи, цркви, библиотеки, спортски објекти и паркови. Тука се наоѓа и Тинербаксбедет, вештачко езеро со греење среде градот. Инерстаден има и основно училиште, градинки, центри за нега на стари лица, здравствени центри и специјализирана здравствена заштита.

Домувањето се состои речиси целосно од станбени згради, кои околу половина се изградени пред 1960 година. На 31 декември 2009 година, 10.654 луѓе живееле во областа. Мнозинството работни места во областа се во областите трговија, финансии и јавни услуги.

Во тек се неколку градежни проекти во внатрешноста на градот, вклучително и изградба на станбени области на постојниот паркинг во Тинербаксбадет. Области кои се граничат со Инерстаден се Васастаден, Хејдегерден, Рамшол, Танефорс, Источна Вала и Готфридсберг.

58°24′40″N 15°37′20″E / 58.41111° СГШ; 15.62222° ИГД / 58.41111; 15.62222