Иконоборство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Иконоборство (грчки εικονομαχία - икономахија), настан што ја зафатил Црквата во VIII и првата половина на IX век. Суштината на овој настан е отфрлање на почитта кон иконите. Резултатот од ваквиот став имал последица со исфрлање на иконите од храмовите и нивно уништување (грчки εικονοκλασία - иконоблазма; είκονοκλάστης - уништувач на икони) како несоодветен за христијанството. Иконоклазмот своите почетоци ги имал на Исток, во Сирија и Ерменија и се раширил низ Византиското Царство.