Изјава (информатика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Изјава или декларација (англиски: declaration) — средство за укажуање на назнака, тип и други аспекти од елементите на јазикот како променливи и функции. Се користи за да му соопшти на компајлерот за постоењето на елементите и ова е многу важно во многу јазици (како C) кои бараат променливите да бидат изјави пред да се употребуваат.

Во фамилијата на BCPL програмски јазици, какви што се и C++ и Java, можат да се укажуваат димензиите на променливата за да се изјаци скалар, низа или матрица. Во оваа област, изјавата (која го соопштува постоењето и содржините на елементот) и дефиницијата (која го овозможува спроведувањето) можат да бидат независни една од друга. Изјавите се направени во хедер (header) податотеките, кои се наменети да бидат вклучени во другите податотеки кои ги повикуваат и користат овие изјави, но немаат пристап до дефиницијата. Ако типот на дефиницијата не се совпаѓа со типот на изјавата за истиот елемент, тогаш компајлерот генерира грешка.

За променливите, дефинициите содржат вредности во област од меморијата која била резервирана за време на фазата на изјава. Кај функциите, дефинициите се застапени во нивното тело. Променливата или функцијата може да биде изјавена повеќе пати, но само еднаш е дефинирана. Динамичките јазици како JavaScript и Python овозможуваат редефинирање на функциите.

Изјавата е често користена за да се овозможи пристап до функции и променливи дефинирани во други изворни податотеки или библиотеки.

Еве некои примери на изјави кои не се дефиниции во програмскиот јазик C:

extern char example1;
extern int example2;
void example3(void);

Еве некои примери на дефиниции во C:

char example1;
int example2 = 5;
void example3(void)
{
 int x = 7;
}