Прејди на содржината

Знаме на Република Јемтланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знамето на Република Јемтланд

Знамето на Република Јемтланд било создадено во 1983 година од активистите Кент Бакман и Бо Оскарсон[1] како хоризонтална тробојка од сина, бела и зелена боја, симболизирајќи го небото, планините покриени со снег, и шумите.[1] Трите ленти ги симболизираат и провинциите на Република Јемтланд: Јемтланд, Херједален и Рагунда.[1]

На белата лента е стар печат што кралот Магнус Лагаботе од Норвешка му го подарил на Јемтланд во 13 век.[2][3] Печатот гласи SIGILLUM:COMMUNITATIS:DE:IEMThALANDIA, „печат на заедницата Јемтланд“ и прикажува две жени кои држат штит (некрунисан) со норвешкиот државен лав и двајца ловци со лакови кои ловат верверички на дрвјата. (Зимското крзно од верверички било важна стока во средновековниот период. Печатот бил во официјална употреба до 1570 година.[2]

Знамето нема правен т.е. официјален статус, но веќе е популарно во Јемтланд и меѓу Јемтландската дијаспора во Шведска. Републичките статуи ги означуваат 12 март, 16 јуни, 23 јули и 23 декември како денови на знамето:[1] На 23 јули се одбележува првото официјално веење на знамето во 1983 година, 12 март е национален ден, 16 јуни го одбележува денот на народното собрание укинато од шведската окупација во 17 век, а на 23 декември е „Масата на Сигурд“, локален празник кој првично славел светец кој сега е заборавен.[4]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Oscarsson, Bo. "Jamtlands Flagga", Jamtamot. Originally Published in Jamtlands Tidning 1983:2 (Uppsala). Retrieved on 27 October 2005.
  2. 2,0 2,1 Oscarsson, Bo. "The 13th century seal of Jamtland". Retrieved on 27 October 2005.
  3. Blaeu, Joan. ”Second Volume de la Geographie Blaviane, Contenant le III. IV. V. VI. & VII. Livre de l’Europe”. Amsterdam, 1667. ”Suede, qvi est Le III. Livre de l’Europe”: ”Des Provinces Nordlandiennes”: "De la Iempte".
  4. Faxén, Lars. "Den 23 december – sjulsmässdag". Nordisk tidskrift 1970:200.