Зимување во Јакобсфелд (филм)
„Зимување во Јакобсфелд“ (српски: Зимовање у Јакобсфелду) – југословенски филм од 1975 година, во режија на Бранко Бауер. Главните улоги ги толкуваат: Славко Штимац, Светислав Гонциќ и Слободан Перовиќ.[1]
Синопсис[уреди | уреди извор]
Две момчиња од партизанскиот одред се упатени на село за да презимат. Патем, едното момче се разболува, а другото оди во блиското германско село и таму се вработува како слуга. Ноќе, тоа го негува болното другарче кое е скриено во блиското мочуриште, а потоа го крие во шталата на газдата каде што слугува. Зимувањето трае сè додека не ги открие илегалната ослободителна организација која момчињата ги изнесува надвор од селото.
Наводи[уреди | уреди извор]
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Никулци за филм
- Југословенски филмови
- Српски филмови
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови од 1975 година
- Филмови на Бранко Бауер
- Филмови со Славко Штимац
- Филмови со Слободан Перовиќ
- Филмови со Светислав Гонциќ
- Филмови со Милан Срдоч
- Филмови со Данило Бата Стојковиќ
- Филмови за Втората светска војна