Збогување со есента (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Збогување со есента е роман напишан во 1925 година од полскиот писател Станислав Игнаци Виткјевич. Ова е едно од најпознатите негови дела. Бил издаден во 1927 година во Варшава.

Содржина[уреди | уреди извор]

Како главен лик во романот се појавува Атанази Базакбал, млад декадент, којшто низ целото дејство созрева и се осудува себе си на пропаст. Неговото пропаѓање го предизвикуваат разните експерименти, психички и физички. Иако се жени со Зосја Ослабендска, којашто потоа се самоубива поради изневерувањата на нејзиниот сопруг, тој е смртно заљубен во богатата еврејка Хела Бертс. Романот дава поглед кон иднината, ја разработува декаденцијата до најмалиот нејзин дел, претставувајќи ни го духот на тоа време. Овој метафизичко-филозофски роман е слика за пропаѓањето на индивидуалноста и раѓањето на колективизмот. Сите ликови во ова дело се обидуваат да ја најадат смислата на животот, трагајќи по Тајната на постоењето. Збогување со есента го пренесува читателот на другата страна од искривеното огледало на талентот на Виткјевич. Во тоа огледало ѕиркал цртајќи ги своите слики, а пишувајќи го својот роман видел како изгледа точно во него пошироката глетка на реалноста која го опкружува.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Станислав Игнаци Виткјевич, Збогување со есента , Скопје 2011