Прејди на содржината

Замок Брокинд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Замокот Брокинд
Брокинд околу 1700 година прикажан во делото на Ерик Далберг „античка и модерна Шведска“.

Замокот Брокинд е дворец, сместен јужно од Линшепинг во Естерјетланд, Шведска.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Наводно, Брокинд првично било село по име Бру пред да стане имот, кој припаѓал на семејството Бјелбо за време на средниот век. Брокинд првично бил место и тврдина со кула. Припаѓал на Бо Јонсон (Грип) во 14 век, а потоа и на семејството Нат ох Даг до 1706 година. Помеѓу 1562 и 1586 година, управувано е од бароницата Маргарета Грип (1538–1586).

Од 1706 година, имотот е во сопственост на членови на семејството Фалкенберг. Сегашната градаба е изградена во 1727-1731 година од Ана Марија Фалкенберг и го заменила средновековниот замок што изгорел во 1726 година. Неговата надворешност била сменета во 1838 година според цртежите на Абрахам Бенгтсон Нистрам (1789-1849).[2]

  1. „Brokind Slott“. Kammarmusik I Östergötland. Посетено на September 1, 2020.
  2. „Gårdens historia“. Brokind Slott. Посетено на September 1, 2020.

Други извори

[уреди | уреди извор]
  • Brokind i Nordisk familjebok (andra upplagan, 1905)
  • Lars Cnattingius (1962) Abraham Nyström och hans söner-en östgötsk byggmästarfamilj under 1800-talet (Stockholms högskola)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]