Завој (медицина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Завојот, исто така, се користи и во некои боречки вештини за да се спречи дислокација на зглобот.

Завој е парче материјал кој се користи за да се поддржи медицинско средство како што е преврска или лонгета, или самостојно да пружи подршка на телото. Исто така, може да се користи и за да ограничи дел од телото. При обилно крварење или при отровно каснување, важно е да се забави протокот на крвта. Тесните завои многу добро ја извршуваат оваа задача. Завоите се достапни во различни видови, од општи платнени појаси до специјално обликувани завои направени за одреден екстремитет или дел од телото. Честопати, во зависност од ситуацијата, завоите можат да се импровизираат со употреба на ткаенини, ќебиња или други материјали.

Во колоквијалниот американско-англиски, зборот „завој“ често се користи со значење на преврска која се става директно на раната, додека завојот само технички се користи за да ја држи преврската и не се става директно на раната.

Видови на завои[уреди | уреди извор]

Газа завој[уреди | уреди извор]

Газа завојот е во листата на фармакопејата на САД како вид во кој може да се најде хироскопна газа. Тој се прави од хидроскопна газа тип 1 во различна должина и ширина. Највообичаениот вид на завој е газа завојот кој претставува обичен проткаен појас од материјал или проткаен појас од материјал со телфа хидроскопна бариера со која се спречува лепењето за раната и кој, исто така, може да биде со различна должина и ширина. Газа завојот може да се користи скоро секаде, па и за да ја држи преврската на место.

Компресивен завој[уреди | уреди извор]

Терминот „компресивен завој“ опфаќа голем број на завои со различни начини на употреба.

Компресивни завои со мала еластичност се користат за екстремитети (обично за лечење на лимфедем или венски улкус). Овој вид на завој, откако ке се стави, може да се намали околу екстремитетот и затоа не создава притисок при мирување. Ваквиот притисок се нарекува притисок при мирување и се смета за безбеден и удобен при долготрајно лекување. Наспроти тоа, стабилноста на завојот создава голема отпорност на растегање при притисок од контракција на внатрешен мускул и движење на зглобовите. Оваа сила се нарекува работен притисок.

Компресивни завои со голема еластичност имаат својства многу да се растегнат односно нивната моќ за голема компресија лесно може да се прилагоди. Сепак, тие имаат и голем притисок при мирување и мора да се отстрануваат навечер или ако пациентот мирува.

Триаголен завој[уреди | уреди извор]

Познат и како марама завој, триаголниот завој е парче ткаенина во вид на правоаголен триаголник. Честопати доаѓа во комбинација со безопасни игли кои го држат на место. Може да се користи целосно како завој без да се одвитка, превиткан како обичен завој, или за специјални места, како на пример, на главата. Предност на овој вид завој е тоа што може да биде импровизиран и да се направи од парчиња материјал или од парче од маица. Извидниците го направија овој завој популарен со тоа што го користеа во нивните часови по прва помош. Тие носат марама завој во вид на марамче задно со нивната униформа. Кога се користи за да се направи завој за фрактури на хумерусот или подлактицата, најдобро е да се врзе средната точка. Треба да се опфати под лактот за да се обезбеди и ограничи понатамошното движење на раката. Потоа, се зема еден од подолгите краеви на триаголниот завој и се подвиткува под раката. Тогаш се повлекува над повреденото рамо и зад вратот. Другиот долг крај треба да е поставен над спротивното рамо и да се врзе со другиот крај на страничниот дел од вратот (а не на задниот дел од вратот поради притисокот кој му се наметнува). Треба да се обезбеди дека завојот ја покрива раката од лактот до или малку над дланката. За да бидете љубезни, можете да ставите нешто во дланката на лицето за раката да биде во функционална позиција.

Завој во вид на цевка[уреди | уреди извор]

Завојот во вид на цевка се става со помош на апликатор и се вплеткува во непрекинат кург. Се користи за да ги држи преврските или лонгетите на екстремитетите или за да овозможи поддршка при шинување и исчашување, а го сопира и крварењето.