Животен стил

Од Википедија — слободната енциклопедија

Животен стил е термин кој се употребува за опишување на начинот на кој една личност живее, кој оригинално потекнува од 1929 година, од австријскиот филозоф Алфред Адлер (анг. Alfred Adler). Сегашната, поширока смисла на овој збор, датира од 1961 година. Збирот на дејствија, како и самосвеста и чувството на припадност, кои се носители на овие дејствија, заедно употребени ја даваат дефиницијата на одреден животен стил. Овој термин е поопшто дефиниран кога се користи во склоп на политиката, маркетингот и издавачката дејност.

Животниот стил е карактеристичен јазол од дејствија кои имаат смисла, односно кои се логични и за самиот себе и за другите, во дадено време и место, вклучувајќи ги општествените односи, потрошувачката, занимавањето и облеката. Однесувањето и практиката во рамките на животниот стил се мешавина од навики, начини на изразување при вршењето на одредени активности и разумни постапки.[1]

Живот на висока нога

Личен идентитет[уреди | уреди извор]

Обично, животниот стил, исто така ги рефлектира поединечните ставови, вредности или погледи на светот. Според тоа, животниот стил претставува средство за градење на сопствена личност (свое "јас") и за создавање на културни симболи од кои произлегува личниот идентитет. Сепак, сите аспекти на животниот стил не се целосно самоволни. Околните општествени и технички системи можат да го ограничат изборот на животен стил кој ѝ е на располагање на единката, симболите со кои тој/таа е способен/способна да се претстави пред другите и личниот идентитет.

Не само дом, туку и животен стил

Во модерното општество, допирните точки меѓу личниот идентитет и секојдневното однесување, кое сигнализира одреден животен стил, стануваат нејасни. На пример, "здрав стил на живот" значи придржување до верувања и водење на активности кои вклучуваат трошење на помалку ресурси и произведување на помалку штетен отпад (т.е. помала стапка на јаглерод), и развивање на самосвест, како резултат на овие верувања и инволвирањето во овие активности. Некои коментатори тврдат дека, во современоста, камен-темелникот на конструирањето на животниот стил е потрошувачкиот пристап, кој нуди можност за создавање и понатамошно индивидуализирање на личноста, со различни дела или добра кои даваат знаци на различни стилови на живот.

Политика[уреди | уреди извор]

Во политиката, терминот животен стил, често може да се јави во улога на преносник на идејата дека општеството трпи различни животни стилови - од гледна точка што разликите во стиловите на живеење се површни, повеќе отколку егзистенцијални. Животен стил понекогаш се употребува пејоративно, со цел некои стилови на живеење да се маркираат како елективни или самоволни, спротивни на други стилови кои се сметаат за конвенционални, обични или нормативни.

Едноставниот стил на живот на номадите

Рекламирање и маркетинг[уреди | уреди извор]

Во бизнисот, "животните стилови" обезбедуваат средство со помош на кое рекламните и маркетинг агенти настојуваат да целат на и да ги успогласат аспирациите на потрошувачите со производите, или да создадат аспирации кои се однесуваат на новите производи. Оттаму, маркетинг агентите, врз основа на образецот од одлики кои се однесуваат на верувањата и постапките како дел од животните стилови, ги насочуваат истите кон трошење и потрошувачка. Овие обрасци се одразуваат на демографските фактори (навиките, однесувањата, вкусовите, моралните стандарди, економските нивоа итн.) кои дефинираат една група. Како двигател кој управува со луѓето, како потрошувачи, во интеракцијата со нивните светови, животните стилови се предмет на промена иницирана од маркетиншките и технолошките иновации.

Медиуми[уреди | уреди извор]

Во печатарската и телевизиската индустрија, "животен стил" се користи за презентирање на една категорија на публикации или програми.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Spaargaren, G., and B. VanVliet. 2000. ‘Lifestyle, Consumption and the Environment: The Ecological Modernisation of Domestic Consumption.’ Environmental Politics. 9(1): 50-75.