Ерменски поговорки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ова е список на ерменски народни поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.

Поговорки[уреди | уреди извор]

  • Денешниот збор е утрешен мост.
  • Кога меѓу луѓето не би имало магариња, цената на вистинските магариња би нараснала до баснословни износи.
  • Куќа без жена - воденица без вода.
  • Мечката рекла: „Од никого не се плашам, освен од двајца браќа!“
  • На гладната мачка глушецот нема да и помогне.
  • Полесно ќе направиш дупка во вода, отколку да извлечеш пари од скржавец.
  • Попот дознава што е смртта дури откако попадинката ќе умре.
  • Синчето се држи со две раце, а ќерката со една.
  • Страдањата биле дадени на карпите, но тие не издржале, па им ги препуштиле на луѓето.